За вакцинација против сезонски грип досега пријавени 58.012 граѓани, вакцинирани над 29.000


За бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавени 58 012 граѓани. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизацијата против сезонски грип и досега се вакцинирани над 29 000 граѓани, информира Министерството за здравство. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, […]

Меџити: За една недела против грип вакцинирани над 10.000 граѓани


Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, го посети вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип.   Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се одговорни за своето здравје и информирани дека вакцинација против сезонски грип […]

Министерот Меџити прими вакцина за сезонски грип: Граѓаните да се вакцинираат!


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје, соопштија од Министерството за здравство.   Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. […]

Ниедна вакцина во земјава не е примена во препорачаните 95 отсто


Препорачаниот опфат над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во Македонија и неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата, за да се знае оти токму вакцинацијата превенира многу болести. Ова е заклучокот од брифингот со новинарите насловен „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“, на кој учествуваа […]

ЕК одобри употреба на уште една адаптирана вакцина против Ковид-19


Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ.  Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19.  Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја […]

ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“


Европската комисија соопшти дека денеска ја одобрила употребата на новата адаптирана вакцина против корона вирусот на производителот „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“), во текот на есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 во земјите членки на ЕУ.  – Оваа вакцина означува уште една важна пресвртница во борбата против болеста. Тоа е трета адаптирана варијанта на оваа […]

ЕУ и „Фајзер“ конечно постигнаа договор за вишокот вакцини против корона


Европската унија и фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтех“ денеска објавија дека постигнале договор за измена на договорот за набавка на вакцини против Ковид-19, со што се намалува количината што ЕУ мора да ја купи и се поместува рокот за испорака до 2026 година, но деталите од договорот не се познати. Договорот меѓу двете страни беше […]

Ѓоковиќ без вакцина нема да може да игра на УС Опен?


  Примена вакцина против Ковид-19 и понатаму ќе биде услов за влез во Соединетите Американски Држави. Ова е најновото неофицијално соопштение на Американската здравствена комисија. Тоа значи дека доколку не ја откажат оваа мерка, Новак Ѓоковиќ и годинава нема да може да учествува на УС Опен и другите турнири од американската серија. Се очекуваше оваа […]

Кампања за придобивките од навремена вакцинација по повод Европската недела на имунизација


По повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија, известуваат од Министерство за здравство. – Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини (120 населени места, рурални […]

Гана е првата земја што ја одобри вакцината што ќе го „промени светот“


Гана е првата земја која одобри нова вакцина против маларија која научниците кои ја развиле, а  ја опишуваат како инјекција што го менува светот, објави Би-Би-Си. Вакцината, наречена R21, се чини дека е неверојатно ефикасна во споредба со претходните вакцини во истата област. Регулаторите за лекови во Гана ги оценија конечните резултати од истражувањето за […]

Вакцината против рак и срцеви болести ќе биде „готова до крајот на декадата“


  Милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерен сет на нови вакцини за низа состојби, вклучително и рак, велат експертите. Водечка фармацевтска фирма рече дека е уверена дека лековите за рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести и други состојби ќе бидат готови до 2030 година. Студиите за овие вакцини, исто така, покажуваат „огромно ветување“, […]

Австралија воведува петта доза од вакцината против Ковид-19


Во текот на овој месец Австралија ќе воведе петта доза од вакцината против Ковид-19 за сите граѓани на возраст над 18 години, кои досега не се заразиле со коронавирус или не биле вакцинирани во изминатите шест месеци, изјави министерот за здравство Марк Батлер. -Одлуката го проширува правото на довакцинација на околу 14 милиони лица, што […]

Предложени законски измени со кои се забранува влез на невакцинирани и непрележани лица во затворени објекти


Комисијата за европски прашања ја одложи денешната седница на која требаше да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на население од заразни болести.  Седницата е одложена за 14 декември, согласно распоредот на веб-страницата на Собранието. Според Предлог законот, во случај на појава на заразна болест, се предлага забрана за влез во објекти за […]

Француската влада повика на вакцинација против корона вирусот


Француската влада денеска побара од граѓаните да примат дополнителни дози од вакцината против коронавирусот пред новогодишните празници и препорача носење маски во јавниот превоз. Бидејќи епидемијата на коронавирус повторно владее во Франција, но и во соседните земји, надлежните сметаат дека е потребна дополнителна доза, бидејќи е евидентирана и епидемија на грип и на бронхитис. Француското […]

Опасностите од невакцинирање на децата се пофатални од привремените реакции по вакцинирањето


Опфатот на вакцинација кај децата до пред ковид пандемијата изнесуваше околу 95 проценти, но изминатите две години тој бележи пад. Поради раздвиженоста од една во друга држава, невакцинираните деца се на некој начин загрозени да дојдат во контакт со болести што веќе се искоренети, вели д-р Катерина Ставриќ, директорката на Клиниката за детски болести. На […]

ЕК одобри седма вакцина против Ковид-19


Европската комисија даде зелено светло за нова вакцина на европскиот пазар, произведено од Санофи и ГСК. Вакцината на Санофи и ГСК е базирана на протеин и од сега има дозвола за влез на пазарот на ЕУ како бустер доза во борбата против корона вирусот. Европската комисија, врз основа на научното мислење на Европската агенција за […]

Фајзер и БиоНТех ќе тестираат комбинирана вакцина против Ковид-19 и грип


Американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер БиоНТех СЕ ќе тестираат комбинирана вакцина против коронавирус и грип. Испитувањето се спроведува во САД, а компаниите сакаат да регистрираат 180 волонтери на возраст од 18 до 64 години. Првиот учесник во студијата прими доза оваа недела. Ривалите Модерна Инк и Новавакс Инк исто така развиваат комбинирани вакцини […]

Од утре почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население


Министерството за здравство соопшти дека од утре (19 октомври) почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи население во центрите за јавно здравје низ државата и нивните подрачни единици по градовите. Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk, а досега се веќе пријавени над 27 илјади граѓани. Во текот на вчерашниот […]

Европското обвинителство ја истражува набавката на вакцината против Ковид-19 во ЕУ


  Европското јавно обвинителство (ЕППО) денеска на Твитер потврди дека спроведува истрага за набавката на вакцини против Ковид-19 во Европската унија. ЕППО не соопшти ништо подетално од тоа, а оваа порака ја објави на Твитер, додавајќи дека „оваа исклучителна потврда доаѓа по исклучително високиот интерес во јавноста“. Набавката на вакцината против Ковид-19 се одвиваше заеднички […]

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи


 Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен […]