Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот


Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори […]

Османи: Преговорите со ЕУ имплицираат длабока трансформација на општеството


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања се сретна со вишиот заменик- генерален директор на одделот за Блискиот Исток и Европа во рамките на Јапонската агенција за меѓународна соработка, Чи Миуахара. Од Кабинетот на вицепремиерот информираа дека Миуахара го информирала Османи за приоритетните области на […]

Османи за името: Ова се последни метри на 25-годишниот маратон


Наредните часови ќе бидат клучни за резултатот преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот околу името, но прерано е се уште да се каже каков ќе биде исходот, изјави денеска вицепремиерот а еворпски прашања Бујар Османи. – Сметам дека ова се последните метри на еден 25 годишен маратон. Обично последните метри се најкритични […]

Османи: Важно е да се задржи довербата помеѓу Скопје и Атина


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју за МИА нагласува дека е важно да се задржи довербата меѓу Македонија и Грција во процесот на преговори за решавање на спорот за името. – Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен […]

Османи: Наредните часови, клучни за исходот од преговорите


Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите и се надевам дека евентуално позитивниот исход ќе создаде атмосфера за продлабочување на односите меѓу Македонија и Грција, како и услови за забрзано продлабочување на евроатланската перспектива на Македонија. Ова го […]

(Фото) Кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“


Европското движење во Република Македонија во кафулето „Тренд“ , организираше кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“. На оваа тема дебатираа Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, Претседателот на Француското европско движење, Ив Бертончини, […]

Османи: Историската мисија за обединета Европа е наша стратешка цел


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска имаше средба со делегација на Паневропското движење од Германија и Австрија, кои се во неколкудневна посета на Република Македонија, соопшти Секретаријатот за европски прашања. – Паневропската идеја за обединета Европа веројатно претставува една од најпрогресивните и најблагородните идеи на минатиот век, која сè уште ја […]

Османи: Македонија доби позитивен извештај со чиста и безусловна препорака


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалната мрежа „Фејсбук“ оценува дека Македонија доби исклучително позитивен извештај од Европската комисија со чиста и безусловна препорака. Како три клучни позиции што ја отсликуваат суштината на Извештајот, вицепремиерот Османи ги посочува политичките критериуми, подготвеноста за членство според економските критериуми и имплементацијата […]

Османи: По извештајот и препораката, очекуваме датум за преговори


Извештајот на ЕК во кој Македонија доби чиста препорака за почнување преговори за членство е патоказ кој ни покажува во кој правец понатаму треба да се движиме. Во Извештајот има позитивни, но и негативни забелешки, а нашата нова цел е мошне блиску. Тоа е јунскиот Самит на ЕУ каде очекуваме да добиеме датум за почеток […]

Османи: Продолжуваме со реформската агенда се до полноправно членство во ЕУ


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со делегација на Република Чешка предводена од потпретседателот на чешкиот Сенат, Јири Шестак, на која накусо се осврнал изминатите девет месеци во кои Македонија успеа да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, и притоа истакнал дека очекува тоа да биде валоризирано. Средбата, како што се истакнува […]

Ало докторе: Османи од клиника со дијагноза за планот 3-6-9


Вицепремиерот Бујар Османи објави видео на социјалните мрежи со кое се пофали дека конечно отворил профил и на истаграм. „Подобро никогаш отколку некогаш“, пишува Османи во постот за видеото каде што тој облечен во лекарска униформа и, веројатно, од својата ординација во Клиничкиот центар зборува за евроинтеграциите на Македонија и за планот 3-6-9. Османи, коj […]

ДУИ не е за референдум за името да не стане дневно-политичка тема


Има разлики меѓу СДСМ и ДУИ околу најавуваниот референдум за името кога ќе се постигне договор со Грција, посочија денеска премиерот Зоран Заев и неговиот заменик Бујар Османи, на брифинг со новинари. Сепак, тие рекоа дека тоа не е проблем за коалицијата и дека е нормално да има различни мислења за кое било прашање околу […]

Се бара начин како да се заобиколи Иванов за Закон за јазици


Постојат други начини за Законот за употреба на јазиците да стапи во сила и без потпис на претседателот Ѓорге Иванов, изјави вице-премиерот Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинари. Тој рече дека во насока на деблокада на регулативата за јазиците се консултираат експерти и правници и се разгледуваат компаративни искуства за вакви ситуации. Но, Османи, […]

Османи: Процесот на преговори целосно транспарентен, дури и за нејсензитивните прашања


Процесот на преговори во последните месеци го карактеризираат транспарентност и инклузивност. Нема информација во целиот процес на преговори, дури и најсензитивната, која јас не ја знам, а ја знае премиерот Зоран Заев или не ја знае Али Ахмети или Христијан Мицковски или Ѓорге Иванов. Значи целосно транспарентен процес, дури и за нејсензитивните прашања, бидејќи сметаме […]

Османи: Реализирани над 90 отсто од Планот 3-6-9, очекуваме чиста препорака


Македонија успеа да испорача исклучително поволна реформска агенда во изминатите девет месеци и е повторно вратена на европскиот пат. Ова е пораката што на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи му била пренесена во разговорите со претставници на Европската комисија за време на вчерашната посета во Брисел. Тој истакна дека Планот 3-6-9 е реализиран над […]

Османи утре на средба со Могерини во Брисел


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини. Како што соопшти Секретаријатот, Османи во рамки на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на […]

Османи: Велигден, симбол на солидарноста, добрината и пред се надежта


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со видео порака денеска на православните христијани им го честита празникот Велигден. Честитајќи им го Велигден на, како што наведува вицепремиерот, православните Македонци и Албанци и сите други што го слават, во духот на заедништвото ги посакува вредностите на солидарност, на добрина и на надеж, кои овој ден ги симболизира. […]

Од Скопје до Приштина по новиот автопат ќе се патува за помалку од еден час


Со изградбата автопатот Скопје-Блаце и негово поврзување со автопатот Приштина-Блаце, чија изградба е во тек, временското поврзување меѓу Скопје и Приштина ќе се намали од преку два часа на помалку од еден час. Ова го истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој претседаваше со првиот Министерски состанок, на кој се разгледаа можностите […]

(Видео) Османи очекува чиста препорака за преговори со ЕУ


Валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, очекува вицепремиерот Бујар Османи од претстојниот Извештај на Европската комисија (ЕК). Тој го соопшти ова преку својот фејсбук профил, во видео – обраќање на македонски јазик, под кое оди пишан превод на албански, нагласувајќи дека комуникацијата на двата јазика е […]

Османи: Заедничката владина седница круна на односите меѓу Македонија и Косово


Деталите и информациите во насока на подготовката за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Косово разменија денеска вицепремиерот задолжен за европски прашња Бујар Османи и косовскиот заменик-премиер Енвер Хоџај. На седницата се очекува да се потпишат повеќе договори за меѓусебна соработка, како и да се донесат повеќе одлуки околу иницијативи за проектите од […]