Скопје очекува храбар политички чекор од Софија


Во пресрет на почетокот на Советот за општи работи денеска во Брисел Скопје со порака дека блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана и создава недоверба во целиот регион. Се очекуваат храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Република Бугарија, но и од останатите партнери во […]

Османи: Во интерес на Скопје и Тирана е да одат заедно на патот кон ЕУ


Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија. – Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од […]

Османи на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе го брани датумот за почеток на преговорите со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска пред студентите на Универзитетот „Мајка Тереза“, ќе ги брани образложенијата зошто на Република Северна Македонија треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Предвидено е настанот да биде комплетна симулација на состанокот на Европскиот совет која, заедно со Вицепремиерот, ќе ја изведат […]

Османи во посета на Словенија


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Словенија. Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе има средба со заменик претседателот на Владата на Словенија и министер за надворешни работи, Миро Церар, на која ќе бидат отворени темите поврзани со евроатлантските интеграции […]

Османи: Следат најважните месеци од нашиот процес на евроинтеграции


Мора да останеме фокусирани на испорака на реформската агенда на Владата имајќи предвид дека следат најважните месеци од нашиот процес на интеграции и доаѓа месецот кога ќе се потврди одлуката за отпочнување на преговори со Европската Унија, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи пред почетокот на седницата на Работниот комитет за европски интеграции. […]

Османи во Вашингтон – средба со претставници на УСАИД


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на неколкудневниот работен престој на Вашингтон, ја посети централата на УСАИД во Вашингтон, каде имаше средба со Маргот Елис, заменик виш администратор за Европа и Евроазија, а ги посети и централите на најголемите американски меѓународни институти, каде се сретна со Пол МекКарти, регионален директор за Европа […]

Координативен состанок за план за имплементација на Законот за јазици


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска свика координативен состанок со претставници од повеќе ресори и институции, со цел координација, следење и известување за текот на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците. Како што информира Секретаријатот за европски прашања, Османи на средбата истакнал дека имплементацијата на Законот за јазици е комплексна и обемна операција, […]

Македонија го почнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24


Белгија- Македонија денеска го започнува подготвителниот скрининг за Поглавјето 24 насловен „Правда, слобода и безбедност“. Македонската делегација во Брисел ја предводи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во својство на главен преговарач  и шеф на државната делегација за преговори со ЕУ. Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, за време на посетата, Османи ќе одржи и […]

Османи во посета на Атина, во Скопје ќе се врати со првиот лет Атина-Скопје


Грција– Со средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос, ќе ја започне работната посета на Атина, заменик Претседателот на Владата, Бујар Османи, по што во Скопје ќе се врати со првиот лет од грчката до македонската престолнина, воспоставен по пауза од над 10 години. Катругалос и Османи […]

Османи: ДУИ во моментов размислува само за планот А


–За ДУИ е најважно да заврши процедурата во Собрание за уставните измени. Тоа го викаме план А, а планот Б е доколку се исцрпат можности од планот А. Тогаш ќе имаме предвремени избори, истакна денеска заменик-претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Ние сметаме, посочи, дека 99 отсто од времето, енергијата и нашиот фокус […]

Вицепремиерот Бујар Османи осомничен во „Пациент“ – го оштетил буџетот за 500.000 евра


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи е меѓу осомничените во истрагата „Пациент“ и се товари дека како министер за здравство одобрил незаконски јавни набавки за градежни работи во повеќе болници низ Македонија со што го оштетил буџетот од 500 илјади евра. Наместо да изберат најповолна понуда, ја избрале фирмата ГБС Благоевград, иако била поскапа од […]

Шест нови истраги на СЈО – на удар Ставрески, Јанушев…, но и Бујар Османи


Специјалното јавно обвинителство отвори шест нови истраги со кои се опфатени неколку десетици  поранешни, но и актуелни државни и партиски функционери.  Во овие истраги, како што соопштуваат од СЈО,  станува збор за основано сомнение за предизвикана финансиска штета на државниот буџет во износ од речиси 80 милиони евра. Соопштението на СЈО го пренесуваме во целост. ПОДАРОК […]

Османи на средби со граѓани во Чаир


Власта да биде поблиска до граѓаните и да ги чуе секојдневните потреби и проблеми на граѓаните, требаше да овозможат денешните средби на владини министри и функционери од ДУИ со граѓаните во општина Чаир. „Некогаш сметаме дека Владата е само за големи прашања и бројки, а на граѓаните им се важни секојдневните мали прашања и проблеми […]

(Фото) Докторираше и Бујар Османи


Вицепремиерот Бујар Османи вчера ја одбрани докторската дисертација на тема рак на дебело црево. „Ви благодарам за честа! Овој ден е круна на мојата повеќегодишна напорна работа. Науката претставува соочување со предизвици!“, напиша Османи на неговата Фејсбук страница. На одбраната на докторатот присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, […]

Бујар Османи ќе биде шеф на преговарачкиот тим со ЕУ


Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, по тематската владина седница посветена на скрининг процесот за почеток на преговорите со ЕУ. -Владата го назначи Бујар Османи за главен преговарач за ЕУ, за негов заменик ќе […]

Османи политички, Маричиќ технички преговарач со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе биде шеф на политичкиот преговарачки тим во скрининг процесот на Европската комисија. Задолжен за техничкиот дел од процесот ќе биде советникот на премиерот Бојан Маричиќ, јави Телма. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски ни изјави дека одлуката околу преговарачите со ЕК ќе биде донесена на утрешната владина седница. Скрининг процесот […]

До 17 јули ќе се знаат имињата во преговарачкиот тим со ЕУ


До 17 јули Македонија треба да го формира преговарачкиот тим со ЕУ, кој ќе има политички и технички преговарач. Имајќи предвид колку долго Македонија ја очекуваше оваа одлука за датум за почеток на преговорите, според Османи нашата администрација е најподготвена да одговори на преговорите. Но, сепак тој посочува дека не смета дека сме апсолутно подготвени […]

Османи два пати бил кај Иванов


Вицепремиерот Бујар Османи денеска побара од претседателот Ѓорге Иванов да биде конструктивен и да се вклучи во процесот за европска иднина на Македонија и ја повика опозицијата, како што рече, да каже на која страна е во овие историски моменти. Османи на прес-конференција во СЕП кажа дека два пати бил кај Иванов на разговори, но […]

Османи: На 17 јули Хан доаѓа во Скопје, почнува скрининг процесот


По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на […]