На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел


На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк на безбедносниот персонал. Се очекува да бидат погодени околу 50.000 патници. Аеродромот ќе прифати само некои од планираните слетувања, објавија локалните медиуми.

Мицкоски го виде Брисел, и Брисел го виде него


Мицкоски го виде Брисел, а и Брисел го виде него – е кратко кажано заклучокот од првата посета на премиерот на ЕУ од која се очекуваше многу, во смисла да открие како ќе ги продолжи преговорите за членство во Унијата и како ќе го оствари ветувањето – дека ќе издејствува подобар договор со Бугарија.  Она […]

„Ауди“ ја затвора фабриката во Брисел


Германскиот производител на луксузни автомобили Ауди ја објави продажбата на својата фабрика во Брисел и бара потенцијални инвеститори, изјави шефот на производство Герд Вокер. Во почетокот на јули, Volkswagen Group, чадор-компанија на Audi, навести дека може да ја затвори фабриката на Audi во Брисел поради големиот пад на побарувачката за луксузни електрични автомобили. Volkswagen додаде […]

Мицкоски оди на ручек со Лајен во Брисел, ќе го однесе и предлогот за спорот со Бугарија


  Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денес ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој, заедно со лидерите од Западен Балкан ќе присуствува на ручек организиран од претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен и ќе оствари состанок […]

Судири меѓу полицијата и земјоделците во близина на институциите на ЕУ во Брисел


Земјоделците кои денеска протестираа во Брисел попладнево се судија со полицијата во близина на плоштадот „Шуман“ во Брисел, каде што се наоѓаат зградите неколку институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ. За да ги одбие насилните земјоделци полицијата употреби водени топови и солзавец. Засега нема информации за евентуално уапсени […]

Белгиската полиција со солзавец и водени топови ги растера земјоделците во Брисел


Бриселската полиција употреби солзавец за ги спречи незадоволните земјоделци да ги пробијат полициските барикади и да се упатат кон плоштадот „Шуман“ во Брисел, каде што се наоѓаат зградите повеќе институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ. Според полицијата, до инцидентот дошло кога неколку трактори се обиделе да ги пробијат […]

Нов протест на земјоделците во Брисел


Неколку земјоделски организации за денеска закажаа нов протест на земјоделците во Брисел, трет од почетокот на годината. Повод за протестот е денешното заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ.  Како организатори на протестот се јавуваат меѓународната организација Виа Кампесина (Селски начин) со седиште во францускиот град Бањоле и белгиската валонски здруженија Федерацијата на […]

Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента


Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција. Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен […]

Патниците избраа: Еве кој аеродром е најлош, а кој најдобар


Аеродромот Шарлроа, позната дестинација за нискобуџетните авиокомпании поради близината до Брисел, е најлошиот аеродром во светот според патниците, објави порталот Бизнис фајнансинг, пренесе Хина. Иако овој аеродром, официјално наречен Брисел Југ Шарлроа (Bruxelles South Charleroi), е оддалечен 50 километри или 45 минути возење со автобус од европската престолнина, тој има лоша репутација меѓу деловните патници […]

Хаос во Брисел: Демонстрантите запалија гуми, полицијата активираше водени топови


Огромен конвој трактори го блокира Брисел во понеделникот, заглавувајќи го сообраќајот во градот додека земјоделците протестираа против зелената политика на ЕУ. Стотици белгиски земјоделци се упатија кон кружниот тек Шуман, каде што денеска се состануваат министрите за земјоделство на ЕУ Земјоделците во неколку земји, вклучително и Франција, Италија и Шпанија, протестираат против еколошките политики на […]

Директори им се деца, а седиштето во древeн Египет: Бизарниот свет на лажни компании го плаши Брисел


Мудис прочешла милиони компании и поединци во потрага по сомнителни податоци и дошол до бизарни податоци. На пример, илјадници компании кои дури котираат на берзите ги водат директори помлади од пет години, а на една од белгиските компании на чело е лице постаро од 900 години. Иако, таквите грешки може да се појават во брзината […]

Џафери во Брисел на средби со Шарл Мишел и фон дер Лајен


Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Брисел, денеска ќе се сретне со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.  На оваа своја прва работна посета во странство по стапувањето на премиерската должност, Џафери е придружуван од првиот […]

„Европскиот кварт“ на Брисел под опсада на незадоволните земјоделци


Земјоделци од Белгија, но и од неколку други членки на ЕУ, како Италија и Шпанија, со околу 1.300 трактори денеска го блокираа т.н. „Европски кварт“ на Брисел, дел од градот каде што се сместени институциите на ЕУ.  Полицијата спречи пристап до реонот околу самите згради на Унијата, но демонстрантите ги блокираа околните улици и плоштади.  […]

Може ли некој да ја запре кралицата Урсула фон дер Лајен?


Минатата година за кратко време, се чинеше дека кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија може да биде во неволја. Во непланираното патување во Израел во октомври таа застана до Бенјамин Нетанјаху и изрази безрезервна солидарност во битката на земјата против Хамас. Нејзината изјава ќе беше на место […]

Пукање во центарот Брисел, четири лица повредени


Четири лица се повредени вечерва при покотница на авенијата „Тоазон Д’Ор“, една од главните шопинг улици во центарот на Брисел. Според полицијата, најверојатно станува збор за криминална пресметка. – Добивме пријава за пукотница на „Тоазон Д’Ор“ околу 19:30 часот. Нашите полицајци веднаш излегоа на местото на настанот и го блокираа реонот, изјави портпаролката на бриселската […]

Уапсен маж во врска со напаѓачот од Брисел


Во Франција е уапсен маж поврзан со напаѓачот кој уби двајца Швеѓани во Брисел. Француските специјалци вчера уапсија маж недалеку од центарот на градот, а при апсењето не нашле огнено оружје, туку само му ги одзеле дигиталните уреди како телефони и компјутери. Уапсениот, за кој се верува дека е од туниска националност, како и убиецот […]

Поради синоќешниот напад во Брисел одложен скринингот по Поглавјето 11


Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет. Како што информира шефицата на македонската делегација на скринингот, заменик главен преговарач […]

Убиен напаѓачот од Брисел, се трага по уште едно лице


Мажот осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и пронајдено е автоматското оружје со кое е извршен нападот, соопшти претпладнево белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.  Полицијата трага по уште едно лице, но нејасно е каква е неговата поврзаност со нападот. – Имаме добра вест дека го […]

Две лица убиени во вооружен напад во Брисел, напаѓачот во бегство


 Две лица се убиени вечерва во Брисел од истрели од огнено оружје, а осомничениот е во бегство, изјави претставник на обвинителството во белгискиот главен град. Според видеото објавено на порталот на фламанскиот весник „Het Laatste Nieuws“, напаѓачот облечен во флуоресцентен портокалов елек бил на мотор и побегнал откако отворил оган од автоматска пушка. Медиумите објавија […]

Мигранти од Конго ги „окупираа“ поранешните простории на Македонската амбасада во Брисел


 Неколку десетици мигранти по потекло од Конго упаднаа во просториите каде порано беше сместена Македонската амбасада во Брисел.  Станува збор за објект, кој согласно Договорот за сукцесија на имотот на поранешна Југославија, им припадна на Северна Македонија и Хрватска.    Бриселските власти преговараат со организаторите на „окупацијата“, здружението Волонтери за интеграција на лицата без регулиран […]