Суспендиран тинк-тенкот на Орбан во Брисел


  Десничарски тинк-тенк со врски со поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е суспендиран од базата на податоци на ЕУ за лобисти и кампањски групи, откако беше обвинет дека не открил финансиски информации, вклучително и изворите на финансирање. Во е-пошта испратена до групата од секретаријатот на Регистарот за транспарентност на ЕУ, која ја виде „Политико“, надзорниот […]

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел


Младинските протести во Брисел вчера прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, пренесе ДПА. Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства, јави репортер на агенцијата. Протестот е организиран како реакција на полициското насилство […]

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)


Во Брисел, главниот град на Белгија, денес избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите против планираните реформи во образовниот систем, јавија белгиските медиуми. Повеќе од 1.000 луѓе, претежно млади демонстранти, се собраа пред железничката станица „Брисел Централ“ за да протестираат против планираните реформи во образованието во франкофонската федерација Валонија-Брисел, а низ целиот […]

Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграциите


 Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој […]

Во Белгија штрајк на контролорите на воздушниот сообраќај


Летовите  кон и од Белгија денеска ќе биде прекинат од 14 часот по локално време поради штрајк на вработените во компанијата за контрола на воздушниот сообраќај „Скајс“. Штрајкот на контролорите на воздушниот сообраќај синоќа веќе предизвика сериозни нарушувања во воздушниот транспорт. На аеродромот „Шарлроа“ беа откажани 30 патнички летови, а на аеродромот во Лиеж беа […]

Железничката станица во Брисел евакуирана откако се пронајдени сомнителни пакети


Железничката станица и метро станицата Брисел-Миди беа евакуирани вечерва откако беа пронајдени два сомнителни пакети на два одделни перони. Федералната полиција соопшти дека еден пакет е пронајден на перон 20, а другиот на перон 18 околу 17:20 часот, што доведе до евакуација на железничкиот и метро дел од станицата како мерка на претпазливост. Целиот железнички […]

Протест во Брисел поради „600 дена без Влада“


Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024. Протестот се одржува на […]

Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди


 На дизел возилата што ги исполнуваат стандардите Еуро 5 и возилата на бензин со стандардите Еуро 2 од 1 јануари 2026 година ќе им биде забрането движење во регионот на Брисел, соопшти бриселската Регионална агенција за животна средина. Агенцијата информира и дека за ваквата забрана ќе испрати писма со предупредување до сопствениците на возила што […]

Земјоделски протести во Брисел


На денот на одржувањето на Самитот на ЕУ кој се оценува како клучен за обезбедувањето финансирање на Украина, во Брисел се одржуваат протести на земјоделците од целата Европска Унија со барање за поголем земјоделски буџет, посилни трговски заштитни мерки за земјоделството и помали ограничувања за земјоделското производство. Организаторите очекуваат на протестот да учествуваат околу 10.000 […]

Јаневска во Брисел: Реализирани се над 80% од задачите во Акцискиот план 2024-2025


Владата е цврсто определена да ја имплементира Стратегијата за паметна специјализација на Македонија која ќе овозможи да изградиме општество базирано на знаења и иновации, а Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија останува наш најважен партнер во исполнувањето на целта. Благодарни сме за досегашната поддршка и ги прифаќаме сите сугестии за унапредување на идните политики поврзани […]

Бриселскиот аеродром одново привремено затворен за сообраќај поради дрон


Воздушниот простор над аеродромот „Зевентем“ во Брисел синоќа одново беше затворен за сообраќај околу 40 минути, откако над аеродромскиот комплекс бил забележан дрон.  Според белгиската Контрола на воздушниот сообраќај, воздушниот сообраќај на аеродромот бил прекинат околу 21:20 часот, по што е возобновен нешто по 22 часот.  Контролата информира дека предвидените полетувања од аеродромот биле само […]

Недостиг на лекови во Европа


Недостигот на лекови станува сè посериозен проблем низ целата Европска унија, предизвикувајќи фрустрација кај аптекарите и пациентите, а притисок врз јавноздравствените системи. Во Белгија, полиците на веледрогериите се празни како никогаш досега, што го одразува европскиот тренд на хронична нестабилност во снабдувањето со лекови. „Често недостигаат десетици различни лекови во исто време, што ни го […]

На Европскиот парламент му се случува „Скопјегејт“, Бугарија го враќа ударот?


  Порталот „EUalive“ објави долг извештај за случувањата околу извештајот на Томас Вајц во Европскиот парламент, кој треба да биде разгледуван утре, а во кој се тврди дека „странска влада“, т.е. Македонија влијаела недозволиво на неговата содржина и дека тоа покренало бран обвинувања и реакции од бугарските европарламентарци и од Софија, па и барања за […]

Брисел ги повика американските професори и научници да дојдат во ЕУ, им нуди поддршка од стотици милиони евра


Европската Унија одлучи да обезбеди стотици милиони евра за зајакнување на универзитетската слобода и привлекување професори и научници од целиот свет, особено од САД, каде што започна „одливот на мозоци“ поради потиснувањето на слободата на образованието и науката од страна на владата во Вашингтон, објавија францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула […]

Студентите-маратонци од Србија кои „патуваа за правда“ до Брисел ќе се сретнат со Кос и Мекграт


Српските студенти кои попладнево треба да пристигна во Брисел како дел од штафетниот маратон „Од Нови Сад до Брисел – Патување од 1.950 километри за правда“ в четврток ќе се сретнат со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкал Мекграт, соопшти портпаролот на Европската комисија за […]

Нова акција на студентите во блокада: Трчаат од Нови Сад до Брисел


Штотуку нивните колеги стигнаа со велосипеди во Стразбур, студентите во блокада најавија нов потфат – дел од нив ќе трчаат во штафетна трка од Нови Сад до Брисел, каде во мај ќе се одржи седница на Европскиот парламент, а на дневен ред ќе се расправа за ситуацијата во Србија. Во петок, на 25 април, 16 […]

Белгиски медиуми: Ќе се продаваат државни удели во компании за да соберат средства за одбрана


 Белгија планира да продаде удели во неколку банки, поштата и најголемата телекомуникациска компанија во државата за да собере средства за зголемени трошоци за одбраната, јавија локалните медиуми. Белгија моментално троши 1,3 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана и планираше да достигне 2 отсто до 2029 година. Промените во меѓународната средина ја принудија […]

Еден загинат во четврта престрелка за три дена во Брисел


Еден маж е убиен рано изутринава во нов оружен инцидент во бриселската населба Андерлехт, кој, според локалните власти, е поврзан со шверц на дрога, јави дописникот на МИА од Брисел. – Околу 4 часот утрово одново се пукаше во Андерлехт. Има едно загинато лице, маж кој допрва треба да биде идентификуван, изјави претпладнево портпаролката на […]

Брисел го задржува здивот пред првиот потег на Трамп


Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување. Реакцијата на огнениот инаугуративен говор на Трамп од ходниците на Европската комисија во Брисел е пригушена. […]

Властите во Белгија следната година почнуваат информативна кампања за да ги подготват граѓаните за дејствување во случај на криза


Властите во Белгија следната година започнуваат информативна кампања за да ги подготват граѓаните за дејствување во случај на криза, објавија локалните медиуми. Целта е општеството да биде поотпорно и луѓето да знаат како да бараат засолниште, да се евакуираат и што да прават во случај на итност. Објаснето е дека кампањата е поврзана со војната […]