Нејмар по три месеци пауза се врaти со гол против Хрватска (ВИДЕО)


Бразил ја совлада Хрватска со 2:0 на денешната пријателска средба која се одигра на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул. Во фокусот на вниманието на средбата беше Нејмар, кој по три месеци пауза заради повреда го одигра првиот натпревар. Тој влезе во вториот дел, а во 69 минута постигна атрактивен гол минувајќи со леснотија неколку играчи на […]

Издаден налог за апсење на поранешниот бразилски претседател Лула да Силва


Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва. Налогот е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција. Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден […]

Бразил ја декласираше Русија среде Москва


Бразил убедливо ја совлада Русија на пријателскиот натпревар на „Лужники арената“ во Москва. Иако првото полувреме заврши без голови на бразилските фудбалери им беа потребни тринесетина минути во второто полувеме за постигнат триумф од 3:0 против домаќинот на Светското првенство. Миранда во 53 минута го постигна водечкиот гол, а девет минути подоцна Кутињо погоди од […]

Поранешниот бразилски претседател вели дека е подготвен да оди во затвор


Поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе објави книга во која пишува дека е „подготвен“ да замине в затвор и да ја отслужи казната од 12 години и еден месец поради корупција. Неговата книга „Вистината ќе триумфира: Народот знае зошто ми судат“ ќе се најде во продажба вечерва во Сао Паоло. Пресудата за […]

Филмски грабеж: За 6 минути украле 5 милиони евра од авион на „Луфтханза“


Криминална банда украла 5 милиони долари кои требало да бидат транспортирани од Бразил во Швајцарија од авиокомпанијата „Луфтханза“. Кражбата се случила на главниот товарен аеродром во близина на Сао Паоло, соопшти полицијата. Грабежот е спектакуларно извршен за само неколку минути, а властите сѐ уште не ги пронашле сторителите. Тие влегле на товарниот аеродром „Виракопос“ со […]

Операцијата на Нејмар помина успешно


Напаѓачот на бразилската репрезентација и на Пари Сен Жермен, Нејмар успешно е опериран на десната нога во клиника во Бело Оризонте, соопштија од Бразилската фудбалска конфедерација. Интервенцијата поминала нормално и во моментов Нејмар се чувствува добро. Бразилецот го повреди десниот глужд при победата од 3-0 над Олимпик Марсеј минатата недела. Тој ја напушти принудно играта, откако […]

Танцува речиси гола, девојката на Нејмар го освои вниманието во Бразил


Бруна Маркесине или позната како девојката на познатиот фудбалер Нејмар го свои целото внимание на карневалот во Рио де Жанеиро, Бразил. Таа танцува речиси без облека, односно со минимални парчиња на интимните делови. Бруна беше актуелна и со појавувањето на роденденот на Нејмар во Париз пред неколку дена.

Марсио е веќе 22 години крал на бразилските плажи (ВИДЕО)


Марсио Мизаел Матолијес е жител на Рио де Женеиро кој веже 22 години живее во замок направен од песок, кој самиот го направил. Овој необичен Бразилец нема ниту сопруга ниту деца, но се дружи со посетителите на плажите кои го нарекоа „крал“, а подоцна самиот тој изработи круна за да неговата приказна биде уникатна. Кралот […]

Роналдињо ќе се кандидира за сенатор во Бразил


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо ќе се бори да влезе во Сенатот во родниот Бразил идната година. Поранешниот репрезентативец на Бразил и фудбалер на Барселона и на Милан, добитник на Златна копачка, играчката кариера ја заврши во 2015 година. Роналдињо (37) ќе се кандидира од Социјалната христијанска партија за место во Сенатот […]

Иванов ја отвори првата македoнска Амбасада во Бразил


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја отвори македонската Амбасада во Бразил, што претставува прва македонска Амбасада во Латинска Америка. – Отворањето на македонската Амбасада во Бразил е почеток на ново пријателство и соработка меѓу двете земји, порача Иванов на свеченото отворање на Амбасадата во Бразилија. Изразувајќи надеж дека и Бразил ќе отвори своја амбасада […]

Претседателот Иванов во посета на Бразил


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Федеративна Република Бразил. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, утре во Бразилија со највисоки државни почести ќе биде примен од претседателот на Федеративна Република Бразил, Мишел Темер. Во рамки на официјалната посета на Бразил, Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на […]

Ракомет: Македонија на „Трофеј Карпати“, прв противник Бразил


Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе учествува на традиционалниот „Трофеј Карпати“ во Романија. Покрај избраничките на селекторот Симе Симовски и домашната селекција, на турнирот ќе настапат и Полска и Бразил кои, пак, од 1 до 17 декември ќе бидат дел и од Светското првенство во Германија. Прв ривал на Македонија, попладнево […]