САД воведоа 25 отсто царини за бразилски производи, Бразилија ги отфрли мерките


Американската администрација воведе дополнителни царини од 25 отсто за низа производи од Бразил, по истрага што ја спроведе Канцеларијата на трговскиот претставник на Белата куќа. Мерките ќе стапат во сила на 22 јули. Од царините ќе бидат изземени одредени производи што не се произведуваат во САД, како и стоки чие оданочување би можело да влијае […]

Бразил во драматичен натпревар ја победи храбрата Јапонија со гол во 96-тата минута


Репрезентацијата на Бразил ја победи Јапонија со 2-1 во драматичен натпревар од Светското првенство, а Габриел Мартинели го постигна победничкиот гол во шестата минута од судиското продолжение. Јапонија водеше на полувреме, но Бразил успеа да го сврти резултатот во второто полувреме и да се пласира во осминафиналето. Бразил ја презеде контролата врз поседот од самиот […]

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил


Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( […]

ЕУ ќе забрани увоз на месо од Бразил од септември


Европската унија одлучи да го блокира увозот на некои животински производи од Бразил, вклучувајќи говедско месо, живина, јајца и живи животни, од 3 септември, поради непочитување на правилата на ЕУ за употреба на одредени антимикробни средства кај животните што произведуваат храна. Бразил, најголемиот извозник на говедско месо во светот и клучен извозник на животински протеини, […]

Анчелоти го објави списокот на Бразил за Светското првенство во 2026 година. Еве кои играчи се на листата


Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави списокот од 26 играчи што ќе ги предводи на Светското првенство во 2026 година. Најголемата вест е враќањето на Нејмар, кој ќе го има својот четврти настап на Светското првенство и неговиот прв повик под водство на италијанскиот селектор. Список: Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Фенербахче) […]

Ученик уби двајца во училиште во Бразил


Ученик застрела двајца вработени во училиштето и рани уште двајца, вклучувајќи и 11-годишно девојче, во најновото пукање во училиште што го потресе Бразил во вторник, објави АФП. Тринаесетгодишно момче е уапсено во врска со нападот во училиштето Сао Хозе во Рио Бранко, главниот град на државата Акре, соопштија локалните власти. Повреденото девојче е рането во […]

Научниците во шок по кражбата на вируси од лабораторија: „Неописливо сме збунети“


Веста за кражбата на примероци од вирусот од високобезбедна лабораторија во Бразил привлече големо внимание од научната заедница. Иако примероците беа брзо вратени, клучните прашања, особено оние за мотивите и безбедносните прекршувања, остануваат неодговорени. Бразилската федерална полиција ја уапси истражувачката Соледад Паламета Милер, виролог на Државниот универзитет во Кампинас (Уникамп), кон крајот на минатиот месец […]

Бразил воведува царини за извоз на нафта и дизел


Бразилската влада воведе царини за извоз на нафта и дизел со цел да се обезбеди снабдување и да се намалат трошоците на земјоделците во услови на зголемување на цените на енергијата на светските пазари. Кабинетот на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва се обидува да го ублажи влијанието на неодамнешното зголемување на цените на нафтата […]

Бројот на загинати по поројните дождови во Бразил се искачи на 46


Бројот на загинати како последица на поројните дождови во југоисточната бразилска сојузна држава Минас Жераис се искачи на 46, покажуваат податоците објавени вчера од државната противпожарна служба. Поплавите и лизгањето на земјиштето принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба, кои се наоѓаат на околу 110 километри […]

Бразил очекува рекордна жетва на кафе, но цените ќе останат високи


Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година благодарение на поволните временски услови, објави државниот орган за храна Конаб. Бразилските производители треба да произведат 66,2 милиони вреќи кафе од 60 килограми во 2026 година, проценува Конаб, што е за 17,1 процент повеќе отколку во 2025 година. Тоа би значело дека производството оваа година ќе […]

Гром удри во толпа луѓе за време на собирот за Болсонаро во Бразил, десетици повредени


Најмалку 89 лица беа повредени од гром за време на собирот во поддршка на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Бразилија, соопштија властите синоќа. Инцидентот се случил за време на последната фаза од демонстрациите на плоштадот Прака до Крузеиро, додека учесниците се собраа по силен дожд за да го чекаат пристигнувањето на федералниот претставник Николас Фереира. […]

Бразилскиот парламент усвои закон со кој драстично ќе се намали затворската казна на поранешниот претседател


Долниот дом на парламентот на Бразил рано утрово одобри закон со кој потенцијално би можел да ја намали затворската казна на поранешниот претседател Жаир Болсонаро на нешто повеќе од две години, доколку Сенатот ја поддржи мерката. Седницата, која започна вчера, беше нарушена од еден ден хаос околу предложениот закон. Болсонаро почна да ја отслужува затворската […]

Трамп ги укина царините за бразилското говедско месо и кафе


 Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за укинување на увозните царини за бразилското говедско месо, кафето и некои други земјоделски производи, кои беа погодени од царините од 40 отсто што ги најави Трамп во јули, соопшти Белата куќа. Указот ќе се однесува на бразилскиот увоз во САД што е реализиран на или по 13 ноември […]

Пожар избувна на самитот COP30, 13 лица добија медицинска помош поради вдишување чад


Тринаесет лица добија медицинска помош поради вдишување чад откако избувна пожар на местото на одржување на COP30 во Белем, Бразил, соопштија организаторите во соопштение. „Порано денес, пожар избувна во Сината зона на местото на одржување на COP30 во Белем. Противпожарната бригада и безбедносните службеници на ОН реагираа брзо, а пожарот беше ставен под контрола за […]

Староседелци упаднаа на климатскиот самит СОР30 во Бразил и повредија двајца обезбедувачи


Десетици  староседелци денеска упаднаа на климатскиот самит COP30 во Бразил и се судрија со обезбедувачите, барајќи климатска акција и заштита на шумите. Бесно викајќи демонстрантите бараа да им биде дозволено да влезат во комплексот на ОН, каде што илјадници делегати од земји од целиот свет присуствуваат на годинашниот климатски самит на ОН во амазонскиот град […]

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил


Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти. – Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението. 

Бразил одобри дупчење на нафта во близина на устието на реката Амазон


Бразилската агенција за животна средина Ибама одобри контроверзен проект за истражувачко дупчење на нафта во близина на устието на реката Амазон, непосредно пред глобалната конференција за климата што треба да се одржи во земјата. Државната енергетска компанија Петробрас доби лиценца за спроведување тест дупчење за потенцијални резерви на нафта во морето во Атлантскиот Океан, соопшти […]

Бразил отфрли можност за пријателски натпревар со Русија


Директорот за комуникации на Бразилската фудбалска конфедерација, Фабио Сеишас објави дека оваа јужноамериканска репрезентацијата нема планови да игра против руската репрезентација во 2026 година. „Таков натпревар не е во нашата програма, бидејќи веќе имаме закажано пријателски натпревари со европски репрезентации на стадионите во САД во март и јуни следната година, што ќе биде дел од […]

Врховниот суд на Бразил го осуди Болсонаро за подготвување воен удар


  Мнозинството судии на Врховниот суд на Бразил гласаа за осуда на поранешниот претседател на земјата, Жаир Болсонаро, за заговор за воен удар, оставајќи го крајнодесничарскиот популист соочен со децениска казна за водење на криминалниот заговор. Судијката Кармен Лусија Антунес Роча во четврток пресуди дека Болсонаро – поранешен падобранец кој беше избран за претседател во […]

Бразил стана трета најголема дестинација за кинески инвестиции


Бразил е трета најголема дестинација во светот за кинески инвестиции, покажува истражување на Бразилско-кинескиот бизнис совет. Минатата година во земјата биле реализирани десетици проекти во различни сектори, во вредност од 4,2 милијарди долари. Според податоците, директните кинески инвестиции во Бразил во 2024 година се повеќе од двојно зголемени во споредба со 2023 година. Кинеските компании […]