Во повеќе хрватски училишта синоќа стигнале дојави за бомби


  Ноќеска по полноќ во полицијата во Хрватска примени се дојави за можно загрозување на безбедноста на граѓаните во однос на образовни институции на подрачјето на Бјеловар, јавија од таму. Полицијата ги презела сите мерки и ги проверила објектите и утврдила дека се работи за лажна дојава. Се утврдува кој стои зад повикот. Имнео, неофицијално […]

(Видео) Во пресушената река По најдена бомба од Втората светска војна


  Неексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена е во коритото на реката По во Италија, по екстремните суши. Се работи за бомба тешка 450 кг, која ја пронашле рибарите во коритото на реката долга 650 км, а која пресуши на повеќе големи делови поради најголемата суша во последните 70 години. Високите температури и слабиот […]

Анонимна дојава за бомба го затвори аеродромот во Софија


Поради анонимна закана за поставена бомба, од утрово се затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми. Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор. Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица, соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, што во моментот спроведува истрага.

Британската полиција поради сомнителен пакет го евакуираше плоштадот „Трафалгар“ во Лондон


Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад „Трафалгар“, кој се наоѓа во близина на местото каде што подоцна ќе има прослава за одбележување на платинестата годишнина на кралицата Елизабета Втора. Набргу по евакуацијата, алармот бил укинат. „Инцидентот е завршен и плоштадот наскоро ќе биде отворен“, објави полицијата на Твитер. Претходно, денеска портпаролот […]

Лажна дојава за поставена бомба во авион на летот Рим – Приштина


 Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа добил закана дека во авионот кој летал од Рим кон косовската престолнина е подметната бомба, меѓуоа се испоставило дека дојавата е лажна, јави дописникот на МИА од Приштина. Полициските власти информираа дека по приемот на дојавата, која стасала во време додека авионот бил во лет, била извршена контрола на авионот […]

Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба


Стотици ученици од четири основни училишта во главниот град на БиХ, Сараево денеска се евакуирани по дојави за поставени бомби. Училиштата преку електронска пошта биле известени дека во објектите е поставена бомба, а учениците и наставниците, од превентивни причини, веднаш се евакуирани. На терен е полицијата која проверува дали заканата е реална. Во изминатиот период во Сараево зачестија дојавите […]

Дојава за бомба во Авенија мол во Загреб


Загреб –  Во тек е евакуација на трговскиот центар „Авенија мол“ во Загреб поради дојава за бомба. Полицијата добила повик во 13 часот и 45 минути. Центарот е евакуиран. Постапката е во тек. Ова е втора дојава за бомба за еден месец во Загреб, потсетува Индекс.хр. Пред еден месец беше објавено дека бомбата е поставена во […]

Хаос во Белград: Дојави за бомби во училиштата


Дојави за поставени бомби добија бројни училишта во белград во соседна Србија, а нивниот број се зголемува од минута во минута. Содржината на мајлот за постоење бомби е следна: „Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да го повредиме секој што ќе ни […]

Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар


Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ. Евакуирани се училишта во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар. „На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе […]

Аеродромот во Белград утрово беше затворен поради дојава за бомба


Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград рано утринава беше затворен, како што неофицијално дознава ТВ Н1.рс, поради дојавата за наводна бомба, јави допсиникот на МИА од Белград. Вработените и патниците биле пуштени во аеродромската зграда малку по 5 часот утринава. Објавена е информација за доцнење на полетувањата на речиси сите утрински летови, по што авиосообраќајот постепено […]

Шеста дојава за бомба на летот Белград-Москва


  Во последните неколку дена, речиси секој ден има дојава дека на летот од Белград за Москва има поставено бомба. Досега тие се покажуваа лажни, но за денешната дојава уште нема официјална потврда дали е лажна или не. Инаку, вчера во полиција е пријавено дека имало бомба во авионот што требало да полета од аеродромот […]

Во трамвај во Сараево најдена бомба на седиште


  Во трамвај во сараевската населба Ченгиќ Вила најдена е експлозивна направа, потврдиле од полицијата во Кантонот Сараево за Кликс. Диспечерот на јавниот превоз во Сараево, во 13 часот се јавил во полиција да каже дека во празен трамвај, забележана е рачна бомба. Засега не е познато кој ја оставил направата на седиштето, а полицијата […]

Евакуирана улица во Бар, маж се заканува со бомба


  Полицијата во бар, Црна Гора, евакуира дел од една улица, поради закана од маж дека ќе активира експлозивна направа, пишува „Вијести“. Од полицијата им било речено дека истото лице претходно облеило објект на една банка со натпис „Вратете ги парите кои ги украдовте од работниците на „Приморка““. Евакуирана е и зградата во која се […]

Евакуирана автобуската станица во Приштина поради сомневање за поставена бомба


Косово– Директорот на меѓуградската автобуска станица во косовскиот главен град, Арианит Грезда информира дека станицата попладнево била  целосно евакуирана, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Грезда за порталот изјави дека од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени. – Сите сме излезени. […]

Полицијата во Москва доби 16 анонимни закани за поставени бомби


Русија– Анонимни закани за поставени бомби доби полицијата во Москва денеска меѓу кои е и катедралата Христос Спасител и телевизиската кула Останкино. -Полицијата почна со итна проверка, изјави портпарол на полицијата во Москва. Според него, веќе се проверуваат сите места за кои е добиен сигнал за поставена бомба.

Експлозија на бомба во Лион, осум повредени


Во центарот на Лион, на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17:40 часот. Според француското министерството за внатрешни работи има осум повредени лица. Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот. Префектурата на Лион ја потврди експлозијата […]

Паника во Брисел по дојава за поставена бомба


Околу 40 лица се евакуирани од зграда во близина на седиштето на Европска Унија во Брисел откако на компанија и била упатена закана за поставена бомба. Портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кире изјави дека заканата е упатена по телефон на една консултантска канцеларија  поврзана со Европска Комисија. Таа истакна дека заканата за поставена бомба […]

Србија направи летечка бомба со GPS


На саемот за вооружување и воена опрема IDEX во организација во Абу Даби презентирани се неколку српски производи од пбласта на воената технологија. Претставено е беспилотно летало ALECS (Advanced Light Electric Composit System). Во прашање е беспилотно летало кое комбинира два мода на летање – квадкоптер мод со четири вертикални елиси за полетување и авио […]

Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба


Грција- Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, поради сомнителна пратка. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам. Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја […]

Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба


Романија- Романските власти соопштија дека авион на компанијата „Визер“, кој летал од Грузија кон Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана од бомба. Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија. Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е […]