Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во Белград


Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ. Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета. „Пожарникарите спасија 13 […]

Српските сценаристи бараат нивните дела да не се емитуваат на РТС поради „токсични и опасни коментари против студентите и уметниците“


 Извршниот одбор на Здружението на српските сценаристи реагираше по вчерашниот напад на студентка во Белград, барајќи нивните дела да не се емитуваат на РТС „поради токсични и многу опасни коментари против студентите, уметниците и академската заедница“, јавија српските медиуми. Извршниот одбор на Српското здружение на сценаристи по вчерашното „очигледно намерно удирање студентка со автомобил во […]

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад


Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според […]

Во Србија се очекува средба на владин тим со претставници на вработените во образованието по заканите за целосен прекин на наставата


Во Србија денеска попладне почнуваат преговорите меѓу просветните работници и владата и доколку не се исполнат барањата, вработените во образованието најавуваат целосен прекин на работата Српскиот премиер Милош Вучевиќ ќе се сретне со претставници на синдикатот денеска, а средбата, како што е најавено, ќе започне во 13 часот во зградата на Владата на Србија, јавија […]

Туристи демолираа хотел во Белград


Во новогодишната ноќ се случи инцидент во Белград. Како што пренесува Блиц, група туристи од Виена ја уништиле рецепцијата во хотелот „Краун Плаза“. Го демолирале хотелот и фрлале камења и ги тепале сите пред нив, вклучително и гостите. Инцидентот се случил откако биле предупредени за употреба на дрога на масата, предизвикувајќи хаос. Имаше и повредени […]

Средношколци од белградски училишта најавија пленуми и бојкот на наставата


Голем број белградски средни училишта за денеска најавуваат пленуми, а голем број професори синоќа добиле пораки со покани да присуствуваат на тие собири на кои ќе се разговара за блокада, јавија белградските медиуми. Ккао што објави Данас, ученици, нивни родители и наставници стапиле во контакт со редакцијата на медиумот и сведочеле за пораките што кружат […]

Во Специјалниот суд во Белград ќе биде објавена пресудата за масовното убиство во Дубона и Мало Орашје


Во Специјалниот суд во Белград за денеска е закажано изртекување на пресудата против Урош Блажиќ за убиство на девет и ранување 12 лица во селата Дубона и Мало Орашје, на 4 мај лани, јави Бета. За истиот случај претпладнево ќе бидат објавени пресудите за неговиот татко Радиша Блажиќ кој е обвинет за набавка на големо […]

Продадена зграда на „Политика“ во Белград


Зградата на „Политика“ во центарот на Белград е продадена на компанијата М29 во сопственост на Бобан Рајиќ, чија компанија Медиа 026 е косопственик на компанијата „Политика новини и магазини“, објавено е на порталот „Политика“. Од јануари 2006 година, сопственик на 17-катницата на Трг Политика бр. 1, во која беше сместена редакцијата на дневниот весник „Политика“ […]

Возач со полна брзина налета на луѓе на собир за жртвите од Нови Сад: „Нагазил на гас и собрал шест луѓе!“


На улица во Белград, во петокот, се случи инцидент за време на петнаесетминутната акција „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите од Нови Сад. Автомобилот удрил во група луѓе кои учествувале во акцијата додека стоеле на пешачкиот премин. Го управувал маж на 60-годишна возраст, кој со полна гас соборил шест лица, […]

Најавени нови поскапувања на услугите за белграѓани


Паричниците на белграѓани веќе неколкупати беа нападнати на крајот на оваа година – цените на Инфостан, парното, паркингот и такси превозот поскапеа. Сега се најавуваат нови поскапувања за новата година, објави Данас. Иако од почетокот на годината, годишната инфлација во Белград падна од 7,4 отсто во јануари на 5,6 отсто во октомври, тоа не ја […]

Студентите блокираа факултети во Белград и во Нови Сад – бараат документација за реконструкцијата на железничката во Нови Сад


Студенти од Белград и Нови Сад денес блокираа неколку факултети и Ректоратот, барајќи објавување на документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад и откривање на одговорните за нападот врз студентите, јави дописникот на МИА од Белград. Блокадите на Ректоратот на Белградскиот универзитет, Филолошкиот, Филозофскиот, Природно-математичкиот факултет (ПМФ) и Архитектонскиот факултет симболично почнаа во […]

Огромен пожар на старата автобуска станица во Белград: Црн, густ чад на сите страни


Во текот на утрото избувна пожар на старата автобуска станица во Белград. Од правец на центарот на градот кон Зелени венац се гледа како се издига чад, јавуваат читателите на Блиц, а како што е објавено на социјалните мрежи, гори контејнер за работниците на старата автобуска станица, кој е урнат. На сликите од местото на […]

Јапонец сретна Американец во Белград и го праша дали зборува српски, разговорот е урнебесен


На социјалните мрежи се шири вирално видео на Јапонецот Јуџи Белезе, кој живее во Виена, а на улиците на Белград го запозна Американецот Џибри Бел, инфлуенсер познат по виралните видеа на кои се среќава со минувачите во српската метропола. Јапонецот го праша Американецот од каде е, на што овој му одговори дека доаѓа од различни […]

Се продава зградата „Политика“ во центарот на Белград


НЛБ Комерцијална банка ја продава зградата „Политика“ во центарот на Белград, која ја поседува, а купувачот би можел да биде Бобан Рајиќ, сопственик на „Вечерње новости“ и косопственик на компанијата „Политика новине и магазини“, објави денеска порталот Н1, пренесува СЕЕбиз. Од НЛБ Комерцијална банка за порталот Н1 потврдија дека зградата се продава и потенцираа дека […]

Ревија на наградувани македонски филмови во Белград


Во Културниот центар Пароброд од Белград, денеска започнува првата Ревија на македонскиот филм, посветена на наградуваните македонски филмови кои освоиле признанија на меѓународни фестивали. Како што се наведува во соопштението на организаторите, на манифестацијата ќе бидат прикажани документарци, играни филмови и класики од македонската кинематографија, а свои музички настапи ќе имаат „Пијан Славеј“ и „Новоградска“.  […]

Протест на опозицијата пред Владата на Србија: Се бараат оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад


 Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на […]

Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад


Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица. Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во […]

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ


Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ. Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица. Иван Бјелиќ, активист на групата SviĆe (Се разденува, но и Сите ќе), во име на […]

ЦЛС: Властите на Белград планираат да ги отстапат автобусите „соларис“ на Скопје


Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Северна Македонија, што невладината организација го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“, јави дописникот на МИА. -Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е […]

Белград доби нова автобуска станица, првите поаѓања в недела


Во Белград денеска беше отвoрена нова меѓуградска автобуска станица, во блок 42 на Нов Белград, каде што порано беше „Бувјакот“, а првите тргнувања ќе бидат в недела на 29 септември, јави дописникот на МИА од Белград. Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ на отворањето на автобуската станица (БАС) рече дека оваа инвестиција е вредна 17 милиони […]