По блокадите во Белград, се нормализира сообраќајот


Утринава, постепено се нормализира сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија. Во текот на ноќта, полицијата ги отстрани сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално, соопшто утрово Министерството за внатрешни работи на […]

Убиство во центарот на Белград! Млад човек беше застрелан, почина на лице место


Во центарот на Белград, на улицата Гаврило Принцип 52, во петокот вечерта со пиштол беше убиен млад човек. Младиот човек почина на лице место. За кратко време, полицијата успеа да пронајде и уапси две лица осомничени за убиство. На лице место беа пронајдени 10 чаури. По убиството, полицијата ја започна операцијата Вихор, објавува Телеграф. Акција […]

Италијанскиот институт: Москва и Пекинг го блокираат Коридорот 8, Белград и Атина притискаат за Коридорот 10


Коридорот 8 е главна оска за развој на европскиот континент. Тој треба да го поврзе пристаништето Бургас на Црното Море со албанскиот брег на Јадранското Море преку Северна Македонија. Војната во Украина дополнително ја зајакна неговата стратешка важност, но одложувањата се акумулираат веќе две децении. Ова се наведува во анализа на Италијанскиот институт за Балканот […]

Косово: Бислими разговараше со Соренсен за следните фази од дијалогот со Србија


Заменик-премиерот на Косово во технички мандат, Бесник Бислими, денеска изјави дека на средбата со претставникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, станало збор за следните фази од дијалогот. Како што пренесе Бета, тој рече дека било планирано да се одржи трилатерална средба, но тоа не се случило бидејќи тимот од […]

Ревија на филмови на Љубиша Георгиевски во Белград


 Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград „Допир на Македонија“ здружението „Македониум“, со поддршка на македонската кинотека и Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, денеска и утре во српската престолнина организира Ревија на филмови посветена на Љубиша Георгиевски, истакнат театарски и филмски уметник, професор и културен деец кој остави длабок […]

Полицаец ранет за време на полициска акција во Белград


Полицаец е ранет денеска од огнено оружје додека бил на должност во Белград, по што е пренесен во Ургентниот центар и е надвор од животна опасност. Полицаецот бил ранет за време на полициска операција на бензинска пумпа на Панчевачки пат во Белград. За инцидентот е известено надлежното обвинителство.

Во Белград свечено отворен македонскиот Културно-информативен центар


Во Белград вечерва свечено беше отворен Македонскиот културно-информативен центар, во присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ. На отворањето свое обраќање имаа директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран […]

Анкета: Повеќе од две третини од жителите на Белград се незадоволни од состојбата во главниот град


Повеќе од две третини од жителите на Белград, или 69 отсто, се незадоволни од состојбата во главниот град на Србија, покажува анкета на Центарот за локална самоуправа. Анкетата во која учествуваа 13.231 лица беше спроведена онлајн од 22 април до 2 мај. Меѓу анкетираните, 9.125 изјавиле дека се незадоволни од моменталната состојба во Белград, соопшти […]

Синот на Трамп утре повторно доаѓа во Белград


Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп помладиот, утре повторно ќе биде во Белград, по втор пат во последните два месеци, објави Блиц. За време на посетата на српската престолнина, Трамп помладиот ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а планирана е и заедничка вечера. Попладне, тој ќе учествува на бизнис форум организиран од Стопанската […]

(Видео) Студентите во Белград објавија документарен филм за тоа што одекна за време на молкот на протестот


 Студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, кои со месеци се на протести, објавија нов документарен филм наречен „Дванаесеттата минута“ на нивниот канал на Јутјуб. „Како властите ги заплашуваа сите пред најголемиот протест во историјата на Србија, на 15-ти март, што беше измислено, што беше реално и, се разбира, што одекна – погледнете […]

(Во живо) Илјадници се собраа во Белград – еден со автомобил се заби во толпата


Денес во Белград се одржува голем студентски протест. Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а протестот ќе се одржи пред Собранието. Собирот на граѓани почна неколку часа порано на различни локации во Белград. Целиот град е блокиран. […]

Белград под „опсада“ – трактори, вреќи со камења, парламентот затворен


  Голем број студенти од сите краишта на Србија со денови пешачат кон Белград, а ним им се придружуваат и мештаните од населбите низ кои минуваат. Сите доаѓаат со една цел – на голем иот протест во Белград на 15 март. Екипата на „Нова“, која во петокот наутро го посети Пионерскиот парк пред собранието, виде […]

„Студентка“ на Вучиќ: Нè донесоа во паркот, ни рекоа дека ќе останеме само еден ден


„Студентите кои сакаат да учат“ од четвртокот навечер кампуваат во Пионерскиот парк, пред зградата на Српското претседателство. Во меѓувреме, во овој импровизиран „студентски“ камп беа идентификувани и функционери и членови на СНС, партијата на претседателот Александар Вучиќ. Лажни студенти Лажните студенти најчесто се вработени во јавни институции, меѓу кои и платени статисти, како и професори […]

Доналд Трамп Џуниор пристигна во Белград, во план е средба со Александар Вучиќ


Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател, слетал во Белград со авион и се очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, јавуваат медиумите во оваа земја. Ова не е првпат да е во Србија, бидејќи таму беше во септември за време на деловна вечера на која тема беше „инвестициите и атрактивноста на деловното […]

И денеска масовни протести во Србија, главниот плоштад во Белград полн со луѓе


Еден ден по одржаниот вториот генерален штрајк во Србија, протестните маршеви продолжија во голем број градови. Граѓаните од Белград, Нови Сад, Ниш и од други градови излегоа на улица, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг. Откако цело попладне се одржаа протести на […]

Тепачки пред градското собрание во Белград – приведени неколкумина


Настаните пред градското собрание на Белград прераснаа во насилство и судири меѓу приватното обезбедување и насобраните граѓани. Протестите избувнаа поради незадоволство од одлуките донесени на седницата на Собранието, која ненадејно заврши. Тензиите започнаа кога советниците од владејачката коалиција усвоија единствена расправа за сите точки на дневниот ред, додека опозицијата ја пееше националната химна. И покрај […]

Обвинителството во Белград бара од полицијата да ги утврди сите факти за инцидентот во српското Собрание


 Основното јавно обвинителство во Белград соопшти дека во врска со денешните инциденти во српскиот Парламент, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации за да се идентификуваат сторителите. Дежурниот јавен обвинител во тоа обвинителство барањето го упати и поради „постоење суштински елементи на тешки кривични дела против јавната безбедност“, соопштија од обвинителството. На полицијата […]

Поранешниот европски шампион во бокс ранет во Белград, по кариерата стана мултимилионер


Познатиот германски боксер Марио Дасер (36) е ранет рано утринава во престрелка што се случила во ресторан во Белград. Како што јавија српските медиуми, инцидентот се случил околу три часот по полноќ на улицата „Кнез Данилова“. Покрај Дасер, ранет е и М.А. (31). Двајцата со приватни возила се пренесени во Ургентниот центар. Дасер се здобил […]

Во Белград автобус влета во луѓе на станица, 18 повредени, меѓу кои и една трудница


Тешка сообраќајна несреќа се случи во Нов Белград, во која се повредени 18 лица, меѓу кои едно дете и една трудница. Автобус на релација 601, кој се движел со голема брзина, удрил во луѓе кои чекале на автобуска постојка, а потоа удрил во друг автобус кој земал патници. На местото на несреќата има многу полицајци, […]

Граѓаните им носеа утринско кафе на студентите кои ја блокираа Автокоманда во Белград


Цела ноќ студентите во Белград останаа да ја блокираат крстосницата на Автокоманда, откако во понеделникот во 10 часот започнаа со 24-часовната студентска блокада. Голем број студенти ја блокираа клучката во „Франшхук Д’Епере“ и тие се организираа во смени. Ним им се придружија и граѓани, но и земјоделци кои рано наутро ги донесоа своите трактори. Освен […]