(Видео) Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши


Проследете ја прес-конференцијата на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши. Тема на прес-конференцијата се исплатите за државна помош за 2022 година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.  

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година


 На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година. -Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание […]

Сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас да достават понуди до крајот на денот, повика Бектеши


  На јавниот повик на ЕСМ досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Преку транспарентна постапка, посочи Бектеши, кој ќе има подобра понуда, кој ќе […]

(Во живо) Ковачевски и Бектеши за Буџетот на економија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе одржат прес-конференција за новиот Буџет на министерството за економија за 2023 година. Ориследете ја во живо:

Бектеши: Оние што без дозвола преминуваат на регулираниот пазар на струја го прават на штета на домаќинствата


  Не може да се направат дополнителни трошоци на регулиран пазар од каде со електрична енергија се снабдуваат домаќинствата од компании, кои прават профит или компании кои не заслужуваат или, пак, не се предвидени со Законот за енергетика да бидат на регулиран пазар, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Ако одредени потрошувачи, како […]

Поосетно намалување на цените ќе има откако ќе се потрошат залихите, вели Бектеши


  Веќе е почнат трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи наведени во одлуката на Владата, а ќе се случи и кај другите производители откако ќе ги потрошат залихите на претходно набавените производи по повисоки цени, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Кажавме дека очекуваме да има намалување на цените од 7 […]

Бектеши за цената на струјата: Нема да се остварат најавувањата на таканаречените енергетски експерти


Нема да се остварат најавувањата и очекувањата на таканаречените енергетски експерти во нашата држава и нема да се случи такво зголемување на цената на електричната енергија, дури можеби во одредени случаи ќе има и намалување на нејзината цена со цел да излеземе во пресрет на граѓаните и на малите потрошувачи, порача денеска министерот за економија […]

Eнергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните, вели министерот Бектеши


  Товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој уверува дека ќе биде обезбедено 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија до крајот на грејната сезона во градот Скопје, а нема да има ни зголемување на цената на топлинската […]

Бектеши: Електрична и топлинска енергија ќе има без застои до крајот на грејната сезона


Граѓаните да бидат спокојни зашто електрична и топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, без застои и без оптоварување на нивниот буџет. Не треба да веруваат во секакви непроверени информации и во паниката од опозицијата зашто тоа може да биде на штета на домаќинствата кои, слушајќи ги, може да прават дополнителни трошоци за […]

Граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе за струја од тоа што е во моментов, вели Бектеши


  Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на […]

Прехранбените производи ќе треба да ги поевтинат и оние кои не се пријавиле за бенефицирана струја


  Се знае какви одлуки ќе се носат на Влада ако од 1 декември нема намалување на цените на основните прехранбени производи согласно компонентата или, пак, инпутот на електрична енергија, порачуваат одговорните во власта. -За оние кои нема да користат повластена цена на струјата ќе следат други мерки кои ќе се донесат во случај да […]

Ковачевски до општините: Мерките не се за да се варат кафиња по канцеларии! – и ЈСП се пријавило


Премиерот Димитар Ковачевски е револтиран што за субвенционирана струја општините ги пријавувале и општинските згради, па објасни дека владините мерки за помош не се за некој да ужива, а друг да не може да сврзе крај со крај. „Сакам да упатам порака до општините, овие мерки не се за удопство ниту на државна администрација ниту […]

ЖРСМ Транспорт го демантира Бектеши за потрошената струја


Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје демантира дека се најголем потрошувач и имале најмалку заштедено електрична енергија, како што тоа стои во табелата која на прес конференција ја презентираше Министерот за економија, Крешник Бектеши.  „Овие податоци за ЖРСМ Транспорт се целосно невистинити“, велат од оваа компанија. „Согласно официјалните податоци од Одделението за […]

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши


  Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.  Одговарајќи на прашање на новинарите за можноста граѓаните кои штедат да добијат некаква награда, Бектеши рече дека нашата земја прва во регионот вовела стимулативни мерки преку воведувањето блок-тарифи. „Потрошувачката е […]

Од илјада компании, до сега околу 300 побарале повластена цена за струјата, рокот истекува утре


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика комапниите да ја искористат можноста и да поднесат документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, 23 ноември.  Од околу илјада компании кои го исполнуваат условот за ваквиот премин, според шифрата на дејност која ја […]

Утврдени лажни фактури во увозот на пелети


  Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната. Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично […]

Бектеши очекува до 13 отсто пониски цени на лебот, млекото и месните производи во почетокот на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот […]

РКЕ ја има листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) располага со листата на компании кои одлучиле да преминат од регулиран на отворен пазар, а дали тоа го сториле согласно законот, ќе утврдат надлежните институции – Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција. Според Бектеши, тие што ги исполнуваат условите […]

Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата, ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо


ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите […]