Бектеши: Тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 проценти, одлуки и за маслото за јадење и за млечните производи


Најверојатно до крајот на неделава ќе има одлука за цените на тестинините, за макароните и шпагетите, со минимално намалување од 10 проценти на постоечките цени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој во гостување на ТВ 24 рече дека е убеден оти намалувањето ќе биде уште поголемо, а најави дека ќе следуваат и одлуки […]

Пекарите ќе мора да произведуваат леб со замрзната цена, најмалку 80 отсто во однос на декември


  Министерот за економија Крешник Бектеши од аеродромот во Загреб, Хрватска, на пат за Скопје се огласи на својот фејсбук профил и ја објави новата одлука со која производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена. Одлуката е со денешен датум и ја има потпишано […]

(Во живо) Прес на Ковачевски и на Бектеши


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржат прес-конференција. Како што соопштија од прес центарот на Владата, тема на прес-конференцијата ќе бидат најновите одлуки на Владата на Република Северна Македонија.

Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари


Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување […]

Бектеши ќе предложи да се укине субвенцираната струја за компаниите


Министерството за економија ќе предложи да се укине мерката за субвенционираната струја за компаниите. Според првичните податоци на институциите, 60 до 70 проценти од компаниите од прехранбениот сектор што ја користат оваа мерка не ги намалиле цените и не го испочитувале договореното. Мерката за субвенционирана струја ќе остане да важи за училиштата и јавните комунални […]

Бектеши: ТЕЦ Неготино ќе престане со работа ако увезената струја е поевтина


Доколку увезената цена на електрична енергија е пониска од онаа што се произведува во ТЕЦ „Неготино“, тогаш ќе биде донесена одлука оваа термоелектрана да престане со работа, уверува министерот за економија Крешник Бектеши.  – Ако ЕСМ ни достави податоци дека производствената цена на ТЕЦ „Неготино“ е повисока од увезената цена на електрична енергија, насоката на […]

Складирањето електрична енергија од фотоволтаици ќе влезе во законска регулатива


Македонската енергетска асоцијација заедно со Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО и ЕВН ќе формираат работни групи за доработка на постојната законска регулатива со цел да се прецизира складирањето на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија. Како што информираа по состанокот во Стопанската комора, министерот за економија Крешник Бектеши и првиот […]

Бектеши од граѓаните преку анкети ќе бара решение за инфлацијата и цените


Мерките и активностите што ги презема Министерството за економија за поддршка на домаќинствата и компаниите за справување со енергетската и економската криза и подобрување на животниот стандард на граѓаните, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници од Националниот демократски институт (НДИ). На состанокот, на кој присуствуваа […]

Бектеши не очекува да поскапи струјата од 1 јули


    Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да се зголеми цената на електричната енергија од 1 јули годинава. За промена на начинот на пресметката веќе се прават анализи, а една од можните мерки е да се продолжи со 10 проценти ДДВ наместо со 18 во сметките за струја. -Во координација со Регулаторната комисија […]

Компаниите што не ги поевтиниле производите ќе останат без повластена цена на струјата


Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја […]

Бектеши: Компаниите да го исполнат ветувањето за пониски цени


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика компаниите да го одржат ветувањето за намалување на цените на производите. Ако има случаи на кризни профитери, како што најави денеска, ќе побара поддршка од пратениците да се донесе закон за солидарност, а средствата што ќе се соберат ќе се дадат на граѓаните за директна поддршка преку дополнителните […]

Бектеши: Ја следиме ЕУ во санкциите кон Русија, нафта и нафтени деривати ќе има доволно


  Политика на Владата е да ги следи санкциите што ги воведува Европската унија кон Русија, но недостиг на нафта и нафтени деривати не може да се случи по најновата одлука на Европската комисија да се забрани увоз на руско дизел гориво, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Одлуката да се забрани користење на […]

Има пари за линеарно зголемување на платите на административците за 2.000 денари, вели Бектеши


  Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20.500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2.000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за […]

„Макпетрол“: Пазарот со гас е одамна либерализиран, сегашните тендери се фарса


Од компанијата „Макпетрол“ преку соопштение до медиумите реагираа на изјавите на министерот за економија Крешник Бектеши, во врска со пазарот на гас во земјава. Соопштебнието го пренесуваме во целост: Министерот за економија, Крешник Бектеши, преку објава на „Фејсбук“ денес изнесе одредени тврдења во однос на домашниот пазар со природен гас кои што се целосно неточни, […]

Бектеши: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги


  Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството […]

Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет


Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши. -По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот  Бектеши во емисијата ДЕТЕКТОР на Телевизија Сител. Во анкетата спроведена од ИПИС која беше презентирана во емисијата ДЕТЕКТОР на ТВ СИТЕЛ, […]

За три месеци домаќинствата и малите потрошувачи заштедиле над 15 отсто електрична енергија


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти. – Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 […]

Бектеши: За помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција. – Со децении не биле подготвени сите капацитети да произведуваат електрична енергија. За помалку од една година веќе сите капацитети се во функција и ќе бидат ставени во функција на потребите на бизнисот и […]