Бектеши се закани со укинување на царините за увоз на земјоделски производи ако трговците извезуваат прекумерно


Министерството за економија би можело да предложи укинување на царинските давачки за увоз на земјоделски производи доколку трговците продолжат и натаму да ги извезуваат овие производи во голема мера и така да го нарушуваат домашниот пазар и да придонесуваат за зголемување на цените. Оваа предупредување го упати денес министерот за економија Крешник Бектеши кој покажа […]

Бектеши во Тирана на Форум на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува и ќе се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес што денеска се одржува во Тирана, Република Албанија. На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот […]

Економски одлуки се носат за граѓаните, а не за лични интереси на одредени членови на коморите


– Ние не носиме одлуки за лични интереси на одредени членови во Стопанската комора, ние носиме одлуки за граѓаните и за одреден сектор, вклучувајќи ги трговијата или преработувачката индустрија. Сите решенија се донесени низ разговори и во консултација со коморите, над 90 отсто се предлози што произлегуваат од стопанските комори, и во делот на листата […]

Бектеши ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет во општина Илинден


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет кој се наоѓа во општина Илинден. Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, заедно со менаџментот на Кам Маркет ќе направат обиколка на логистичкиот центар и ќе го посетат новоотворениот маркет на Кам кој се наоѓа во општина Петровец.

Бектеши: Електроенергетскиот систем полесно се менаџира со домашни капацитети


Добредојден е секој енергетски капацитет кој е на територијата на државава без разлика дали е приватна или државна инвестиција, бидејќи придонесува за зголемување на домашните капацитети за производство на електрична енергија, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Електроенергетскиот систем не се менаџира потешко кога капацитетите ги имате внатре во државата отколку кога ги немате. […]

Акции во маркетите, сепак, ќе има


Одлуката дека ќе бидат забранети акциите во маркетите со кои одредени производи се нудат по значително пониски цени, сепак, ќе претрпи модификација и трговците ќе можат и на ваков начин да привлекуваат потрошувачи. Како што најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, одлуката која што утре треба да биде усвоена на владина седница „ќе има […]

Производите што ќе поевтинат ќе имаат ознака „Гарантирана цена“


Производите што ќе бифдат опфатени со владината одлука за намалување на цените ќе бидат посебно обележени со видлива ознака „Гарантирана цена“, која ќе биде и гаранција за потрошувачите дека тие нема да поскапат до 30 ноември. Утре се очекува на владина седница да биде усвоена листата производи за кои ќе важи правилото од минус 10 […]

Цените од септември нема да бидат основа за намалувањето од минимум 10 отсто


 Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека најавеното намалувањето на цените на одредени производи нема да биде од септемвриските и августовските цени туку од други месеци кога, како што вели имало пристојни цени. Бектеши најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики.   -Ниеден од трговците не […]

Бектеши на состанок со претставници на супермаркетите, најавено ново замрзнување на цените


 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со претставници од ланците на супермаркети во врска со мерките што ќе следат во делот на утврдување на цените на прехранбените производи. Бектеши вчера најави дека на предлог на Министерството за економија, на следната седница на Владата треба да се донесе одлука да се замрзнат цените […]

Нови мерки за ранливите категории граѓани до крајот на оваа или во текот на наредната недела


Министерството за економија ќе донесе мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните, посебно на тие категории на граѓани кои имаат најголема потреба. Во моментов е при крај подготовката на Предлог-ребалансот на буџетот и најверојатно до крајот на неделата, најдоцна почетокот на наредната недела ќе излеземе и со новиот буџет и со нови мерки кои […]

Бектеши уверува дека ќе има парно, ЕСМ е подготвено да го постави топловодот под мостот „Беласица“


Граѓаните на Скопје ќе имаат топлинска енергија од 15 октомври до крајот на грејната сезона, а ЕСМ е подготвено да интервенира на мостот „Беласица“ во делот на топловодот веднаш откако ќе ги добие соодветните дозволи од Град Скопје, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -ЕСМ е подготвена уште од утре да ја среди ситуацијата […]

Бектеши и директорот на Бирото за метрологија Селами на средба со менаџментот на ЕВН Македонија и ЕВН Дистрибуција


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ќе ја посетат подружницата на ЕВН Македонија во Бутел и ќе направат увид на лабораторијата каде што се врши тестирање на броила за електрична енергија. Како што најавија од Министерството за економија, во рамки на пoсетата ќе остварат средба […]

Хотелиерите побараа од Бектеши корекции за субвенциите, дел да одат и кај домашните туристи


Дел од субвенциите во туристичкиот сектор да одат директно за хотелите, а дел да се пренасочи и за домашни туристи, побараа претставниците на хотелскиот сектор на денешната средба во Струга со министерот за економија Крешник Бектеши. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери ХОТАМ, Крсте Блажески појасни дека побарани се само корекции во однос на одлуката за […]

За неконтролирано зголемување на цените, трговците може да добијат и забрана за вршење на дејност


Во текот на неделава ќе имам состанок со Државниот пазарен инспекторат и тие ќе ги добијат насоките за да постапат согласно Законот за заштита на потрошувачите, одговори министерот за економија Крешник Бектеши на прашањето што ќе преземе како надлежен во врска со неконтролираното покачување на цените на производите во државата. – Ако е потребно секако […]

Бектеши: Владата не е вклучена во преговорите на жителите на Слупчане и ЕВН, немаме информации што е договорено


– Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека претставници на Владата биле вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и „ЕВН“. – Најверојатно некои опозициски партии кои пренесуваат лажни вести кон граѓаните и кои прават споредби со одредени села и региони во државата, отвараат теми за кои тие треба да […]