Бектеши најави продолжување на мерката „гарантираната цена“ до крајот на јануари 2024 година


Министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за ТВ 24 најави продолжување на гарантираните цени на одредени производи за уште еден месец. Мерката беше предвидено да заврши со крајот на 2023 година, но, Бектеши кажа дека замрзнатите цени ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики. Министерот вели дека овој закон е […]

Цената на струјата нема да се зголеми, крајниот збор пак ќе го има РКЕ, уверува Бектеши


  Цената на струјата нема да се зголеми и по Нова година, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска изјави дека во пресметките најважен елемент е она што ќе го презентира компанијата во државна сопственост Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), но и одлуката на Владата на затворена седница. Во однос на дилемата кој ќе […]

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари


 Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.  – Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши. Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа […]

Снабдувачи кои користат само руски гас веќе стануваат неконкурентни, вели Бектеши


Зависноста од рускиот гас веќе влијае врз конкурентноста на домашни фирми, укажа денес министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на прашања на новинарите при посета на Пивара Скопје, Бектеши рече дека во државата има два снабдувача кои користат само руски гас од кои  едниот е фирма сестра на ТЕ-ТО, а другиот е македонска фирма и […]

Бектеши: Немаме интерес да го приватизираме МЕПСО, ниту дел од МЕПСО


Никакви разговори не се водени за продажба на МЕПСО на грчката компанија ИПТО, ниту има понуда од грчката компанија до Министерството за економија. Немаме ни интерес да го приватизираме МЕПСО, ни дел од МЕПСО, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. – Во Министерството за економија сигурен сум дека нема понуди од страна на грчката компанија. […]

Бектеши до крајот на ноември ќе чека одговор на барањето за таксата на рускиот гас


  Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на нашето барање до Европската комисија за таксата што ја воведе Бугарија за транзит на рускиот гас.  „До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за […]

За сметањето на времето ќе се прилагодиме кон одлуките на Европската комисија, вели Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во однос на начинот на сметање на времето со евентуално укинување на промената од зимско во летно и обратно, државава ќе се прилагоди кон одлуките на Европската комисија. – Ќе носиме одлуки согласно со одлуките што ќе се носат во Европската унија имајќи предвид дека нашата најголема економска […]

Гарантирани цени до крајот на годината, може да има и акции


Гарантираните цени на производите ќе продолжат да важат до крајот на годината, а дозволени се акции на одредени производи кои производителите и дистрибутерите сакаатд а ги понудат на купувачите, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.  – На предлог на Министерството за економија, денеска, Владата одлучи да ја укине одлуката во делот на акциите имајќи […]

Државата бара начин како да се справи со таксите за гас од Бугарија


  Правни тимови во Министерство за економија и во НОМАГАС ги разгледуваат можностите за поведување правна постапка против воведување на такса за гас од страна на Бугарија, најави денес министерот за eкономија, Крешник Бектеши. Покрај ова, како опција е барање за обесштетување за разликата во цената која би ја плаќала земјата и берзанската за природниот […]

Бектеши не прифаќа уцена од Бугарија за гасот


Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува претстојната зима да биде потешка од минатата во делот на енергетиката и покрај новиот конфликт на Блискиот Исток кој предизвика зголемување на цените на енергенсите и воведување такса од 10 евра од страна на Бугарија за транспорт на киловат час руски природен гас низ бугарскиот гасовод. Најави дека […]

Бектеши: Од ноември поевтинуваат и други категории производи


Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информира Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Глобус“, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од […]

Европско знаме и за Законот за нефер трговски практики: Рабатот од 30-40 отсто ќе се ограничи на 10 отсто


  Предлог текстот на законот за нефер трговски практики во делот на трговијата со земјоделски и прехранбени производи предвидува 26 такви практики кои ќе бидат регулирани, а непочитувањето ќе значи плаќање глоба и до 20 илјади евра. Една од клучните новини е ограничувањето на рабатот кој се договара меѓу учесниците во прометот и при што […]

(Во живо) Изјави во Стопанска комора со министерот Бектеши


Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје ќе одржат бизнис средби и презентација на австриски компании, со цел развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји. 

Бектеши во Стопанската комора ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе одржи работен состанок со Стопанската комора на Северна Македонија, на кој ќе го презентира новиот закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Министерството за економија најави изјави за медиумите по состанокот што ќе се одржи во Стопанската комора.

Бектеши: Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто


Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.   Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена.  Како што истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата  „Македонска економија-довербата расте“, и покрај […]

Бектеши: Производите опфатени во Одлуката за намалување на цените ќе останат со ДДВ од 5 проценти


Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат […]

Бектеши oчекува супермаркетите да ја спроведат одлуката за цените на прехранбените производи


Нема да има компромис во делот на одлуките на Владата за цените на прехранбените производи. Очекуваме сите производители, дистрибутери и увозници да ги намалат цените согласно одлуката на Владата, а синџирите на супермаркети да бидат општествено одговорни и да ја спроведат одлуката, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ние сме тука за да им […]

Царините за увоз на овошје и зеленчук од 65 отсто се намалуваат на 10 отсто, освен за доматите, краставиците и пиперките


Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека со одлука на Владата царините за увоз на овошје и зеленчук од 65 отсто, 55 и 45 отсто се намалуваат на 10 отсто. Исклучок се доматите, краставиците и пиперките. Исто така се зголемува и квотата на увоз на јужно овошје за дополнителни 2.000 тони. Тоа, како што изјави во […]