Димитриеска Кочоска задоволна од растот на БДП, но не брза со корекција за стапката за 2025 година


Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2 проценти што е повисок од очекуваниот, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. -Секогаш сум многу внимателна во однос на бројките. Убаво е кога бројките покажуваат […]

СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа


Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.  Според СДСМ, „економијата тоне, компаниите не може да исплаќаат плати и отпуштаат вработени, а животниот стандард на граѓаните се влошува поради неспособноста и незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ најновите податоци […]

БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).  Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти. Финалната потрошувачка […]

„Фајнанс тинк“: Што го придвижи растот на БДП, Буџетот во третиот квартал речиси врамнотежен


Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3% на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор, посочучуваат од економскиот институт „Фајнанс тинк“ (Finance Think). Забрзувањето е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка (1.9%) и значајното интензивирање на јавната потрошувачка (13.3%). […]

Ѝ тргнува ли на економијата: Растот на БДП во третиот квартал бил 3 отсто,


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека за краток период од половина година Владата успеала да ја консолидира економијата, искажувајќи задоволство од податокот за пораст на Бруто-домашниот производ (БДП) за 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година (јули, август и септември).   На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги […]

Растот на германскиот БДП во третиот квартал е помал од првичната проценка


Германскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во третиот квартал за 0,1 отсто во однос на вториот, покажуваат конечните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Ова е за 0,1 процентен поен помалку од првичната проценка и дополнителен проблем за најсилната европска економија, пренесува француската новинска агенција АФП. Германската економија во третиот квартал беше […]

Германската економија продолжува да слабее


  Германската економија ќе ослабне и во четвртиот квартал, предупреди централната банка, отфрлајќи ги оптимистичките прогнози дека растот би можел да забрза кон крајот на годината. Иако прелиминарните податоци покажаа дека германскиот бруто домашен производ (БДП) неочекувано се зголемил за 0,2 отсто во трите месеци што завршуваат во септември, Бундесбанката смета дека нема многу докази […]

„Фајнанс тинк“ смета дека растот на приходите во Предлог-буџетот од 12,8 отсто е нереален


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) оцени денеска дека Предлог-буџетот 2025 покажува знаци на благи структурни поместувања во споредба со претходните години, поголема реалистичност на макроекономските претпоставки, како и одредена но ограничена фискална консолидација, додека критичните точки на проектирањето бараат понатамошен напор кој ќе ја оптимизира развојната компонента и ќе демонстрира […]

БДП во 2023 година пораснал за 2,1 отсто


Државниот завод за статистика денеска соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година изнесувал 897 694 милиони денари и во однос на 2022 година, номинално е зголемен за 10.0 %, а реално за 2.1 %. Најголемо учество на додадената вредност со 18.9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо […]

БДП во вториот квартал со раст од 2,3 отсто


Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3  отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени […]

Растот на американската економија во вториот квартал повисок од првичната проценка


Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите Американски Држави порасна за три отсто на годишна приспособена основа во вториот квартал од оваа година, според втората проценка објавена од американското Министерство за трговија. Ова е за 0,2 процентни поени повеќе од првата проценка и 1,6 процентни поени повеќе од првиот квартал, пренесува француската новинска агенција АФП. Причината […]

Раст на БДП во ЕУ и еврозоната во вториот квартал, пад во Германија


Според сезонски прилагодените податоци, бруто домашниот производ во еврозоната и во ЕУ во вториот квартал пораснал за 0,3 отсто во однос на првиот квартал, покажува првата проценка на европската статистичка служба Евростат. Како што јави француската новинска агенција АФП, растот е нешто поголем од прогнозата на аналитичарите кои очекуваа просечни 0,2 отсто. Во однос на […]

„Фајнанс тинк“: БДП во првиот квартал се зголеми за 1,2 отсто, до крајот на годинава растот ќе биде 2,7 отсто


Во првиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023, оценува институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк (Finance Think) во најновиот Макроекономски монитор. До крајот на годинава, од Фајнанс тинк останува на претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7 […]

БДП по глава на жител вo Северна Македонија е половина од оној на ЕУ


Во Северна Македонија, бруто домашниот производ по глава на жител е 59 отсто под просекот на ЕУ, покажуваат официјалните европски статистики. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок. Европската статистичка служба Евростат денеска соопшти дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се […]

Фајнанс тинк: Во првиот квартал од годинава БДП зголемен за 1,2 отсто на годишна основа


Во првиот квартал од 2024, БДП се зголемил за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции. Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8 отсто, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува доминантен […]

Економијата и натаму „во лер“: БДП во првиот квартал со раст од 1,2 отсто


Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од […]

Што предвидува ЕК во Пролетните прогнози: Македонија со раст од 2,9 отсто годинава


Европската комисија во најновите Пролетни прогнози предвидува раст за Северна Македонија од 2,9 отсто оваа година и 3 отсто во 2025 година, како и намалување на инфлацијата на три отсто годинава и 1,9 отсто иднарта година. Сепак, кд ЕК предупредуваат дека прогнозираните стапки за раст на БДП годинава би можеле да дојдат во прашање доколку […]

Еврокомесар: БДП на земјите што се приклучија на ЕУ во последните 20 години драстично порасна


БДП по глава на жител приспособен според паритетот на куповната моќ во 10-те земји-членки на ЕУ, кои се приклучија на Европската унија пред две децении, „драстично се зголеми“ и ќе достигне 92 отсто од европскиот просек за 10 години, изјави денеска комесарот за економија Паоло Џентилони. Џентилони, презентирајќи ги пролетните економски прогнози, се осврна и […]

Го помина ли германската економија најлошотот: БДП порасна 0,2 отсто во првиот квартал


Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,2 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот, објави во вторникот Федералниот завод за статистика врз основа на прелиминарните податоци. Најголемата европска економија можеби го поминала најлошиот период, велат статистичарите. Германската влада виде повеќе знаци за промена на трендот во својата најнова прогноза. Сепак, […]