Народна банка: Инфлацијата до ноември е 3,1 отсто, растот на БДП е 4,6 отсто во првите три квартали


Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25 отсто, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница […]

За и околу јавниот долг


Со години фискалната политика во Македонија се употребува за редистрибуција на јавните финансии, за генерирање и одржување на клиенти и за интер-генерациска редистрибуција како главен инструмент за водење на популистички политики преку генерирање на јавен долг т.е. за наоѓање на лесни појавни решенија наместо на одржливи решенија за проблемите. Вообичаено македонскиот гласач/клиент делува како да […]

„Фајнанс Тинк“: Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал


Неизвесноста во економијата останува присутна и во четвртиот квартал од годинава поради тековниот бран од пандемијата, забавувањето на темпото на имунизација и појавата на нови соеви на вирусот, како и поради притисоците од растечките цени на храната и енергијата, кои се очекува да бидат присутни и во текот на следната година, оценува „Фајнанс Тинк“ во […]

Ангеловска го стави јавниот долг на увид на јавноста – достигна 5,54 милијарди евра


Јавниот долг во моментов изнесува 5,54 милијарди евра или 48,9 отсто од Домашниот бруто-производ, а до крајот на годинава се предвидува да се зголеми за уште речиси 600 милиони евра и да достигне 50,4 отсто од БДП, како што е и предвидено во Фискалната стратегија 2020-2023 година. Ова денес на прес конференција го рече Министерката […]

Три проценти раст на БДП во третото тримесечје од 2018 година


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е три отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од […]

Анѓушев и Тевдовски веруваат во раст од 3,2 отсто


Падот на градежништвото од 40 отсто во првиот квартал од годинава и вкупниот раст на БДП од 0,1 отсто во истиот период не ги обесхрабрува вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие вчера изразија оптимизам дека македонската економија до крајот на годината ќе расте, и покрај обесхрабрувачките резултати од првиот квартал. Вицепремиерот […]

Ефектите на јавните расходи врз БДП се под очекуваните


Во земјава има многу ниска ефикасност на јавната потрошувачка, мерена според ефектите што ги дава врз Бруто домашниот производ, односно врз динамиката и квалитетот на  економскиот раст и развој, порачува академик Таки Фити. – Ефикасноста на јавната потрошувачка во земјава, односно ефектите на јавните расходи врз БДП се незадоволителни и недозволено ниски. Ако се остави […]

ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот економски тим нема капацитет


  Тешка криза и се заканува на Македонија со црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски кога сметаат дека нешто сработеле со срамниот раст на БДП од 0,1 отсто, оценија од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, економијата доживува колапс. „Растот во првиот квартал од 2018 година во соседна Србија и во Словенија е 4,6% или за 46 […]

За 5,1 отсто зголемен уделот на земјоделството во БДП


Во првиот квартал од 2018 година земјоделството, шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во бруто домашниот производ (БДП) што е раст од 5,1 отсто во однос на истиот период лани кога процентот бил 1,5. Како што соопшти Министерството за земјоделство, повикувајќи се на Државниот завод за статистика, растот се должи на повисоката откупна цена […]

Анѓушев: БДП годинава над три отсто


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека годинава може да се достигне планираниот раст на БДП од 3,2 отсто. Оптимизмот, како што истакна во одговор на новинарско прашње на денешната прес-конфереција во Владата, го темели на фактот што веќе почнаа да растат платите, индустријата е во подем, а од вториот квартал на годинава […]

Членките на НАТО ги зголемуваат воените буџети, но се уште се под два отсто од БДП


Државите членки на НАТО веќе трета година по ред зголемуваат издвојувања за одбрана, но и понатаму, кај голем дел од нив тоа е под зацртаната цел од два отсто БДП, покажува годишната анализа објавена од Алијансата. Според извештајот, лани Велика Британија. Полска, Грција и Естонија ја исполниле или надминале целта од два отсто БДП, наменети […]

Буџетот виси – ќе треба ребаланс?!


Домашната економија падна на колена. Растот на бруто-домашниот производ за 2017 година е нула, со што паѓаат во вода проекциите и за годинава. Сите проекции за приходи и расходи во буџетот за 2018 година беа правени со надеж дека економијата во 2017 година ќе порасне 1,6 отсто, податок кој Државниот завод за статистика вчера го […]

БДП со раст од 1,2 отсто во последниoт квартал лани


Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2017 година забележал раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности […]

Заев: БДП мора да биде над четири проценти за граѓаните да почувствуваат разлика


Коридорот 8 и Коридорот 10, но и другите коридори кои поминуваат низ другите земји биле дел од темите за кои денеска се разговарало на инвестицискиот Самит во Лондон кој е во организација на ЕБОР. Како што соопшти владината прес-служба по Самитот премиерот Заев истакнал дека се работи за сериозни финансиски средства, оти проценката на Коридорот […]

Анѓушев: БДП ќе се зголеми ако порасне извозот


Извозот во бруто домашниот производ учествува со 53 проценти и за да се обезбеди поголем раст на економијата од четири, пет или шест отсто, учеството на извозот во БДП треба да биде меѓу 60 до 70 проценти. Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“ […]

Македонската економија во третиот квартал порасна за 0,2%


Македонската економија за влакно не падна во рецесија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека македонската економија во третиот квартал годинава пораснала за минимални 0,2 отсто. По дефиниција една економија влегува во рецесија кога има пад на БДП во два последователни квартали. Во првиот квартал годинава македонската економија стагнираше односно економскиот раст беше нула. […]

Скопскиот регион најбогат, а истокот најсиромашен


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, најголемо учество во бруто- домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42,9%, додека најмало е учеството на Североисточниот регион со 5,2%. Во скопскиот регион БДП по глава на жител изнесува 6.290 евра по жител. Најмало , само 5 отсто има североисточниот регион. Гледано […]