Армијата добива 78 милиони долари од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите


  Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот на капацитетите за сајбер одбрана. Американската поддршка, како што соопшти Министерство за одбрана, е во насока на достигнување на НАТО целите на способности и зголемување на интероперабилноста со американските вооружени сили и со сојузниците […]

Четириесетина семејства од АРМ и МО добија сопственост на станови од фондот на поранешната ЈНА


Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои се корисници на станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска се стекнаа со сопственост на нивниот имот. Договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот […]

Еден хеликоптер ќе биде испратен во Грција за помош со пожарите, 30 армиски припадници се подготвени ако има потреба


  Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник, Грција во борбата со огнените стихии. Еден хеликоптер на Армијата на Република Севервна Македонија ќе биде испратен да помогне во борбата со пожарите, додека 30 армиски припадници се подготвени да помогнат доколку се јави потреба, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Заедно […]

Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ


Во рамки на активностите по повод 30-годишниот јубилеј на Армијата, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од состав на командата за операции со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. Согласно програмата, Денот на единицата ќе се одбележи со пригодни обраќања на заменик на командантот на вВИНГ, потполковник Игор Чкоров […]

Гардистите и воените оркестри на АРМ и Норвешка настапија на плоштадот „Македонија“


Во рамки на активностите за одбележување на тридеценискиот јубилеј и одличната меѓуармиска соработка на Армијата на Република Северна Македонија со Вооружените сили на Кралството Норвешка денеска на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, голем број граѓани имаа можност да присуствуваат на настап на кралската гарда на Кралството Норвешка и на баталјонот за почести на Армијата […]

ЕКО одбрана – АРМ сама ќе си произведува струја од фотоволтаици


  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска го претстави планот на Министерството за одбрана за повисоки еколошки стандарди во одбраната наречен „ЕКО одбрана“, којшто ќе се спроведува преку четири столба. – Заштита на животната средина и справувањето со предизвиците од климатските промени се меѓу главните приоритети и на Владата, но се дел и од агендата […]

Петровска: Со почит и незаборав за четворицата припадници на Армијата кои загинаа во Вејце


Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден – 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во […]

„Блесок 22′: Подготвени во исполнување на стандардите согласно целите на способност на НАТО


По успешно завршеното оценување на Лесниот пешадиски баталјон во рамки на воената вежба „Блесок 22“, пред присутните, денеска на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на програмата за „Ден на високи гости“, се изведоа вежбовни активности на кои се презентираше нивото на подготвеноста на лпб во изведување на здружени тактички задачи. – Преку изведба на офанзивни […]

Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија


Во кампот за обука „Пепелиште“ денеска се одржа воена церемонија со којашто се означи почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството […]

Петровска: Немаме донесено одлука за испраќање припадници на Армијата на територија на источниот блок на НАТО


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на  НАТО. Доколку биде донесена таква одлука, вели Петровска, јавноста ќе биде информирана. – Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, […]

Одбележување на Денот на баталјонот за специјални сили


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за одбележување на 1 март – Ден на баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата ќе се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин.

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Neptune Strike 22“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе бидат извршени летачки вежбовни активности со воздухоплови од вооружените сили на САД, во рамки на планираните редовни заеднички вежбовни активности на НАТО. Овие вежби се изведуваат како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“, која се изведува во медитеранскиот регион во период од 24 јануари до 05 […]

Во мене гледате сојузник, им порача министерката Петровска на припадниците на Армијата и на МО


Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Северна Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што […]

Успешна година на Армијата и потполно воено интегрирање во НАТО


Втора година со Ковид-19 и сеуште присутни мерки за заштита од коронавирусот, Армијата ја одбележа со бројни успешни настани со кои го зацврстува членство во НАТО. 2021 година беше и година кога се одбележа и една година сојузнуштвото со Алијансата. По мирување од повеќе од 10 години три групи професионални војници отпочнаа и успешно го […]

Министерството за одбрана ги унапредува квалитетот и безбедносните стандарди за безбедносните служби


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, ќе изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање. Како што соопшти Министерството за одбрана, објектот се наоѓа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. По направениот увид, министерката Шекеринска ќе даде изјава за медиумите. 

Пендаровски брифиран за подготвеноста на Армијата: Успешно положен тестот од првата годишнина како членка на НАТО


Пред претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше презентирана состојбата со борбената подготвеност на Армијата на Република Северна Македонија во тековната година, кое е редовна обврска на началникот на Генералштабот кон врховниот командант. На брифингот, од страна на началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и директорот на […]

Годишно реферирање за борбената готовност на Армијата


Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира врховниот командат на вооружените сили и претседател на државата Стево Пендаровски за борбената готовност на Армијата во тековната 2021 година. На реферирањето, кое е редовна годишна обврска на началникот на Генералштабот, ќе биде презентирана состојбата во Армијата по функционалните области кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, моралот, операциите во земјата и […]

Прием на нови 100 професионални војници во Армијата


Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска ќе се одржи церемонија за прием на 100 професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата, како што е најавено, ќе се обрати министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. 

Бесплатен оброк за припадниците на Армијата, проектот ќе почне со гарнизонот во Штип


Бесплатен оброк за сите припадници на Армијата, најавија денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Тие соопштија дека за почеток бесплатен оброк ќе биде обезбеден за гарнизонот во Штип, а потоа и за другите припадници на Армијата. – Во изминатите неколку години, државата почна повеќе да го […]

Армијата има најголема доверба кај граѓаните – 47 отсто, судството и обвинителството на дното со само 8 отсто


Армијата, претседателот и религиозните институции  се трите сектори во земјава што уживаат најголема доверба на граѓаните, додека  судските инстанции уживаат најниска доверба. Последното истражување реализирано од Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК, покажува дека граѓаните во државата најголема доверба имаат во Армијата (47 проценти), потоа следи институцијата претседател на државата (31 отсто) и на трето […]