Петровска ќе информира за набавката на нови хеликоптери за Армијата


Министерката за одбрана во техничката Влада Славјанка Петровска, денеска на брифинг со претставниците на медиумите ќе информира за набавката на нови хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија. На брифингот, како што соопшти Министерството за одбрана,  презентација ќе одржи заменикот командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Игор Чкоров. 

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и го оневозможи синдикалното делување


Независниот синдикат на професионални војници, денеска информираше дека Министерството за одбрана ја има сопрено уплатата на членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување и организирање. Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници, Александар Насковски, вели со оваа постапка се прекршува колективниот договор на Министерството за одбрана, Законот за работни односи и […]

АРМ набавува хеликоптери од Италија, тенкови од САД, артилерија од Франција и Турција


Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во интервјуто за 360 степени најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако во рамките на Министерството и Армијата, понудата на италијанската компанија „Леонардо“ била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на армијата. „Пред […]

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори


Од вкупно 1144 пријавени кандидати, на 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. – На Македонија и требаат храбри, подготвени и одлучни девојки и момци кои секогаш ќе бидат таму каде што е најпотребно, бранејќи ги државните интереси и штитејќи ги НАТО сојузниците, […]

Македонската армија ќе се вооружува со дронови


Македонската армија наредната година ќе влезе во процес на набавка на дронови, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска. Гостувајќи на Клик плус на ТВ21, таа рече дека процесот веќе е започнат. „Анализата која јас ја најавив пред неколку месеци е направена. Генералштабот на Армијата со соодветните единици ја заврши оваа анализа која што покажа каде, […]

Армијата одбележува 31 година постоење


Армијата на Северна Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со […]

Македонија подготвена да испрати војници на помош во Словенија


До Центарот за управување со кризи како контакт точка на Република Северна Македонија преку НАТО механизмот за помош при катастрофи (Евро-атлантски координативен центар за одговор на катастрофи) пристигна барање за помош на Словенија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска по консултации со Генералштабот на Армијата, извести дека Армијата на Република Македонија е подготвена да испрати 100 […]

Командир од тетовската касарна поттикнал колешка да побара поткуп од 3.000 евра


Поведена е истрага против 45-годишен командир од тетовската касарна, кој минатиот месец, поттикнал 23-годишна колешка да побара поткуп од 3.000 евра од колега за да стане офицер. Обвинителството бара судот да му одреди притвор на осомничениот. Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во […]

Објавена книга со интервјуа по повод 30 години македонска Армија


„Студентски сервис“ од Скопје ја објави книгата „30 години македонска армија: Од работ на бездната до НАТО-армија низ етерот на Македонското радио – Радио Скопје“ на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и на проф. д-р Трајан Гоцевски, професор и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на […]

Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. На презентацијата на новите […]

Припадничка на АРМ барала поткуп од кандидат, остана без работа


Припадничка на АРМ била приведена и ќе остане без работа, затоа што од кандидат побарала 3.000 евра поткуп, за тој да биде примен на оглас објавен од Армијата. Како што соопшти министерката за одбрана преку нејзиниот Фејсбук профил, вчера во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и […]

Петровска: Набавката на возилата од САД се одвива согласно планот


Набавката на возилата од САД за Армијата се спроведува согласно диманичниот план, пристигнати се на пристаништето во Солун и ќе бидат испорачани во касарната во Штип, информираше денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнувањето на активностите за мултинационалната вежба „Брз одговор 23“. – Набавката на […]

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини


Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, […]

Македонската армија набавува модерни оклопни возила и транспортери, а се ослободува од застарените од 1984 година


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на брифинг со уредници и новинари информираше за процесот на модернизација и опремување на Армијата со кој во континуитет се менува ликот на Армијата и се зголемува нејзината борбена готовност. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении, министерката порача дека станува збор за сеопфатни […]

Министерството за одбрана и Армијата испратија шлепер со хуманитарна помош кон Турција


Согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош. Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора.  Пратката ќе биде доставена до […]

(Видео) Војниците од АРМ извлекоа 5-годишно дете од урнатините во Турција


Армијата помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш.   Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините.   По шестчасовно […]

Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ


Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. – Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа […]

Македонски војници ќе вежбаат активности во зимски услови во Црна Гора


Меѓународната воена вежба „Заеднички предизвик 23“ ќе се одржи во Црна Гора од крајот на јануари до средината на февруари. Министерството за одбрана соопшти дека вежбата чиј домаќин ќе биде Армијата на Црна Гора, ги обединува вооружените сили на повеќе земји, јави РТЦГ. „На вежбата ќе учествуваат повеќе од 250 припадници на вооружените сили на […]

Во велешката касарна најден починат 59-годишен гевгеличанец вработен во армијата


Во Полициската станица Велес вчера било пријавено дека во канцеларија во касарната на Армијата во Велес бил пронајден починат  59 годишниот С.А. од Гевгелија, вработен во армијата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира денеска портпаролот на СВР Велес,Ристе Самарџиев. Тој појасни дека  извршен бил увид од увидна екипа од […]