Ангелов ја предаде функцијата на новиот директор на ЦУК Мухамед Аљи


Денеска, во просториите на ЦУК, довчерашниот директор Стојанче Ангелов, му ја предаде функцијата на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување. „Верувам дека за него ќе биде тешко да го следи моето работно темпо но исто така верувам дека е подготвен да даде се од […]

Ангелов: Годинава снегот нема да нѐ изненади


Претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека како држава сме подготвени за престојната зимска сезона и за врнежите од снег. Денеска имаше координативен состанок за чистење на снег од патиштата и помагање на жители во завеани региони, на кој присуствуваат претставници на УХМР, МВР, ЈПДП, ДЗС, Министерство за локална самоуправа, Железници, АД Водостопанство, преставник на […]

Ангелов: Состојбата со пожарите се влошува, внимателно да не предизвикате пожар!


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите повторно се влошува и апелира до граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожар. „Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш […]

Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, вели Ангелов


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните доколку забележат потпалувачи или сомнително движење, да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица. – Ги повикувам сите граѓани доколку забележат сомнително однесување, односно некое лице им е сомнително дека можеби подметнува пожар или е невнимателно, пали стрниште […]

ЦУК бара да се вклучиме во НАТО механизмот за помош – така може да се донесат искусни пожарникари


Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека денеска седница одржувала Управувачкиот комитет, на која донеле одлука за да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош. -Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина […]

Ангелов: Во ЦУК и ДЗС има превработеност на одредени позиции, а нема луѓе таму каде што треба


На системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа. Ако се спојат ЦУК и ДЗС, би се добила една функционална институција, но и специјална единица за заштита и спасување со 120 луѓе за почеток, која би била мултифункционална – летно време ќе гасне пожари, а истовремено може да спасува и луѓе ако се […]

Ангелов: Пристигнаа романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, ќе го гаснат пожарот под Солунска глава


Пристигна големиот романски противпожарен авион „Спартан“ кој фрла т.н. водни бомби од повеќе од пет тони. Како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“. Ќе започнат да дејствуваат набргу во гаснењето на пожарите, изјави денеска директорот на Центарот за упрување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој информира дека утрово, во 5 часот, одржал […]

Ангелов: Во гаснењето на пожарите ќе се вклучат и два романски авиони


Кон пожарот на планината Серта, во неготинскиот дел, кај село Калањево испраќаме четири хеликоптери, од кои два наши армиски хеликоптери, еден полициски, а нив ќе им се придружи и еден црногорски хеликоптер. На територија на општина Гевгелија, над село Негорци испраќаме два словенечки хеликоптери, на територија на општина Ново Село, на планината Огражден, на самата […]

Како да добиете обесштетување ако сте претрпеле штети од природни непогоди?


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, денеска соопшти за начинот на обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди и други несреќи. Ангелов вели процената и утврдувањето на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи во согласност со Закон за заштита и спасување ја вршат единиците на […]

Ангелов неуморен: Од спасување на Пчиња, на ревијален натпревар во стрелаштво


Денеска, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, во знак на поддршка на спортското стрелаштво во нашата држава, ревијално учествуваше на 18-етиот Меѓународен отворен стрелачки турнир ГРАН ПРИ СКОПЈЕ 2024 (18-th International Open Shooting Tournament GRAND PRIX SKOPJE 2024). Ова годишно традиционално интернационално натпреварување во повеќе стрелачки дисциплини го организира и реализира Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ), […]

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница


Владата одлучи на следната седница да се донесе одлука во врска со кадровското решение во Центарот за управување со кризи, наведува владината прес служба во соопштение за одлуките од денешната 12. владина седница. Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и директор на ЦУК, претходно денеска изјави дека доколку Владата и техничкиот премиер Талат Џафери го разрешат, […]

Ангелов без противење ќе прифати разрешување од Џафери


Како премиер (Талат Џафери) има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема […]

Џафери утре ќе разговара со директорот на ЦУК: Сметам дека ќе заврши со разрешување


Техничкиот премиер Талат Џафери денеска најави дека утре ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов откако тој во неделата најави дека излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ.  – Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе […]

Ангелов: Две години го обезбедував М-НАВ – да влетаа така во Њујорк, Париз, Атина ќе беа „решени“


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пред да биде назначен за директор го обезбедувам М-НАВ, па сведочи што би се случило доколку насилници влетале во негово време така во просториите на оваа агенција.  – Пред да бидам именуван за директор на ЦУК, две години работев како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за […]

Ангелов повторно отстранува опасни коцки бетон од мостот во Визбегово – надлежните од Бутел и од Скопје, глуви


Бетонски коцки се ронат од мостот кај Визбегово, а постои опасност да паднат врз коловозот под мостот, па некој да настрада, но на оваа опасност укажува само директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој по втор пат го посети мостот. ЦУК повторно упати известување и покана до дел од надлежните институции за […]

БЕСА му возврати на Ангелов, најави дека „законски“ ќе го урне крстот


„Однесувањето на владин фукционер како Стојанче Ангелов само уште еднаш потврдува дека поставувањето на крст на Попова Шапка не е во чест на верата туку политичка провокација. Само политички очајници и губитници можат да се обидуваат да печалат поени со предизвикување етнички тензии на верска основа. Ова е на штета на православните верници кои некој […]

Ангелов: Јапонски метод на македонски начин за спречување поројни поплави во Радовишко


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот беше на теренска обиколка на планината Плачковица од rадовишка страна, над највисокото село Коџалија, соопштија од ЦУК. Како што информираа оттаму, посетата е во рамки на завршниот регионален семинар „Проектот за градење […]

(Видео) Ангелов ќе побара отстрел на мечката што нападна човек


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информира за барањето поднесено до МВР за целосно расветлување на случајот со нападот на мечка врз 76-годишно лице од с.Пласница, во Општина Пласница. Центарот за управување со кризи информираше дека поведуваат процедура пред надлежните министерства за земјоделство и за екологија, да извршат процена дали се исполнети условите […]

Ангелов со апел: Имаме 60 пожари, алармантно е


Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. – И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата […]