Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени


Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж […]

Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар, доволна е искра за вистинска катастрофа


Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност.  Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се […]

Нападнати пожарникари во Прилепско


Прилепчанец, кому му изгорела шталата каде чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кога пожарникарите пристигнале, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат.  Се претпоставува дека бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да размисли дека […]

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод


Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а […]

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата


Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, […]

Ангелов: Најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат на располагање на ДЗС во сезоната на пожари


Операционализацијата на идејата дека најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат достапни секој ден во текот на летото, во сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше договорена на денешниот состанок на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни здруженија. „Постигнавме договор секое Здружение […]

Уништени две хемиски гранати со боен отров од Првата светска војна на АП Криволак


 Уништени се две хемиски гранати со боен отров во текот на вчерашниот ден на армискиот полигон Криволак, соопштија на денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата. Двајцата укажаа дека евентуалната нивна експлозија во неконтролирани услови може да предизвика штетни па дури и фатални последици по […]

Ангелов се сомнева дека пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува


По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се  подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители.  -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. […]

Ангелов во Хрватска: Се разгледува можност ер-тракторите да се сервисираат таму


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов од вчера е во дводневна работна посета на Хрватска. Како што информираат од ДЗС, на вчерашната средба со Ивица Видовиќ, директор на Воздухопловно техничкиот центар на Хрватска, била разгледана можноста за сервис на ер тракторите на ДЗС во овој Центар. – Во текот на вчерашниот […]

Ангелов очекува денеска да заврши затрупувањето во Дрисла, поставени се термални камери кај Вардариште


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето. – Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот […]

Ангелов: Продолжи затрупувањето во Дрисла, чадењето е делумно намалено


Продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадење, кое според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стојанќе Ангелов е намалено, но се уште присутно.  – Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско […]

„Дрисла“ нема ограда, имало три неуспешни обиди за потпалување


Полицијата ќе испитува дали вработени во „Дрисла“ или пак надворешни лица имаат удел во пожарот што веќе неколку дена гори на депонијата, најави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој информира дека до вечерва, а најдоцна утре ќе биде затрупана со земја […]

По избори Владата трајно ќе ги решава проблемите со депониите „Дрисла“ и Вардариште


Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спарување, Стојанче Ангелов ќе побара од надлежните институции да се направат дополнителни испитување на составот на отпадните води кои се создаваат на депонијата „Дрисла“ и да се утврди каква е опасноста од нив. Нагласи дека по изборите ќе се пристапи кон трајно решавање на состојбата на депониите „Дрисла“ […]

(Видео) Забрана за движење во Вардариште – „Дрисла“ ја презема Главниот штаб за управување со кризи


Пожарот во депонијата „Дрисла“ ќе се обидат да го сузбијат со затрупување со земја, бидејќи гасењето со вода не дало резултати. – Скопските пожарникари, во текот на целата ноќ се обидуваа да го изгаснат пожарот којшто вчера попладне изби на депонијата „Дрисла“ во Скопје. За жал, гаснењето со вода не даваше резултати, поради што  се […]

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка


Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им […]

За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари


За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари, како и дводневната обука со теоретски предавања и многу малку безбедносна пракса, по што тие ќе бидат распоредени низ територијалните противпожарни единици. Групата од Скопје која брои нешто повеќе од 40 лица, ќе биде распределена во рамки на ДЗС. […]

(Во живо) Словенија и Франција се понудиле да ни помогнат во гасење на пожарите – со тимови од по 50 пожарникари и специјални возила


Директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес конференција  информира за состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на државата. – Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните […]

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.  – Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму […]

Лично на Ангелов да се пријават инспекторите кои бараат пари за некакво одобрение


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска ги повика граѓаните да му пријават лично нему ако некој од Дирекцијата им бара пари за да добијат одредено одобрение. „Во јавноста постојат многу шпекулации и оговарање дека инспекторите од Дирекцијата бараат пари за да завршат некоја работа. Јас такви информации сè уште немам, […]

Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор: Ангелов почнува од нула


Стојанче Ангелов, новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека Дирекцијата се подготвува за престојните пожари, но во моментот нема ниту еден ер-трактор, сите авиони се на сервис. „Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно […]