Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност


  Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Таа посочи дека проекциите на меѓународните финансиски институции во […]

Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата, структурни реформи за отпорност на економијата


Догодина очекуваме постепено забавување на инфлацијата, којашто на среден рок би се вратила на историските стапки од околу  два процента, вели гуверерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежовска, во новогодишна  белешка, порачувајќи дека  се неопходни структурни реформи коишто ќе ја зајакнат отпорноста на економијата, како одговорно, стратешки и одржливо делување на носителите на политиките. Таа […]

Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава


  Растат штедните влогови на граѓаните. Од почетокот на годината тие се повисоки за 130 милиони евра. Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити. Довербата во домашната валута се задржа, за што се доказ и операциите на централната банка на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи, вели гувернерката на Народната […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите


  „Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред […]

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Стабилизирањето на инфлациските очекувања е приоритет за централните банки


  Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот […]

Ангеловска-Бежоска и Бесими на Годишните средби на ММФ и Светската банка  


 Делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, Соединетите Американски Држави. Како што соопшти Народната банка, во рамките на Годишните средби […]

Ангеловска-Бежоска се сретна со претставници на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст


  Соодветната поставеност на политиките коишто ги спроведува Народната банка (НБ) во изминатиот период на здравствената криза и во моментов овозможува одржување на макреокономската стабилност на земјата, којашто е поддржана и од стабилноста на банкарскиот сектор, посочија претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст на денешната средба со гувернерката Анита […]

Ангеловска-Бежоска: Народната банка презема соодветни мерки за справување со инфлацијата


  Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска денеска имаа работна средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, шефица на Економскиот оддел при Делегацијата на ЕУ, Мари-Мадлен Канелопулу и економскиот советник во Одделот за операции при Делегацијата на ЕУ, Алесандро Занота. На средбата е разговарано за актуелните економски случувања и за последиците врз европската […]

Ангеловска-Бежоска: Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско знаење


  Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско значење за одржување на макроекономската стабилност и одржлив економски раст, порача денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Цената којашто треба да се плати: Како да се заузда инфлацијата? Видувања на централни банки и министерства за финансии“ што се одржува во рамки на состанокот на […]

Половина милијарда долари се тековните проекти во земјава поддржани од Светска банка


  Четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка за периодот 2019-2023 година, е веќе целосно исполнета преку имплементација на проекти во земјава. Тековното портфолио на Светска банка во земјава се состои од девет проекти во износ од околу 480 милиони долари, од кои најголем дел се од областа на инфраструктурата. Дополнителни средства од околу 80 […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Сараево


  Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе присуствува на состанокот на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, којшто годинава ќе се одржи од 14 до 16 септември во Сараево, Босна и Херцеговина. На средбата под наслов „Од криза до закрепнување“ ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Светската банка, […]

Преку платежна сметка граѓаните ќе можат да извршуваат трансакции


Законот за платежни услуги и платни системи, чии одредби стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година, беше една од темите на редовната координација помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими и нивните тимови. Новиот закон содржи одредби со кои ќе се поттикне влез на нови даватели на платежни […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Боуман: Политиките на Народната банка се столб на макроекономската стабилност


Народната банка спроведува политики коишто придонесуваат за одржување на макроекономската стабилност на земјава. Водењето политика на стабилност е од особено значење во време кога речиси сите економии во светот се соочуваат со енергетска криза и ценовни притисоци, коишто сѐ уште траат заради војната во Украина, било истакнато на средбата што гувернерката на Народната банка Анита […]

Ангеловска-Бежоска: Денарот ќе биде сидрото на стабилноста на нашата економија


Денарот ќе биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, порачува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во писменото обраќање по повод 30 години од монетарното осамостојување.  – Денеска одбележуваме важен јубилеј, паметник на градењето на нашата држава. Пред 30 години, под палката на Комисијата за монетарно осамостојување, беше воведена нашата национална валута ‒ денарот. Воедно, беше воспоставена институционалната рамка […]

Ангеловска-Бежоска – Душарм: Квалитетната статистика на Народната банка е придобивка за целата економија


Народната банка забележува исклучителни успеси во остварувањата во сферата на статистиката, што е од големо значење за економијата во целина, бидејќи овие податоци се основа за носење правилни одлуки од страна носителите на политиките и од корпоративниот сектор. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Одделот за […]

Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата


Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од […]

Ангеловска-Бежоска: Не треба да се откажуваме од придобивките од финтек-секторот, постојано да ја јакнеме заштитата против кибернападите


Кибернападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој, но поради овие закани, не треба да се занемарат придобивките што ги носи финтек-секторот, туку да се гради систем од страна на банките и нивниот регулатор, којшто соодветно ќе одговори на предизвиците, оценија учесниците на денешната работилница што Народната банка ја организираше со новинарите. Гувернерката на Народната […]

Засилена контролата на менувачниците за да се спречи шпекулативно однесување


Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата


Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Банкарскиот систем има капацитетот да се справи со евентуалните шокови, а истовремено и да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот […]

Ангеловска-Бежоска: Одлуката на ЕК за банкарската регулатива и супервизијата на НБ, позитивно ќе влијае врз странските инвеститори


Позитивна перцепција за домашниот банкарски систем од страна на странските инвеститори, негова поголема интеграција во европскиот финансиски систем и подобри можности за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Ова се придобивките за нашиот финансиски систем и економијата, од одлуката на Европската комисија, со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто […]