Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард


Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих […]

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност не може да биде замена за суштинските структурни реформи


На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, се осврна на клучните монетарни и финансиски аспекти поврзани со макроекономската состојба и реформските процеси во нашата економија. Таа нагласи дека, и покрај серијата економски и геополитички шокови во […]

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на СБ: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста, таа е околу половина од европската


Економијата постепено закрепнува од шоковите, а нивото на доход изнесува околу 42 проценти од европското. За побрза доходовна конвергенција и за намалување на овој јаз важни се структурните реформи со кои ќе се зголеми потенцијалот за раст којшто во изминативе две декади во регионот на Западен Балкан, вклучително и во нашата економија, е речиси преполовен. […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг: Народната банка презема мерки за поттикнување на зелените финансии


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во Вашингтон остварила средба со извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг, на која се разговарало за залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги коишто ќе обезбедат премин кон еколошки одржлива економија. Од Народната банка денеска соопштија дека на средбата акцентот бил […]

Средба со заменикот на генералниот директор на ММФ: Силна и независна централна банка – клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност


Силна и независна централна банка е клучот за одржување на стабилноста во услови на неизвесност, било истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, на маргините на Годишните средби на ММФ и Светската банка. На средбата, како што соопшти Народната банка, присуствувала […]

Ангеловска-Бежоска на пролетните средби во Вашингтон: Носителите на политиките ќе разговараат за светската економија


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата земја на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што се одржуваат во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата учествуваат и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска, информираат од […]

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.


„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, […]

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост


„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска отвореност имаат поголемо ниво на родова еднаквост. Според Извештајот на Светската банка фирмите извознички вработуваат повеќе жени ‒ жените се една третина од работната сила во споредба со помалку од четвртина во фирмите коишто не […]

Ангеловска-Бежоска на Регионалната средба на гувернери на централни банки: Трговските препреки може да се одразат на економиите во регионот


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна […]

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените клучен фактор за економски напредок


 Во 2021 година разликата во поседувањето платежни сметки меѓу мажите и жените на светско ниво се намалила на 6 процентни поени, но сè уште има поголема веројатност дека жените ќе располагаат со неактивни сметки и ќе имаат помал пристап до финансиски услуги. Слична е состојбата и во земјава. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во […]

Средба на Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај: Политиките на централната банка придонесуваат за макроекономската стабилност


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во посета на нашата земја во рамките на редовната мисија на ММФ за оцена на макроекономските политики на земјата. На средбата се зборуваше за политиките на централната банка во изминатиот период на последователни кризи, како и […]

Средба Ангеловска-Бежоска и Камер: Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, на маргините на конференцијата на високо ниво „Справување со геоекономската фрагментација“, во организација на Холандската централна банка, соопшти Народна банка (НБ). – Независноста на централната банка е јавно добро што мора да се зачува. Централните банки можат успешно да ги […]

Средба Ангеловска-Бежоска – Палминтери: Народната банка цврсто чекори кон Европскиот систем на централни банки


Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Италија во земјава, Паоло Палминтери. Во оваа смисла беше нагласено значењето на поднесеното барање за […]

Народна банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на корисниците на банкарските услуги


Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на ОПМ Мирјана Лончар-Велкова потпишаа Анекс на Меморандумот за соработка. Со овој документ, како што соопшти Народната банка, двете институции дополнително се обврзуваат […]

Ангеловска-Бежоска: За да се искористат предностите од СЕПА, најважно е банките да се подготват оперативно


Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните аспекти за приклучување кон системот за плаќање во евра СЕПА“, на која учествуваа претставници на Светската банка, Европската централна банка, Европскиот платежен совет, на Италијанската асоцијација на банки и на други финансиски институции. „Би сакал […]

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст


  Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер.  Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува […]

Средба на Сиљановска-Давкова со Ангеловска-Бежоска: Се очекува ценовна и финансиска стабилност


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја примила гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информирала за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка. На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, било констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат […]

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата


Монетарното затегнување од страна на централните банки одигра битна улога во контролирањето на инфлацијата, иако таа не беше стандарден монетарен феномен, туку одраз на повеќе фактори, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во својата дискусија на гувернерската панел-дискусија на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на Инвисо (конференциите на „Еуромани“), кој се […]

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на денарот е загарантирана


Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и […]

Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за раст на економијата


Народната банка за наредната година очекува умерено забрзување на растот којшто би се искачил на 3,3%, со позитивен придонес од сите компоненти на растот, меѓу кои и најавениот јавен инвестициски циклус и повисокиот прилив на странските директни инвестиции. Се очекува забрзување на извозот со понатамошно закрепнување на светските услови, како и позитивен придонес на личната […]