Ангеловска-Бежоска − Васле: Банкарскиот систем се справи со економските предизвици


Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и имаа клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Ова се дел од пораките што ги упатиле гувернерката на Народната банка, […]

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем важен фактор за побрза конвергенција кон ЕУ


 Банкарските системи во регионот успешно се справија со кризата, а нивната отпорност дополнително беше зајакната, обезбедувајќи им финансиска поддршка на економиите. Во однос на македонскиот банкарски систем, и покрај кризите адекватноста на капиталот беше зајакната, нефункционалните кредити се намалија на историски ниски нивоа, ликвидноста и натаму е солидна и стабилна, а кредитирањето е на солидно […]

Ангеловска-Бежоска: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст


– Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата економија е пример за мала и отворена економија успешно интегрирана во глобалните трговски текови. Притоа, извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст и поддршка на платнобилансната позиција на економијата со позитивно […]

Ангеловска-Бежоска – Лујен Д. Тран: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска остварила средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која станало збор за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба, како што соопшти Народната банка, била нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: Народната банка спроведе успешни политики за справување со инфлацијата


Народната банка успешно се справи со шоковите во изминатите години, намалувајќи ја инфлацијата, додека силната регулативна рамка и кредибилноста на централната банка придонесоа за задржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата на заменикот на генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со македонската делегација во чиј состав се гувернерката на Народната банка, […]

Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен ‒ девизните резерви се зголемени за 40 отсто за пет години


Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ


Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија […]

Гувернерот на централната банка на Австрија во посета на НБ: Во фокусот Планот за раст на Западен Балкан


Преку постојано усогласување со најновите стандарди и практики и непрекинато зајакнување на институционалниот и аналитичкиот капацитет, Народната банка ги следи високите критериуми на Европскиот систем на централни банки и со тоа придонесува кон понатамошниот евроинтеграциски процес на земјата. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите, Ана Митреска, Емилија Нацевска […]

Ангеловска-Бежоска: Поголема застапеност на жените на пазарот на труд за поголема отпорност и раст на економиите


  Родовиот јаз во светски рамки и натаму е висок и според Извештајот за глобалниот родов јаз од 2024 година, тој изнесува 32%. Процените говорат дека за да се затвори овој јаз ќе бидат потребни дури 152 години, што е значително повеќе во однос на периодот пред пандемијата. „За да се отстранат препреките и за […]

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен


Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при […]

Унапредување на соработката и дигитализација на процесите во фокусот на средбата на гувернерката и директорот на Царинската управа


Соработката меѓу Народната банка и Царинската управа и активностите за нејзино продлабочување биле во фокусот на средбата меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Царинската управа Бобан Николовски. На средбата, како што соопшти денеска Народната банка, се разговарало за натамошната дигитализација на процесите на двете институции, особено поврзани со обезбедувањето податоци преку Системот за обработка […]

Средба Ангеловска-Бежоска – Гир: Членството во СЕПА еден од приоритетите на ЕУ за побрза интеграција на Западен Балкан


Членството во СЕПА е еден од приоритетите на Европската унија за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан, констатирале гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска со амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Како што соопшти денеска Народната банка, амбасадорот Гир ги поздравил напорите на Народната банка за поднесување на барањето за членството во СЕПА […]

Ангеловска-Бежоска: Геоекономската фрагментација како предизвик, но и можност за економска трансформација на Западен Балкан


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на меѓународната конференција „Повторно поврзување на глобалната економија“, на која најпрво се обрати заменик извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат, свое обраќање имаше и извршната директорка на Банката за меѓународни порамнувања, Андреа Махлер, а учествуваа гувернери од повеќе земји во светот. „Геоекономската фрагментација претставува ризик за глобалната економија. Иако […]

Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра


Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра.   СЕПА е иницијатива на Европската банкарска и платежна индустрија претставувана од […]

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишното генерално собрание на БИС


Во рамките на Годишното собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска присуствуваше на средбата на жените гувернери и заменици на гувернери на која се сретна со гувернерката на централната банка на Норвешка и заменик-гувернерките на Канада, Финска и Турција. На средбата беше истакнато дека иако минатата година инфлацијата бележеше надолен тренд, а […]

Ангеловска-Бежоска – Ханиг: НБ е добар пример за промовирање на финансиската едукација и вклученост


Напорите и залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги на населението се препознаени и од меѓународните институции како одличен пример на финансиска едукација и вклученост. И натаму треба да се вложуваат напори со цел натамошно зголемување на пристапот до финансии, којшто е предуслов за повисока економска активност и доход. Ова беше истакнато […]

Ангеловска-Бежоска: Извештајот на ММФ покажува висока транспарентност на Народната банка


На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги презентира позитивните искуства од оцената на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновите стандарди за транспарентност на ММФ. На настанот којшто се одржа во Обединетиот виенски институт учествуваа и експерти од ММФ и од Швајцарската централна банка, информираат денеска од Народната банка.  Оттаму […]

Ангеловска-Бежоска: Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност


Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност, како важен предуслов за раст на економијата, порача гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на 11. Регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора. Како што посочи, кризите […]

Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви, но со мерките на НБ стабилноста се одржа


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на економскиот форум „По бурата: Управување со енергетската и прехранбената стабилност на Западен Балкан“, во организација на аналитичкиот центар „Фајненс тинк“,  истакна дека енергетскиот шок со кој се соочи светот изминатите две години беше посилен од кризата во ‘70-тите години од минатиот век. Овој ценовен шок […]

Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Политиките на Народната банка клучни за макроекономската стабилност


Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4%, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30% во однос на периодот пред пандемијата, а […]