Албанија на 15-то место во светот по кибер безбедност


 Албанија постигна извонредно достигнување во областа на кибер безбедноста, рангирајќи се на 15-то место во светот со 85,00 поени, според Националниот индекс за сајбер безбедност (НЦСИ). Националната агенција за кибер безбедност, во соопштение за медиумите, нагласува дека овој резултат претставува зголемување од 39 позиции во споредба со 2023 година, кога Албанија беше на 54-то место […]

Разрешен заменик-министер во Албанија затоа што пушел цигари во ресторан во САД


Mинистерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, донесе одлука да го разреши својот заменик, Анди Махила, поради непочитување на забраната за пушење во угостителски објект. Во Фејсбук објава на својата официјална страница, таа истакна дека до ваквата мерка дошло откако добила претставка од албански државјанин кој живее во Њујорк. Според жалбата, Махила за време […]

ЕУ: Албанската јавност е лишена од информации за владината програма


Делегацијата на Европска Унија во Тирана соопшти дека на вчерашната тензична пленарна седница „јавноста беше лишена од информации за владината програма, а Парламентот има клучна улога во носење на законските реформи поврзани со ЕУ“. Делегацијата на ЕУ нагласи дека Парламентот треба да биде форум за конструктивна дебата, каде што се дискутираат политиките и се презентираат […]

За шест месеци туристите во Албанија потрошиле 2,1 милијарди евра, албанските граѓани во странство 1,3 милијарди евра


Централната банка на Албанија објави дека во првата половина од годинава, земјата ја посетиле над 4,7 милиони туристи, кои потрошиле 2,1 милијарди евра, што е за 1,9 милијарди евра или 7,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. „Секој турист просечно потрошил по 440 евра наспроти 428 евра во истиот период лани, што значи […]

Албанија на брза лента кон ЕУ. на 16 септември ќе ја одржи следната меѓувладина конференција


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека на 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија. Во објава на Фејсбук тој оценува дека ова е „важен чекор за Албанија кон нејзиниот пат кон членство во Европската Унија”. Тој додаде дека на следната меѓувладина конференција со ЕУ  се очекува да бидат отворени 4 […]

Археолози во Албанија открија римска гробница што припаѓала на побогатата класа на антички Римјани


Археолози во Албанија открија голема римска погребна комора што датира од третиот до четвртиот век од н.е., прва од ваков вид пронајдена во балканската земја што некогаш била дел од Римското Царство. Откако мештаните ги информирале дека забележале необични камења на плато во близина на границата со Северна Македонија, персоналот на Институтот за археологија започнал […]

Албанија на крајот на јуни со најниска минимална плата во Европа


 Албанија има најниска минимална плата не само регионот, туку и во Европа, се наведува во најновиот извештај на Евростат (Eurostat). Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра. Во регионот, највисока бруто месечна минимална плата има во Црна Гора, 670 евра. Следна на ред е Србија, со 618 евра, и […]

Албанија го губи својот скриен сјај


  ЈАЛЕ, Албанија — Три и пол часа јужно од главниот град Тирана, кривулест пат води до плажа од 300 метри со кристално сини води и песок со камчиња. Тука, на работ на Јонското Море, посетителите можат да изнајмат лежалка за 10 евра, под претпоставка дека ќе најдат паркинг покрај земјениот пат и нема да […]

Во Албанија има околу 22 илјади странци со дозвола за престој, 54 отсто се за работа


Се шири географијата на странски државјани кои доаѓаат во Албанија поради работа, семејно обединување или други причини, при што оние со потекло од Косово, Италија и Турција го сочинуваат најголемиот процент, објави Институтот за статистика (ИНСТАТ). „На крајот на минатата година, бројот на странци со дозволи за престој во Албанија изнесува 21.940, што е зголемување […]

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион


 Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3 проценти, по што следува Норвешка со 99,1 отсто, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (MIA- Media and Information Agency). – Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е […]

Загрижувачки пад на бројот на учениците во Албанија


Предуниверзитетскиот образовен систем во Албанија доживува силен пад на бројот на учениците бидејќи според податоците од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во минатата  учебна, 2024/25 година, имало над 11.000 ученици помалку, споредено со претходната учебна година. Најзначајно намалување е забележано во основното образование, каде имало околу 7.000 ученици помалку, додека во средните училишта бројот […]

Албанија – црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште


Досега во пожарите што ја зафатија Албанија опожарени се 55.154 хектари земјиште, со што земјата продолжува да биде на прво место во регионот по вкупно изгорени површини.  -2025 година го регистрира најцрниот рекорд за штети предизвикани од пожари во последните пет години. Минатата година, во земјата беа изгорени 46.623 хектари, додека претходните години имаше пониски […]

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш


Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината […]

Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични


Албанскиот  министерот за одбрана Пиро Венгу  изјави дека денеска има 30 активни пожари низ целата земја, од нив пет се најкритични. За медиумите подвлече дека продолжува максималната ангажираност за гаснење на пожарите од земја и воздух и изрази благодарност до земјите кои се одѕвале за помош. -Покрај противпожарни единици, армиски и полициски сили, доброволци, во […]

Јавниот долг на Албанија 54,02 отсто од БДП, најниско ниво во последните десет години


Јавниот долг на Албанија продолжи да се намалува во текот на тековнава година, кој на крајот на јуни, достигнал ниво 54,02% од БДП, наспроти 54,21% на крајот на 2024 година. Ако се претвори нивото на јавниот долг во вредност, на крајот на јуни, тој се проценува на 14,1 милијарди евра, во споредба со 14,2 милијарди […]

ЕБОР на Албанија и одобри заем од 30 милиони евра за железницата Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја поддржи изградбата и електрификацијата на железничката пруга Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8, одобрувајќи и на Албанија заем од 30 милиони евра. „Ова е дополнителен заем по оној од 30 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и 60 милиони евра во инвестициски грантови и техничка помош […]

Готовината е крал, но не за долго: Албанија планира целосно да го укине кешот


Во Албанија, земја каде што готовината сè уште владее, премиерот Еди Рама има амбициозен план: да ја укине готовината до 2030 година, превртувајќи го општеството наопаку. Со години, Албанците, како што вели популарната шега, претпочитаа да ги чуваат своите пари под душеци, покрај своите калашникови, отколку во банки. Доколку желбата на Рама се оствари, Албанија […]

Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра


Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора. „Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во […]

Климатските промени ја направија Албанија „рајска градина“ за егзотично овошје


Маракуја, гуава, питаја или кивано – климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотично овошје што планираат да го продадат или веќе го продаваат на европскиот пазар. Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена недалеку од морето во централна Албанија, е еден вид рајска градина што цвета на јадранското сонце. Со […]

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите


Европската Унија ѝ даде на Албанија „зелено светло“ за отворање на последното преговарачко поглавје, кое ги вклучува земјоделството и кохезијата, објави премиерот Еди Рама. Владата ќе ја изготви својата преговарачка позиција и ќе ја достави до данското претседателство со ЕУ. „Албанија не запира – Денеска, на 23 јули 2025 година, по континуираниот и динамичен напредок […]