Албанскиот претседател Бегај во посета на земјава, денеска во Општина Чаир и Старата скопска чаршија


 Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Бегај денеска ќе има средба со градоначалникот на Чаир Изет Меџити, а утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и ќе има средби со претставници на државниот врв.  Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот […]

Големо свлечиште во Албанија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан


Блокадата на патниот правец  Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.    – Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а […]

Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8


Албанија на 18 февруари ќе биде домаќин на Економскиот форум на Коридорот 8, објави денеска Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), оценувајќи дека Европа влегува во клучна фаза, каде што поврзаноста, стабилноста и регионалната интеграција стануваат фундаментални столбови на безбедноста и економскиот развој. „Во овој контекст, паневропскиот коридор 8, кој ги поврзува Јадранското со […]

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година


Албанската влада денеска одлучи да ги укине привремените мерки, воведени пред речиси една година, за блокирање на апликацијата ТикТок, со што таа повторно е достапна во Албанија. На 6 март 2025 година, албанската влада привремено го суспендираше пристапот до платформата TикТок на една година, откако тинејџер избоде до смрт свој врсник во Тирана по расправија […]

Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир на Трамп


  Албанското собрание попладнево со 110 гласови „за“, еден воздржан и без гласови „против“ го ратификуваше пристапниот договор на Република Албанија, претставувана од премиерот Еди Рама, во Одборот за мир, инициран од американскиот претседател Доналд Трамп. Во бурната расправа, покрај другото беше отфрлен амандманот предложен од опозициските пратеници, да се избрише името на Рама со […]

Албанија сè повеќе увезува од Кина


Најновите податоци на Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ) за надворешната трговија со стоки во текот на 2025 година, потврдуваат дека Кина станала еден од главните актери во трговската економија на Албанија. Во текот на 2025 година, Кина се рангира како втор трговски партнер на Албанија, со 10,5 проценти од вкупната трговска размена, веднаш по Италија […]

Албанија лани ја посетиле над 12,46 милиони странци, приходите од туризам над 4,4 милијарди евра


Министерството за туризам, култура и спорт, ги објави статистичките податоци за развојот на туризмот и културата за 2025 година, кои покажуваат зголемен интерес на странците за посета на Албанија. -Минатата година престојувале 12. 466. 038 странци, што е за 6,6 отсто или 769.960 лица повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските граѓани или 4 […]

Албанија ќе купува американско оружје и ќе и го испрати на украинската армија


Албанија ќе се приклучи на Приоритетна листа на барања за Украина, позната и како (PURL). „Нашата земја ќе се придружи на списокот на земји кои ќе купуваат американско оружје, а потоа ќе го испраќаат во Украина, објави министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, која деновиве беше во посета на Украина. Ова таа им го кажала […]

Едно лице се удави во поплавите во Албанија; Вонредна состојба и евакуација (видео)


Едно лице се удави во поплавите што го погодија Драч, Албанија, а во неколку области на Албанија е прогласена вонредна состојба поради обилни врнежи од дожд и поплави што ги зафатија земјоделските површини, патиштата и куќите. Властите веднаш презедоа мерки за евакуација на жителите и справување со ситуацијата, објавува Албанската пошта. Едно лице се удавило […]

Албанија лани ја посетиле рекордни над 12 милиони странски туристи


Албанија минатата година забележа рекордна бројка, од над 12 милиони странски туристи. Објавувајќи ја информацијата, министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, оценува дека таа бројка ја потврдува „консолидацијата на земјата како туристичка дестинација преку целата година”. „За посета на нашата земја  има  интерес и надвор од летната сезона. Со разновидни понуди во културниот, […]

Поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Лежа и Кукс, има прекин во наставата и почната е евакуација


Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи. -Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области […]

Евростат: 57,1 отсто од албанските граѓани живеат во пренаселени станови


Пренатрупаноста во становите останува еден од најсериозните социјални проблеми во Албанија. Во најновиот извештај на Евростат се истакнува дека 57.1 отсто од албанските граѓани живеат во пренатрупани станови, што ја рангира земјата на второ место во Европа, по Црна Гора, по големите тешкотии во условите за домување и животниот стандард, објавија медиумите во Албанија. Според […]

Во Албанија целосно се амнестираат 380 затвореници, 900 други добија намалени казни


По предлог на Министерството за правда во Албанија целосно од затворската казна ќе бидат амнестирани 380 лица, додека на 900 други им се намалува казната. Тоа, како што се наведува во образложението, како дел од модерната казнена политика, која има за цел рехабилитација, намалување на пренатрупаноста во затворите и зајакнување на долгорочната безбедност „чин инспириран […]

Албанските граѓани престојуваат во странство подолг временски период од оние на другите земји од Западен Балкан


 Албанија е на прво место меѓу земјите од Западен Балкан по процентот на граѓани кои престојуваат во странство подолг временски период, иако е забележан пад во 2024 година. Според истражувањето на Советот за регионална соработка (RCC), 34,7 отсто од анкетираните албански граѓани изјавиле дека живееле надвор од Албанија повеќе од три месеци, бројка повисока од […]

Речиси половината од албанската популација или над 2,2 милиона живее во странство


Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) потврдува дека албанската популација е речиси подеднакво поделена меѓу граѓаните кои живеат во земјата и тие кои живеат во странство. Во 2025 година, според студијата на Институтот за статистика, бројот на новата дијаспора што заминала од 1990 година досега се проценува на 2.256.346 граѓани или околу 49 отсто од вкупниот […]

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот


Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ. Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една […]

Речиси секој втор бизнисмен во Албанија дал мито за да добие услуга од администрацијата


Дури 50 отсто од бизнисите во Албанија го сметаат поткупот во администрацијата како вообичаена постапка за завршување на одредена работа, што е зголемување за девет отсто во споредба со минатата година. Во најновиот извештај на Балканскиот барометар се наведува дека во 2024 година, 41 отсто од фирмите пронашле брзи решенија преку поткуп. Но, поткупот што […]

Во Албанија за девет месеци странските инвестиции достигнале рекордни 1,2 милијарди евра


Официјалните податоци на Централна банка на Албанија покажуваат дека во периодот јануари – септември, вкупните странски директни инвестиции достигнале над 1,2 милијарди евра, што е зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот период минатата година, што се оценува како историски рекорд. Доколку се погледнат податоците за периодот јули – септември, растот е уште посилен. […]

За девет месеци албанските иселеници дома испратиле 817 милиони евра


Парите што албанските емигранти им ги испраќаат на своите семејства дома брзо растат, што го одразува новиот бран на емиграција. Според Централна банка на Албанија, дознаките достигнале 817 милиони евра во периодот јануари-септември годинава, што е зголемување од 5,9 отсто во споредба со истиот период минатата година.  -Само во третиот квартал, емигрантите испратиле 285 милиони […]

За девет месеци странските туристи во Албанија потрошиле 4,4 милијарди евра


Странските туристи не само што доаѓаат во се поголем број, туку и трошат повеќе за време на престојот во земјата, објави Централна банка на Албанија според која за периодот јануари-септември годинава, странците потрошиле 4,4 милијарди евра, или 14,5 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во во третиот квартал, туристите потрошиле 2,3 милијарди […]