Уапсен поранешниот албански министер за животна средина Лефтер Кока


Албанија – По налог на Специјалното јавно обвинтелство, СПАК, уапсен е поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. Тој, меѓудругото, се товари за кривични дела „злоупотреба на службена должност“, „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. СПАК побарало апсење и на Стела Гугаља, сопственичка на […]

По вчерашниот хаос во седиштето на ПД, Баша доби поддршка од странските амбасадори


По вчерашната тензична ситуација и хаосот што се создаде по насилното влегување во седиштето на опозициската Демократска партија, од страна на историскиот лидер Сали Бериша и неговите приврзаници, денеска актуелниот лидер Љуљзим Баша имаше едночасовна средба со шест странски амбасадори. На средбата, според Топ чанел, присуствувале амбасадорите на САД, Германија, Италија, Франција, Велика Британија и […]

Иселениците испратиле 541 милиони евра во Албанија, најмногу од 2009 година


Парите што иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Албанија (дознаки) во периодот јануари-септември бележат значителен раст, од 71 милион евра, споредено со истот период минатата година, кога биле испратени 470 милиони евра. Според статистиката на Централна банка на Албанија, во тоj период приливите на средства изнесуваат 541 милиони евра, што претставува највисоко ниво […]

Албанија: Хаос во седиштето на Демократската партија, насилно влегоа приврзанците на Бериша


Тензиии и хаос во седиштето на албанската опозициска Демокатска партија, откако историскиот лидер Сали Берша со група приврзаници насилно влегоа во просториите, каде во една од нив актуелниот лидер Љуљзим Баша одржуваше срeдба со претставници на форумот на млади. -Во еден момент имаше вербална пресметка меѓу двете страни, оние кои за лидер го признаваат актуелниот, […]

Нема одвојување на Македонија и Албанија, велат во Брисел


Доколку Софија остане на блокадата на нацрт-заклучоците за Западен Балкан Словенија ќе објави список на земјите кој е за, а кој блокира   БРИСЕЛ – Во ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширувањето пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена. Доколку […]

Рама: Годинава „бебешки бонус“ добија 40.000 новороденчиња


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во текот на оваа година „бебешки бонус“ добиле 40 илјади новороденчиња. Рама, исто така, на објава на Фејсбук наведува дека од почетокот на реализација на овој проект, јануари 2019 година, досега, бонус добиле 111 илјади бебиња. – Вкупно 40 илјади новороденчиња годинава добија бебешки бонус. Сме поддржале над 111 […]

Бериша го „предизвика“ Стејт департментот – бара да се достават доказите против него


Поранешниот албански претседател, експремиер и историски лидер на опозициските демократи, Сали Бериша, на денешното Собрание на партијата, кое тој го свика, покрај другото, уште еднаш го „предизвика“ Стејт департментот во врска со неговото прогласување за „персона нон грата“. – Стејт департментот во мај оваа година го прогласи Сали Бериша за „персона нон грата“, осум години […]

Гласот на Америка: Во Албанија се зголемиле површините со марихуана


Во Албанија годинава регистрирано е зголемување на површините засадени со марихуана, пренесува Гласот на Америка. – Официјалните податоци од извршените летови од страна на италијанската Гуарда ди финанца покажуваат значително зголемување на површините опфатени со марихуана. Податоците на албанската и италијанската полиција потврдуваат дека повеќе од 37 хектари биле засадени со марихуана, што е најголема […]

(Видео) Ја запроси на стадион, а таа не го ни погледна


На дербито од фудбалскиот шампионат на Албанија меѓу Тирана и Партизани „падна“ барање за брак, но помина прилично неславно. Навивач на гостинскиот тим се симна од трибините, клекна и ја отвори кутијата со прстен пред атрактивната новинарка Геа Браха. Таа, за жал, не го ни погледна, сконцетрирајќи се на работата. Имено, таа во секој момент […]

Албанија: Албански граѓани ги палат пасошите откако ќе ја напуштат земјата


Албанија – Масовното заминување на албанските граѓани од земјата е проследено не само со намалување на работна сила, туку, од неодамна и со „тренд“ кој веќе е во фокусот на дебата. Станува збор за палење на албанските пасоши веднаш штом ќе ја напуштат својата татковина, што според медиумите, е последица на огромото разочарување поради бесперспективноста во […]

Албанија и Косово со заеднички дипломатски претставништва


Албанија- На меѓународната сцена Албанија и Косово ќе имаат заеднички дипломатски претставништа. Според спогодбата потпишана во Тирана од шефовите на дипломатиите Генц Цакај и Беџет Пацоли, се предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва. Во спогодбата зацртана е и заедничката стратегија во областа на надворешната политика. Спогодбата, рече албанскиот министер Цакај, се […]

Николоски: Заев и Османи кочеа за да бидеме со Албанија


Влегувањето на Македонија во иста група со Албанија, сепак, не било „научна фантастика“, оцени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по „кавгата“ меѓу претседателите Стево Пендаровски и Еди Рама. „Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа е тажната вистина. Директна последица на катастрофалното ниско ниво на […]

Рама му се налути на Пендаровски: Не е праведен, изненадува…


Албанскиот премиер Еди Рама попладнево преку Фејсбук реагираше на изјавата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во која тој вели дека раздвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија, не е добро, но е единствен можен начин за добивање зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ. Рама овој став на претседателот Пендаровски го смета […]

Рама: Нема компромис, локални избори ќе има со или без опозицијата


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избори. Тој додаде дека евентуалното неучество на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција на локалните избори предвидени за 30 јуни, ќе […]

Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши


Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека почнало дисциплинска постапка против амбасадорката на Албанија во Атина, Адријана Хобдари, поради скандалот за исчезнувањето на 100 албански пасоши во Грција. Во меѓувреме, од функцијата е разрешен албанскиот конзул во Јанина, Первин Ѓикурија, откако според досегашната истрага, постојат основи за сомнеж дека тој е одговорен за […]

Мета е подготвен да даде оставка и да се жртвува за да не се инсталира хунта во Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета за време на денешен престој во Подградец се осврна на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата и истакна дека е подготвен да се откажа од мандатот за доброто на земјата. – Подготвен сум да се откажам од мандатот и да се жртвувам како Салвадор Алјенде, за да не дозволам […]

ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати e чин без преседан


Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард откажувањето на албанската опозицијата од пратеничките мандати го оцени како чин без преседан и лош пример за регионот. – Тоа беше критикувано од страна на сите меѓународни претставници, бидејќи тоа е фитил кој фрли пламен врз сите парламентарни системи, изјави Бошард. На прашањето дали ОБСЕ ќе ги признае […]

Заев во официјална посета на Албанија


Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Албанија. Во рамки на посетата, како што соопшти прес-службата на Владата на Република Северна Македонија, предвидени се средби на владино и државно ниво. Претпладне, премиерот Заев и владината делегација ќе […]

(Видео) Албанците му порачаа на Лијам Нисон дека ќе го „киднапираат“


Туристичката организација на Албанија објави видео во кое наведува дека ќе го „киднапира“ Лијам Нисон. Челниците на Туристичката организација на Албанија биле инспирирани од филмот „Taken“ во кој главна улога игра Лијам Нисон на кого албанската секс-мафија му ја киднапира ќерката и ја води како бело робје. Во нивното промотивно видео се обраќаат токму кон […]

Тирана под опсада, полицијата спречува немири на демонстрациите


Тирана од рано утрово е практично под полициска опсада со оглед на тоа дека напоредно со заседавањето на парламентот закажан е опозициски протест. Повеќето пратеници почнаа да се собираат во Парламентот еден час пред почетокот на сесијата, за да избегнат средба со демонстрантите. Медиумите пренесуваат дека на граѓаните не им е дозволено слободно да се […]