Топ чанел: Принцот Лека Зогу помладиот можен иден шеф на албанската држава


Телевизијата Топ чанел објави „изненадувачка вест“ за можноста околу тоа кој би можел да биде следниот албански претседател, а кој има поддршка од меѓународните претставници. – Станува збор за принцот Лека Зогу помладиот, кој оствари средба со американските претставници Филип Рикер и Јури Ким. Соодветно на тоа, името на принцот треба да се земе предвид […]

Маслото за јадење од денес во Албанија 321 лека или 2,6 евра


По нова, повисока цена од денеска албанските граѓани купуваат неколку основни прехранбени продукти.   Според одлуката на подвладиниот Одбор за транспарентност, нови цени имаат маслото за јадење, шеќерот, брашното и оризот.   – Врз основа на одлуката, цената на литар масло за јадење сега изнесува 321 лека или 2,6 евра, килограм шеќер 123 лека, килограм […]

Албанските семејства загубиле 430 милиони евра од пандемијата


Пандемската 2020 година беше најтешката во историјата на албанската транзиција по кризата со пирамидалните штедилници во 1997 година, оценува весникот „Монитор“. „Со месеци економската активност беше парализирана, многу поединци останаа без работа, бизнисите ја намалија активноста, додека многу луѓе се соочија со високи трошоци за лекување и за жал загубата на животи беше висока“, стои […]

Во Албанија богатите семејства ќе плаќаат поскапа струја 


Албанија – Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста  богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија.  Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и […]

Лајчак: Брисел да ги исполни ветувањата и почне преговори за членство со Скопје и со Тирана


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак, денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово. -Целосно се согласувам со вашата проценка, објави Лајчак на Твитер. Неговиот твит […]

Од 1 април албанските граѓани кои ќе добијат виза за САД ќе биде со важност од 10 години


Добра вест за албанските граѓани, како што ја нарече, објави американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, по повод 100-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Албанија. Станува збор одлука со која почнувајќи од 1 април, секој албански , кој ќе добие туристичка или деловна виза ќе биде со важност од 10 години. а […]

Енергетска криза и мерки на албанската влада за заштеда на струја


Заради заштеда на електрична енергија, албанската влада одлучи државната администрација да не работи и вчера, 21 март, ден пред празникот на Бектешката заедница, Султан Невруз, кој во земјата е неработен ден.   Врз основа на владината одлука, викендот за сите вработени во државната администрација започна во сабота и ќе трае до утре. Во исто време […]

Во понеделник во Албанија ќе биде ден без возила заради заштеда на гориво


Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“. Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на Ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“. – Агенцијата за енергетика го потврди она што […]

Во Албанија престојуваат 351 украински бегалец


Се зголемува бројот на украински граѓани кои бегајќи од војната засолниште пронајдоа во Албанија. – Од почетокот на војната досега во нашата земја пристигнати се 351 украински граѓанин. Ним им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби што ние ги имаме за азил, објави албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи по средбата со […]

Почеток со работа на гасоводот ТАП, најзначајна странска инвестиција во Албанија


Албанскиот претседател, Илир Мета, го поздрави почетокот со работа на трансјадранскиот гасовод, ТАП, оценувајќи го овој проект за најважна странска инвестиција во неговата земја. Гасоводот ТАП, што ги испорача првите барели гас во Италија, според Мета, значително ја зголемува независноста на Европа од рускиот гас. -Го поздравувам почетокот на снабдувањето со природен гас за Западна […]

Албанците со рекорд во Европа- над 11 илјади лани аплицирале за азил


Албанија – Иако со побавно темпо, албанските граѓани продолжуваат да бараат азил во некоја од земјите на Европската унија и да бидат најбројни во споредба со граѓаните на други земји во Европа. Последните податоци на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) покажуваат дека во 2021 година барање за азил поднеле вкупно 11.246 албански граѓани, […]

Протести во Албанија: Се бара намалување на цената на горивата


 Голем број граѓани присуствуваа на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата. Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата. -Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 […]

Рама за ценовната криза во Албанија: Мора да се подготвиме за секое сценарио


Албанскиот премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција зборуваше за растот на цените и за ситуацијата во Албанија, погодена од конфликтот во Украина. Рама рече дека зголемувањето на цената на нафтата не зависи од владата, зашто цените растат насекаде во Европа. Тој додаде дека Европа е во војна, нагласувајќи дека иако во Албанија не се војува, […]

Социјалистите добија пет, Бериша еден градоначалник, од Баша се бара оставка


По неделните делумни предвремени избори во шест општини во Албанија, нови градоначалници во пет од нив се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија, додека во една кандидатот на крилото на демократската партија, предводено од Сали Бериша, кој настапи под слоганот на коалицијата „Дом на слободата“. Нови градоначалници се социјалистите Рахим Спахиу во Пешкопеја, Емириана Спахо во […]

Ора њуз: Во регионот Албанија има највисоки цени на леб, млеко, јајца и месо


Албанија се соочува со поскапување на основните производи за широка потрошувачка за околу 10-20 лека и во споредба со земјите од регионот, е на прво место по високите цени на лебот, млекото, јајцата и месото. -Поконкретно ако во Албанија литар млеко чини 160 лека (122,6 лека = 1 евро), во Косово цената на овој производ […]

Во шест општини во Албанија, со одредени проблеми, се гласа за градоначалници


Во Албанија денеска се одржуваат делумни локални избори, на кои 654.538 лица со право на глас избираат градоначалник во шест општини, Драч, Рогожина, Вора, Пешкопеја, Љушња и Скадар. Според Централната изборна комисија, со одредени проблеми поради непристапните патишта во планинските населени места, условено од обилните снежни врнежи гласањето во поголемиот дел почнало во 7 и […]

1.350 полицајци ќе ги обезбедуваат делумните избори во Албанија


Албанија – За безбедноста на 941 избирачко место, на утрешните делумни предвремени избори за градоначалници во шест општини во Албанија, ќе бидат ангажирани 1.350 полициски службеници, информираше Или Васили, директор на Бирото за јавна безбедност. -Полициските службеници претходно успешно минаа соодветна обука. Ќе бидат ангажирани за безбедноста на избирачките места, како и објектите каде се сместени […]

Во 2023 година се очекува Албанија да има највисок јавен долг во регионот


Албанија се движи со побавно темпо од соседите во однос на фискалната консолидација, што значи бавно намалување на јавниот долг на среден рок, стои во анализата на весникот „Монитор“. Се додава дека во последниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати, во 2023 година се очекува земјата да има ниво на јавен долг од 73,9 […]

Албанија одби да игра против Русија во Лигата на нации


Албанската министерка за надворешни работи Олта Џаџка изјави дека фудбалската репрезентацијата одбива да игра против рускиот тим во Лигата на нации на УЕФА. Ова го пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на Асошиетед прес. – Албанија нема да се натпреварува на спортски натпревари со учество на Руси, рече Џаџка. Противници на Русија во групата 2 во […]

Албанија го затвори воздушниот простор за руски авиони, а воведе и други санкции


Албанија– Албанија од синоќа го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби. Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што […]