Канада и даде азил на жената која му помогна на Сноуден да се скрие


Англија- Канада и даде азил на жената која му помогна на Едвард Сноуден да се скрие во Хонгконг, откако ја објави глобалната програма за американски надзор, соопшти здружението за права на бегалци. Ванеса Родел и нејзината седумгодишна ќерка би требало во текот на денот да стигнат во Торонто, со редовна линија од Хонгконг. Родел, со […]

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ


Последните бројки на Европската Канцеларија за азил, ЕАСО, покажуваат дека државјаните на Северна Македонија се меѓу оние кои најчесто продолжуваат да поднесуваат барања за азил, дури и откако се одбиени, јави дописничката на МИА од Брисел. Генерално, ЕАСО констатира зголемување од 21 отсто на барањата на азил во земјите на ЕУ плус Норвешка и Швајцарија […]

Сијарто: Му дадовме азил на Груевски од безбедносни причини


Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто за париски „Ле Монд“ се правда за азилот кој му беше доделен на Никола Груевски. Запрашан зошто неговата земја му дала азил на поранешниот македонски премиер, осуден за корупција без тој да го поднесе неговото барање за азил како и сите други баратели, по должината на оградата на самата […]

Азилантски ручек од 5 ѕвезди на Груевски


Додека јавното обвинителство најавува дека во наредните две недели ќе излезе со информации за бегството на Никола Груевски протекоа и првите фотографии и видео-снимки за безгрижниот живот на поранешниот премиер во унгарскиот главен град Будимпешта. Вчера се појави видео од Груевски, кое го снимиле новинарите на унгарскиот медиум „24.hu“, кои опремени со камера го чекале […]

Аселборн: Унгарија му даде азил на деликвент


Белгија- Луксембург е единствената земја членка која го осуди одобрениот азил за експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Министерот за надворешни работи на оваа држава, Жан Аселборн вели дека е вчудовиден од одлуката на унгарските власти. -Мислам дека е неверојатно што поранешниот премиер на Македонија кој е осуден на две години затвор доби меѓународна заштита во Унгарија, […]

Вучиќ: Ќе бевме најдобри на светот ако го уапсевме Груевски без потерница


Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање пред јавноста, меѓу другото се осврна и на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Србија. Тој истакна дека „некому би му биле сигурно најдобри на светот доколку кажевме дека сме виновни што не го уапсивме поранешниот македонски премиер, а веројатно требаше да го уапсиме без […]

Дескоска: Унгарија може да отповика одлука за азил


Унгарија има нов Закон за азил, кој е мошне рестриктивен. Тој предвидува и можност за отповикување на одлука за азил. Исто така, доколку Никола Груевски не добие во меѓувреме унгарско државјанство или жителство во земјата, тогаш дозволата за азил се преиспитува редовно на неколку години. Ова го посочи денеска министерката за правда Рената Тренеска Дескоска […]

Хан ќе бара објаснување од Орбан за азилот за Груевски


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил. – Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што […]

Груевски доби азил зашто не ги среди затворите


Лошите услови во затворите во Македонија се еден од аргументите поради кои унгарските власти му дадоа азил на поранешниот премиер Никола Груевски, кој вчера самиот соопшти дека неговото барање е одобрено по експресен пат. Слично како што јави дека пребегал во Будимпешта, Груевски се јави повторно со статус на Фејсбук за да објави дека азилот […]

Ништо од екстрадицијата ако Груевски добие азил, но останува потерницата


Во Министерството за правда се подготвува барањето до унгарските власти за екстрадиција наНикола Груевски, но тоа, како што велат од овој ресор, нема да има значење доколку во меѓувреме на поранешниот премиер му биде одобрено барањето за азил. Сепак, како што посочуваат од Министерството, останува важечка меѓународната потерница што е распишана за Груевски. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски […]

Сите патишта водат кон Будимпешта: Груевски како Грујевски


Македонија бара од унгарските власти да го вратат назад во земјава поранешниот премиер Никола Груевски, кој бегајќи од правдата најде засолниште во Будимпешта. Сега, практично, дилемата е на кое барање ќе одговори побрзо администрацијата на Виктор Орбан – на македонското за екстрадиција или на барањето на Груевски за добивање азил. Од унгарската влада информираа дека […]

Унгарската опозиција бара Груевски да биде упасен и екстрадиран


Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата. Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во […]

Унгарската Влада ниту го потврдува, ниту го негира барањето за азил од Груевски


„Не можеме ниту да ви потврдиме, ниту да негираме. Не сме во можност да коментираме по индивидуални барања за азил кои се уште се процесираат“, одговорија од унгарската Влада на прашањето на  „Телма“ дали Никола Груевски е во Унгарија и дали побарал политички азил.

Само во август, 349 Македонци побарале азил во ЕУ


Белгија-Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Се уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите (пендинг). Во јули бројката на барања од Македонија […]

Бројот на баратели на азил во Бугарија намален за трипати


Бројот на мигранти кои побарале азил во Бугарија од почетокот на годината е речиси за трипати помал во споредба со втората половина од 2017 година, јави БТА. Во првите пет мсеци од 2018 година барање за азил во Бугарија поднеле вкупно 492 мигранти, додека во периодот јули-декември минатата година таа бројка изнесувала 1.595 лица. Според […]

Од Франција вратени 178 албански граѓани по одбиен азил


Поголема група албански граѓани денеска од Франција се вратени во Албанија, откако тамошните власти им го одбиле барањето за азил. Од Минстертвото за внатрешн работи во Тирана потврдуваат дека станува збор за 178 албански државјани, кои се транспортирани со авонски лет, овозможен од фрацуската канцеларија за миграција и интеграција. – Други летови на доброволна или […]

Грујевски и Бошковски ќе дадат изјава пред Комитетот за азил во Солун


Поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за два дена, на 15 февруари, пред Комитетот за азил во Солун ќе ги изнесат причините поради кои го бараат азилот во Грција, потврдија за МИА од адвокатскиот тим. Претходно нивното првично сослушување во Комитетот беше одложено бидејќи имало проблем со обезбедување преведувач на македонски јазик. […]

Грујевски и Бошкоски бараат азил во Грција, судењето одложено


Поранешниот началник на Петтата управа при МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, обвинети за нелегално прислушување во случајот на СЈО „Таргет/Тврдина“, остануваат во екстрадицискиот затвор во Солун откако побарале азил во Грција, потврдиле нивните адвокати за „Макфакс“. Тие денеска требаше да се појават пред Судот за прекршоци во Солун за поседување лажни […]