Германија бара поддршка од ЕУ за центри за враќање на одбиени азиланти


Германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добриндт, ја изрази својата надеж дека претстојниот состанок на европските министри за внатрешни работи, кој ќе се одржи в сабота, ќе го прокрчи патот за воспоставување на “центри за враќање” наменети за сместување на одбиените баратели на азил кои не можат да бидат репатрирани во нивните татковини.     […]

Британската влада ја укина забраната за барателите на азил. Фараж: Имаат повеќе права од Британците


Британската влада денес ја поништи судската одлука со која се бараше привремено иселување на барателите на азил од хотел каде што барател на азил беше обвинет за сексуален напад, пишува Ројтерс. Имиграцијата сега е доминантно политичко прашање во Велика Британија, надминувајќи ги загриженостите за нестабилната економија, бидејќи земјата бележи рекорден број барања за азил и пристигнувања […]

Барањата за азил во Германија значително намалени на почетокот на годината


Бројот на барања за азил во Германија во јануари и февруари е значително помал во однос на истиот период минатата година, објави Федералната канцеларија за миграција и бегалци. Канцеларијата објави дека вкупно 29.947 лица поднеле барање за азил во јануари и февруари – што е намалување за 43,4 отсто во споредба со истиот период минатата […]

Еврокомисијата забрзува со промената на правилата за азил


Европската комисија подготвува измени на правилата за добивање азил во ЕУ кои ќе ги претстави во март, наместо како што беше претходно планирано во јуни, наведува бриселскиот портал „Еурактив“ врз основа на документ во кој имал увид.  Главна новина во предлогот е промена на концептот за безбедна трета земја, врз основа на кој барателите на […]

Орбан му даде политички азил на поранешен полски министер, Варшава гневна


  Полската влада во петокот реагираше со гнев на одлуката на унгарската влада да му даде политички азил на поранешниот полски заменик министер за правда Марцин Романовски во бегство. Будимпешта го објави азилот во четвртокот навечер. Овој потег означува дополнителен пад на односите меѓу Полска и Унгарија, при што полскиот министер за надворешни работи Радослав […]

Германија и Австрија ги замрзнаа сите барања за азил од Сиријците


Германија привремено ќе ги суспендира одлуките за барањата за азил на сириските граѓани по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал Асад, објави портпаролот на тамошната Канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ). Тој изјави дека суспензијата се однесува на повеќе од 47.000 барања за азил од Сиријци во Германија. „Многу внимателно проучуваме поединечни случаи, вклучително и […]

Руски медиуми: Асад е во Москва, доби азил


Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва и доби азил во Русија, изјави извор од Кремљ за руската државна новинска агенција Тас. „Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил врз основа на хуманитарни причини“, рекол изворот на агенцијата. „Москва смета дека е неопходно да се продолжат преговорите […]

Граѓаните од Албанија и Косово и натаму најбројни баратели на азил од земјите во регионот


Граѓаните од Албанија и Косово продолжуваат да водат, со јасна разлика од другите земји од балканскиот регион, во однос на барањата за азил во земјите од Европската унија. Според последните податоци на Европската агенција за азил (EUAA), во текот на месец септември годинава, од Албанија се поднесени 586 нови барања за азил, а од Косово […]

ЕУАА: Над 500.000 барања за азил во првата половина на 2024 година


Бројот на баратели на азил во ЕУ, Норвешка и Швајцарија е малку намален во првата половина од годината, но сепак изнесува над половина милион, покажаа денеска официјалните бројки, јави ДПА. Од јануари до крајот на јуни, Агенцијата за азил на Европската унија со седиште во Малта (ЕУАА) забележа вкупно 513.000 нови барања, што е благ […]

Финска ја затвора границата за барателите на азил кои доаѓаат преку Русија


Финска планира да усвои привремен закон кој ќе и овозможи да ја затвори границата за барателите на азил кои доаѓаат преку Русија, соопшти денеска финскиот премиер Петери Орпо. Финска минатата година во неколку наврати ги затвори сите гранични премини со Русија поради зголеменото пристигнување на луѓе без валидни документи за влез во Европската Унија од […]

Финска ќе преземе активности да го спречи напливот на баратали на азил од Русија


 Финска бележи зголемување на бројот на баратели на азил од трети земји кои пристигнуваат на граничните премини со Русија, поради што земјата се подготвува да „преземе акција“ за да се справи со ситуацијата, изјави финската министерка за внатрешни работи, Мари Рантанен, пренесоа британските медиуми. -За кратко време нивниот број значително се зголеми. Руските власти го […]

Десет кубански спортисти побарале азил во Чиле


 Чилеанската Влада соопшти дека примила 10 барања за заштита на бегалци од спортисти кои неодамна учествувале на Панамериканските игри во Сантијаго. Вкупно 12 од 412 членови на кубанската делегација се уште се во јужноамериканската земја, соопшти портпаролката на чилеанската влада Камила Ваљехо. Од 20 октомври до 5 ноември во Сантијаго се одржаа натпреварите за спортисти […]

Немаат шанси да добијат азил, а, сепак, доаѓаат во Германија: Зошто?


Голем број граѓани на земјите од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, редовно, дури и неколкупати по ред, бараат политички азил во Германија, иако е речиси невозможно тие барања позитивно да се решат.  „Кога ќе видат некои од презимињата, работниците во берлинскиот прифатен центар за бегалци веќе знаат што […]

Секој кој нема право да остане во Германија ќе биде протеран по кратка постапка


Германската влада има намера да ја интензивира депортацијата на луѓето кои немаат право да останат во Германија, беше соопштено во средата по состанокот на владата во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.   Таа рече дека […]

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор


 Американските власти воведоа полициски час за оние кои бараат азил додека чекаат првични проверки по преминувањето на границата. Полицискиот час беше воведен во мај во четири града како алтернатива на притворот, а сега е проширен во уште 13 градови, соопшти Американската служба за имиграција и царина. Се очекува да биде воведен во 40 града до […]

Мнозинството деца без придружба не добиваат азил во Грција


Минатата година во Грција помалку од една третина од децата без придружба успеале да добијат азил, додека остатокот од барањата биле одбиени или изгубени, објави организацијата Спасете ги децата (Save the Children), повикувајќи на подобра заштита на најзагрозените. Една од главните рути што ги води бегалците и мигрантите од Блискиот Исток, Азија и Африка до […]

Во ЕУ минатата година зголемен бројот на барања за азил


 Бројот на луѓе, кои аплицирале за азил во Европска Унија минатата година во услови на војна и конфликти ширум светот забележа значителен пораст. Земјите-членки на ЕУ примиле околу 648.000 барања за азил во 2021 година, што е еднакво на една третина повеќе во споредба со претходната година, соопшти денеска Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) Најголемите број на […]

Речиси пет илјади македонски граѓани лани побарале азил во Европа


Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија. Податоците на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) покажуваат општ тренд на зголемување на бројот на азиланти, […]

1.001 Македонци поднеле барање за европски азил во ноември 2021


  Околу 71.400 барања за меѓународна заштита биле поднесени во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство во ноември 2021 година, според податоците објавени во петокот од Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). Тоа е втора највисока месечна бројка од 2016 година. Анализата покажува дека барањата се зголемени за 9 отсто во споредба со октомври […]

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година


Мексико – Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци. – Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 […]