Ерменија: Азербејџан изврши вооружен напад во пограничната област


Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнале позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. „Во понеделник, на 22 мај, во 23.20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во правец на Кутакан, користејќи […]

Формула 1 од Азербејџан воведува новитет


Формула 1 ќе воведе нова карактеристика оваа сезона, па ќе видиме „спринт шутаут“ трка во Азербејџан. Таа ќе вози во сабота, но нема да има влијание врз редоследот на трката во недела, бидејќи квалификациите ќе се возат во петок. Целта на оваа новина во оваа сезона во Формула 1 е возачите да бидат побрзи на […]

Азербејџан го блокираше Лачинскиот коридор и го отсече Нагорно-Карабах од Ерменија


Азербејџанските власти вчера соопштија дека го поставиле првиот контролен пункт на влезот во коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува Ерменија со спорниот регион Нагорно-Карабах. САД веднаш ја осудија ваквата одлука. „Денеска во 12 часот по локално време е поставен граничен пункт на територијата на Азербејџан, на влезот на патот Лачин-Ханкенди“, соопштија вчера властите, додавајќи […]

Седум војници загинаа во престрелка на границата меѓу Азербејџан и Ерменија


Во размена на оган во спорниот планински регион Нагорно Карабах на границата меѓу Азербејџан и Ерменија загинаа седум војници од двете страни, соопштија властите. Ерменија и Азербејџан синоќа разменија обвинувања за судирот во кој загинаа тројца азербејџански и четворица ерменски војници. Двете поранешни советски републики на Кавказ се судрија во кратката војна во 2020 година […]

Поранешниот претседател Иванов учествува на 10. Глобален Баку форум во Азербејџан


Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на јубилејниот 10. Глобален Баку форум во Азербејџан, кој се одржува во периодот 9-12 март 2023 годинана, а е посветен на тема „Светот денес: предизвици и надежи“. Како што соопштуваат од кабинетот на поранешниот претседател, форумот беше свечено отворен со обраќањето на Претседателот на Република Азербејџан Илхам Алијев, а учествуваат […]

Вооружен напаѓач го убил шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран


Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Сѐ уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во соопштението […]

И покрај договорениот прекин на огнот денеска регистрирани нови судири на границата меѓу Ерменија и Азербејџан


Рано утринава има нови судири меѓу азербејџанските и ерменските војници на спорната граница кај регионот Нагорно-Карагах , јави Тасс, повикувајќи се на ерменското Министерство за одбрана. Портпаролот на ерменското министерство соопшти дека Азербејџан во денешните напади на границата меѓу двете земји употребил беспилотни летала, артилерија и минофрлачи, а според него ситуацијата на теренот се уште […]

ЕУ ќе добива повеќе гас од Азербејџан


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев денеска во Баку потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство во енергетскиот сектор. Меморандумот предвидува обврска да се удвои капацитетот на гасоводот Јужен гасен коридор со цел до 2027 година да испорачува најмалку 20 милијарди кубни метри гас годишно во ЕУ. […]

Фон дер Лајен во посета на Баку за зголемување на испораките на природен гас


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатува за Баку, во обид да обезбеди значителен увоз на природен гас од Азербејџан. „Бидејќи Русија силно ги користи своите енергетски резерви како оружје, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ. Претседателката Фон дер Лајен и комесарот за енергетика Кадри Симсон денеска […]

Азербејџан демантира дека се повлекува од Нагорно-Карабах


Азербејџан ги негираше тврдењата на Москва дека ги повлекол своите сили од зоната низ која патролираат руските мировници во регионот Нагорно-Карабах.   – Нема промена во позицијата на азербејџанската армија во населбата Фарук, која е дел од суверените територии на нашата земја, соопшти синоќа азербејџанското Министерство за одбрана. Москва го обвини Азербејџан дека го прекршил […]

Македонија одигра нерешено со Азербејџан


Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра нерешено 1:1 (1:1) против Азербејџан на „Мардан арена“ во Белек. Азербејџан поведе во петтата минута по досуден пенал, кој го реализираше Ричард Алмеида. Во 20. минута беше досуден и пенал за Македонија. Горан Пандев беше фаулиран во шеснаесетникот, а тоа го потврди и ВАР системот. Александар Трајковски беше сигурен реализатор […]

Претседателот Иванов на форум во Азербејџан


Претседателот Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Азербејџан, каде што ќе учествува на 6. Глобален Баку форум во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе се обрати на форумот кој годинава се одржува на тема „Премостување на разликите за создавање на инклузивни општества“. На глобалниот форум […]

Новинар во Азербејџан осуден на шест години затвор


Азербејџанскиот новинар Азиз Оруџов (33), кој е директор на интернет телевизијата „Канал 13“, денеска е осуден на шест годишна затворска казна. „Тој е осуден поради нелегална трговија и бидејќи прифатил незаконско финансирање од страна на странски фирми“, наведе денеска неговиот адвокат Џавад Џавадов. Оруџов тврди дека обвиненијата против него се измислени и политички мотивирани. Џавадов […]