Летовите над јужен Азербејџан привремено прекинати


 Некои летови над јужен Азербејџан беа привремено прекинати денеска по инцидент во близина на аеродромот Нахчиван, објавија медиумите во земјата. Според извештаите, рутите на голем број меѓународни и регионални летови беа променети од безбедносни причини, а некои авиони беа пренасочени кон алтернативни коридори, објавува веб-страницата „Аз политика“. Оваа одлука е донесена за да се минимизира […]

(Видео) Драма во Азербејџан: Ирански дронови погодија аеродром


  Три ирански дронови го погодија патничкиот терминал на аеродромот Рази во Нахчиван, Азербејџан, во близина на границата со Иран. Три ирански дронови го погодија патничкиот терминал на аеродромот Рази во Нахчиван, Азербејџан, изјавија за „Еуроњуз“ азербејџанските власти. Видеата од местото на настанот покажуваат дрон како лета кон аеродромот, штета на главниот терминал и службите […]

Драма на квалификациите во Баку: Рекордни прекини и одличен настап на Верстапен


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Азербејџан по квалификациите кои беа полни со инциденти и имаа дури шест паузи, нов рекорд во Баку. Улицата на главниот град на Азербејџан виде многу сериозни настани, и иако најмногу прекини имаше пред четири години, овој пат квалификациите траеја речиси два часа. […]

Азербејџан ќе ја засилува соработката со Македонија за снабдување со гас


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји и беше нагласена потребата за дополнително продлабочување на меѓусебната соработка. Официјалната посета што се реализира од 17 до 19 јуни 2025 година претседателот Гаши ја оствари на покана на претседателката на […]

Одржани први политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Азербејџан


Во Баку  денеска се одржале први политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан, предводени од замениците министри на двете земји, Зоран Димитровски и Фариз Рзајев. -Делегациите разменија мислења околу билатералните односи меѓу двете земји и можностите за нивно унапредување, притоа истакнувајќи ја потребата од заокружување на билатералната правна […]

Ерменија соопшти дека е подготвена да потпише мировен договор со Азербејџан


рменското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ерменската страна подготвила нацрт мировен договор со Азербејџан и дека Ерменија е подготвена да разговара за датум и место за потпишување конечен договор. Ерменија и Азербејџан водеа неколку војни од доцните 1980-ти, кога Нагорно-Карабах, регион во Азербејџан, кој тогаш беше населен главно со Ерменци, се отцепи од […]

Божиновска во Азербејџан: Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Баку беше пречекана од својот колега, министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, во рамки на официјалната посета посветена на унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји. На тет-а-тет средбата, која се одржа во Министерството за енергетика на Азербејџан, беше истакната заедничката заложба за зајакнување […]

Вучиќ: Сепак нема прекин во испораката на гас од Азербејџан


 Српскиот претседател Александар Вучиќ на Х објави дека денеска од Азербејџан бил информиран дека нема да има прекин на испораките на гас за Србија, како што најави вчера. – Нашите браќа и пријатели од Азербејџан штотуку ме информираа дека, без оглед на објективните проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гас за […]

Албанија потпиша меморандум за соработка со Азербејџан за гасификација на округот Корча


Албанија и Азербејџан,  потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови. Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за […]

Вучиќ сака со Азербејџан да гради гасна централа кај Ниш


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, изјави дека Србија и Азербејџан ќе се обидат да изградат гасна централа, која долгорочно ќе го стабилизира снабдувањето со електрична енергија на земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ, кој присуствува на Самитот за климатски промени COP-29 во организација на Обединетите […]

Азербејџан официјално поднесе барање за приклучување кон БРИКС


Азербејџан официјално поднесе молба за приклучување кон организацијата БРИКС, соопштија локални медиуми. БРИКС е основан во 2006 година и моментално во организацијата членуваат девет држави (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканска Република, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Од 2009 година, БРИКС се претвори во единствен геополитички блок кој годишно одржува самити и спроведува координација […]

Растат тензиите на границата на Ерменија и Азербејџан: Кој сака нов конфликт?


Во саботата, Ерменија го обвини Азербејџан за зголемено прекршување на примирјето долж ерменско-азербејџанската граница во текот на ноќта по разговорите меѓу премиерот Никол Пашинјан и највисоките претставници на САД и Европската унија. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили отвориле оган врз нивните позиции на неколку делови од границата. Тие пријавиле „активно движење“ на […]

Азербејџански трилер во срцето на демократијата во Европа


   Во вторникот голема публика се собра во германскиот Бундестаг за да ја гледа премиерата на трилерот – Am Abgrund (На работ). Филмот беше инспириран од неверојатната вистинска приказна за кавијар дипломатијата, деценискиот напор на Азербејџан да корумпира десетици парламентарци низ Европа, со посебен фокус на членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). […]

КОП29 идната година ќе се одржи во Азербејџан


Домаќин на самитот на Обединетите нации за клима КОП29, идната година ќе биде Азербејџан, беше одлучено денеска на КОП28 во Дубаи. Кандидатурата на Азербејџан беше одобрена од речиси 200 земји кои учествуваат во КОП28. Азербејџан ја доби поддршката од другите источноевропски земји во саботата по неколкумесечно застој и откако беше постигнат договор со Ерменија да […]

Алиев го подигна азербејџанското знаме во Нагорно Карабах


Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, се наведува на веб-страницата на претседателот на Азербејџан. Кај Ерменците тој град е познат како Степанакерт. Азербејџанските сили го скршија отпорот на владата на етничките Ерменија минатиот месец, поради што околу 120.000 луѓе избегаа во Ерменија. 

Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во Ерменија


Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор во јужна Ерменија, изјави советникот за надворешна политика на азербејџанскиот претседател, Хикмет Хаџиев. Како што пренесуваат странските агенции, воената операција на Азербејџан минатата недела за преземање на контролата врз ерменската енклава Нагорно-Карабах ги поттикна стравувањата кај Ерменците дека Баку би можел насилно да создаде […]

Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах


 Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телевизиски говор вечерва го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот населен со Ерменци Нагорно-Карабах, пренесе ДПА. Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, рече тој од Баку. Засега нема коментар од ерменската страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна […]

Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах, Русија апелира да сопрат


– Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на […]

Азербејџан сака да ја снабдува Македонија со гас, но недостига инфраструктура, вели Амирбајов


Како Македонија да се снабдува со природен гас од Азербејџан, еден од најголемите производители на овој енергент и алтернативен извор на рускиот гас? Ова едно од прашањата кои што често се поставуваат и во домашната јавност, уште од пред пет години, а и сега кога земјава се приклучува кон интерконекторот во Александрополис во соседна Грција. […]

Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет


Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан. „Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба […]