Две жалби на тендерот за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“


Во постапката за јавна набавка за избор на надзор и правен консултант за изградба на Коридор 8 и Коридор 10, се поднесени две жалби, информираа  од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Согласно со Законот за јавните набавки, во моментов, како што соопштуваат, се подготвуваат одговори на жалбите кои ќе бидат доставени до Државната комисија […]

Бочварски очекува автопатите Петровец – Катланово и Кичево – Охрид да се завршат идната година


  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – […]

Велосипедист удрен од автомобил на автопатот Скопје-Тетово


Велосипедист завршил во болница откако бил удрен на автопатот Скопје-Тетово. Според МВР, вчера во 13.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко моторно возило “хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(66) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.Б.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во […]

На терен со 800 работници и 400 машини: Автопатот Кичево-Охрид ќе добие на динамика


  Се финализираат работите за асфалтирање на тунелот на автопатот Кичево – Охрид, а делови од делницата се ставаат во сообраќај под времен режим како што завршува изградбата. Пробиени се 95 проценти од трасата, а на терен се работи со над 800 работници и околу 400-тини машини. Пораки да се запази динамиката и продолжениот рок […]

Следната недела нов повик за финансиски советник за автопатите на коридроите 9 и 10-д


  Во текот на следната недела ќе биде објавен повик за финансиски консултант кој во име на Владата ќе преговара за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-турскиот конзицориум „Бехтел и Енка“. Изградбата на автопатите реално би започнала напролет следната година, информираше денеска вицепремиерот Артан Груби.  Претходниот тендер за избор […]

Бугарија објави тендер за дел од автопатот кон границата со Северна Македонија


 Бугарската владина агенција „Патна инфраструктура“ објави дека денеска распишала јавен тендер за избор на изведувач за изработка на идејно-технички проект со детален распоред – план за парцела за изградба на автопатот „Ѓуешево – Дупница “. Како што јави дописникот на МИА од Софија, трасата ќе овозможи удобна врска меѓу трансевропскиот транспортен коридор „Ориент/Источен Медитеран“, по […]

Како изгледа недоградениот автопат Кичево – Охрид се уверија Бочварски и Рустеми


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, извршија увид во градежните активности на автопатската делница Кичево – Охрид. Посетата ја искористија да направат обикола на целата траса и одблизу да се запознаат со градежните активности за изградба на овој автопат. Должината на оваа автопатска делница […]

Бесими: Со околу 190 милиони евра од ЕБОР ќе се финансираат Скопје – Блаце, ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола


Со 188 милиони евра од Европската банка за обнова и развој ќе се поддржи изградбата на три многу важни инфраструктурни проекти во земјава – автопатот Скопје – Блаце и фотоволтаичните електрани ФЕ Осломеј 2 и ФЕ Битола, соопшти Министерството за финансии (МФ). Собранието вчера даде „зелено светло“ за двата закона за државна гаранција, кои беа […]

Санацијата на свлечиштата на автопатот Штип-Миладиновци чни 750.000 евра


Се работи на постоечките одрони на автопатот Штип-Миладиновци, но Министерството за транспорт и врски заедно со професорите од Градежниот факултет работат и како да се испитаат и стабилизираат одредени косини на овој автопат, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Штип. -Очекуваме и одредени свлечишта и во наредниот период. Така што, мора да […]

Времен режим на сообраќај на патот Маврови Анови – Жировница од 14-ти овој месец


Почнувајќи од 14 јуни 2022 година во наредните 45 дена од 10 до 14 часот  ќе се воспостави времен режим на сообраќај на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница поради асфалтирање на делницата. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се воспостави времен […]

На патот Струга-Ќафасан намалување на брзината до 40 километри на час, препорачува АМСМ


На патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, на делницата од бензинска пумпа Камара – месност викана Мали Влај, на учесниците во сообраќајот им се препорачува намалување на брзината на движење до 40 километри на час поради изведување градежни работи на пат (крпење на ударни дупки). Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се […]

Слаб снег на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Ќафасан, Ѓавато и Железнец. Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од наша страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Состојба на патиштата


РАБОТА НА ПАТ: ”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните […]

Кус прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради изведување градежни работи


На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11.00 и 14.00 часот во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ. Сообраќајот на другите државни патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители


Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов, а одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот. – Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и […]

Утре од 15:00 до 16:30 минирање на автопатот Кичево – Охрид


На автопатот Кичево – Охрид утре ќе се изврши минирање во периодот од 15 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило


Поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради […]

Нови рокови за автопатот Кичево – Охрид и пругата кон Бугарија, старт на интерконекторот со Грција


Капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди и 885 милиони денари во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура најавува Министерството за транспорт и врски за годинава. Планирани се активности за изградба на автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д, со 6,1 милијарда денари, интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и […]

На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот по една лента поради свлечиште


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, […]

Поради свлечиште и голем одрон сообраќајот на А2 пред Миладиновци се пренасочува по една лента


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на десет километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.