Изградба на километар автопат во Албанија чини 12,2 милиони евра


Албанија е рангирана на второ место во Европа по трошоците за изградба на клометар автопат, јави дописникот на МИА. Според анализата на „Ворлд Хајвеј“ за цената на чинење на изградбата на автопати, прозлегува дека Австрија троши најмногу, односно 12,8 милиони евра по километар изграден пат, додека Албанија е на второ место со 12,2 милиони евра […]

Се отстрануваат таблите на автопатот со името „Александар Македонски“


ЈП „Македонија пат“ на терен ги повлекува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10, а кои согласно одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката […]

Стапи во сила Одлуката за преименување на аеродромот и автопатот


Деветнаесет сообраќајни табли со сегашното име на автопатот „Александар Македонски“ ќе бидат заменети со табли со новото име „Пријателство“, откако со објавувањето во ЈП „Службен весник“ стапи во сила владината одлука за преименување на автопатот на Коридорот 10 и на аеродормот во Скопје. – Јавното претпријатие за државни патишта ја доби одлука за преименување на […]

Сугарески: Во крајна фаза преговорите за анекс договорот за автопатот Кичево-Охрид


Во крајна фаза се преговорите за потпишување на анекс на договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Анексот треба да овозможи доизградба на автопатот, кој со основниот договор требаше да биде завршен до 31 јануари. Ако не се потпише анексот, во случај на спор, Македонија може да остане и без автопат и без големи […]

Автопатот Скопје-Блаце ќе поче да се гради во 2019 година


Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Изградба на автопат Скопје-Блаце“. Со проекција треба да започнат во втората половина на 2019 година и да бидат завршени до крајот на 2022 година. Делницата според проекциите треба да биде долга 12 километри. За […]

Ќе се возиме по „Пријателство“ и ќе летаме од „Скопје“


По објавување во „Службен весник“, скопскиот аеродром „Александар Велики“ и автопатот „Александар Македонски“ официјално ќе ги добијат новите имиња „Аеродром Скопје“ и „Пријателство“. Владата на последната седница донесе одлука со која се остварува ветувањето што премиерот Зоран Заев му го даде на грчкиот премиер Алексис Ципрас на нивната средба во Давос минатиот месец, да ги […]

Промената на таблите со новите имиња на аеродромот и автопатот по објавување во Службен весник


Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“ на одлуката што за таа намена ја донесе македонската Влада на вчерашната седница. Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) појаснуваат дека откако ќе се објави одлуката, на нивно барање […]

Грчкото МНР го поздрави преименувањето на аеродромот и автопатот


Грчкото министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на Владата на Република Македонија за преименување на скопскиот аеродром и на автопатот. -Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија да го преименува скопскиот аеродром во “Меѓународен аеродром Скопје” и автопатот кој го поврзува Скопје до грчката граница на “автопат пријателство “. Денешната […]

„Патот на Арбр“: Изградба на автопат од Тирана до Дебар


Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика денеска потпиша договор со компанијата „Ѓока Конструсион“ за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“), што Албанија ќе ја поврзува со Македонија кај Дебар. – Ова е еден многу значаен инфраструктурен објект што нашата земја ја поврзува со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра, а во […]

Укината автобуската линија меѓу Скопје и Солун


Со редовната автобуска линија Скопје-Солун-Скопје изминатиот викенд од кај нашиот јужен сосед се вратија последните патници. Редовниот автобуски превозник „Македонија сообраќај“, по 15 години функционирање, од почетокот на месецот не вози патници на оваа меѓународна линија. Поради спор кој речиси четири години се води во Управниот суд со Министерството за транспорт и врски, македонскиот превозник […]

Владата наскоро ќе донесе одлука за преименување на аеродромот и автопатот


Со одлука на Владата која треба да биде донесена наскоро ќе се изврши преименувањето на скопскиот аеродром и на автопатот, што беше најавено по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос. – Ќе треба да се донесе одлука на Влада и тоа ќе се случи во наредниот период, наскоро, […]

Голомразица предизвика сообраќајки кај Велес, кај Неготино и во Скопје (Фото)


Сообраќајна несреќа се случи утрово на излез од Скопје кон Велес, јавуваат возачи кои се наоѓаат на тој пат. Тие предупредуваат дека автопатот е замрзнат. Превртено возило има и кај Кавадарци, на излез кон Неготино. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за „Независен“ изјави дека причина за сообраќајните несреќи е голомразица. Три возила биле извртени на […]

Намалена е видливоста на автопатот Скопје – Катланово


Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Скопје – Катланово изутринава е намалена на 50 до 100 метри, соопшти АМСМ. Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ потсетува […]