Се бара поевтин паркинг и во катните гаражи, ДОМ смета дека тоа поттикнува возење автомобили


Од први март ќе поевтини зонското паркирање на отворените паркиралишта под надлежност на ЈП „Градски паркинг“. Така, во зоната А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зоната А од 50 се намалува на 40 денари, во зоната Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали […]

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи


Од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвјата со цел да се избегнат несакани последици од нивно паѓање, поради снежните врнежи кои го зафатија градот. -Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да се обратите до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195 или […]

Компанија која ја надмина „Тесла“ – нејзините акции пораснаа најмногу во 2021


Компанијата „Форд“ ја надмина „Тесла“ – нејзините акции имаа најголем пораст во автомобилската индустрија во 2021 година. Иако „Тесла“ беше во центарот на вниманието на јавноста, акциите на Ford Motors пораснаа за околу 140 отсто минатата година, победувајќи ги оние на Tesla, неговиот ривал General Motors и мноштвото стартери на електрични возила. Инвеститорите го наградија […]

Производителите на автомобили ќе се борат со кризата со чипови со години, велат консултанти


Производителите на автомобили како „Фолксваген“ и „Џенерал моторс“ треба да се подготват за глобалниот недостиг на полупроводници да трае подолго од следната година и да ги редизајнираат автомобилите за да им требаат помалку од високотехнолошките компоненти, соопшти консултантската компанија Роланд Бергер. Тесните грла ќе продолжат во текот на цела 2022 година, рекоа аналитичарите на минхенската […]

Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ


Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година. Двоцифрен пад е забележан на многу пазари во ЕУ, вклучувајќи три од четирите главни: Германија (-31,7%), Италија […]

Мате Римац зборува за тешкото детство: Многу ме злоставуваа, но не кажував


Хрватскиот иноватор Мате Римац, во документарецот „Несопирливи“ („The Unstoppables”“ на американската ТВ куќа Ци-ен-би-си, се присети на детството и почетоците како претприемач. Еден од најуспешните иноватори и претприемачи во Хрватска, 33-годишниот Мате Римац, е ѕвезда на новиот документарен филм “The Unstoppables”, кој го раскажува животот на несопирливиот светси претприемач. Во ди=окументарецот тој ја вози новинарката […]

„Форд“ најави продажба на е-пикап, резервирани сите модели за следните 3 години


Следната година ќе започне продажбата на пикапот на Форд, кој досега го резервирале дури 200.000 луѓе Годинава „Форд“ ја претстави електрична варијанта на својот легендарен пикап F-150, кој ќе се најде во продажба следната година. За оние кои сакаат што побрзо да влезат во овој автомобил, „Форд“ ја отвори можноста за резервација, а уште од […]

Субвенции од 3.000 евра и за половни автомобили


Во првите шест месеци годинава се увезени многу повеќе половни автомобили отколку лани и преклани. Податоците на Царинската управа покажуваат дека од јануари до јуни оваа година се увезени 16.205 употребувани патнички автомобили. Во првата половина од годината лани биле увезени 13.355 стари автомобили, а во првите шест месеци од 2017 – 9.987 автомобили. Ваквата […]

Голем пад на продажбата на автомобили во светот


Франција – Продажбата на автомобили во светот во првата половина од годинава е намалена за 7,1 отсто во споредба со истиот период во минатата година. Според ВДА и АЦЕА, речиси сите значајни пазари се во пад, раст е регистриран само во Бразил. Оваа година се продадоа 3,1 отсто помалку автомобили во Европа, додека во Кина – […]

Битолчани паркираат кај ќе стигнат


Зонското паркирање во Битола, кое започна да се спроведува пред шест години, не ги даде посакуваните ефекти во градот кој е на второ место во државата по број на регистрирани возила, веднаш зад скопската Општина Центар. Според ДЗС, низ битолските улици возат 25 илјади автомобили, па хаосот со паркирањето во централното градско подрачје е секојдневен […]

Мерко се поднови со четири автомобили, меѓу кои и лимузина од 66.700 евра


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ќе се поднови со четири нови автомобили, од кои и една луксузна лимузина. Вкупната вредност на набавката е 114.000 евра, иако општината за оваа набавка планираше да потрочи 100.000 евра, пишува Фокус. Договорот за набавката на лимузините бил склучен на 28 ноември, а денеска беше објавена на сајтот на Бирото […]

Жителите на Виена ги даваат под наем и своите автомобили


Сè почесто жителите на Виена го даваат под наем не само својот дом за кратко време, туку и личниот автомобил. Според најновите податоци, само една од интернет платформите во Виена за давање под наем на лични автомобили, минатата година регистрирала 30.000 корисници. Тоа е двојно повеќе отколку претходната година. Принципот е ист како и кај […]

ЕУ подготвена да возврати ако САД воведат царини за европските возила


Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа. Малмстром информира дека европските министри за трговија разговарале за трговските односи на Унијата со Вашингтон за време на денешниот неформален состанок […]

Во Гевгелија поставен првиот полнач за електрични автомобили


На паркинг просторот во центарот на Гевгелија, ЕВН го постави првиот полнач за електрични автомобили кој овозможува истовремено полнење на два автомобила. Независно од фактот што моментно во градот и околината нема многу хибридни автомобили, мопеди и инвалидски колички кои се напојуваат со струја, од ЕВН сметаат дека економските и незагадувачките ефекти од овие типови возила […]

(ФОТО) Шоу на ексклузивни спортски автомобили во Скопје


Атрактивни моќни автомобили денеска беа прикажани на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Настанот насловен како „Рели за ексклузивни автомобили“ се организираше по иницијатива и покана од „Парк хотел и спа Скопје“. Љубителите на спортските автомобили уживаа во повеќе од 40 лимитирани серии возила, меѓу кои: „Ламборгини Авентадор спајдер“ – со над 700 коњски сили, во исклучително […]

Цената на нафтата уште ќе скока


  Скока цената на бензините во Македонија. Скока и цената на суровата нафта на светскиот пазар. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека последното поскапување се должи на растот на просечната цена на суровата нафта и на растот на курсот на денарот во однос на доларот. Во изминатите 14 дена просечната цена на барел нафта изнесувала […]

Со кола удрил во 7-годишно дете и избегал


Возач на патничко моторно возило удрил во седумгодишно дете – пешак по што возачот го напуштил местото на настанот, соопштија од МВР. Несреќата се случила вчера околу 13 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Желино и Долна Лешница. Повреденото дете било пренесено во Клиничката болница во Тетово, каде лекар констатирал телесни повреди. Полицијата го бара […]

Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година


Албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси соопшти дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година. Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата. Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисјата „Отворено студио“ на тиранската телевизија Њуз 24, Клоси […]

Српската Влада ќе додели 100 автомобили во наградна игра


Владата на Србија, преку наградната игра „Земи сметка и победи”, доделува 100 автомобили, двојно повеќе од минатата година. Како што јавуваат српските медиуми, Владата минатиот месец одлучила, меѓу другите вредни награди, на играчите на среќа да им подели дури 100 патнички автомобили. Државната Дирекција за имот доби задача најдоцна до 12 февруари да обезбеди нови […]

Алармантни податоци: 600.000 возила нерегистрирани, осигурителните компании бараат Владата да реагира


Во текот на минатата година имало нерегистрирани 573.725 возила од кои на автомобилите отпаѓаат 407.089. На територија на градот Скопје, пак бројот на нерегестрирани возила изнесувал 201.737 од кои автомобили се 158.178, покажува статистиката на МВР. Осигурителните компании во Македонија преку Националното биро за осигурување најдоцна до почетокот на наредната година ќе предложат до Министерството […]