Колку ќе чинат новите автомобили од 7 јули и кои модели ќе бидат најмногу погодени?


Сите автомобили регистрирани од 7 јули па натаму ќе мора да имаат стандардни функции, кои повеќе не можеме да ги избегнеме, како што се трепкачки стоп-светла и автоматско сопирање во итни случаи со детекција на пешаци и велосипедисти. Прашањето повеќе не е дали ги сакаме. Прашањето е колку ќе платиме за нив. Од 7 јули […]

Изгореа пет автомобили на паркингот под Кале


Денеска на улицата „Лазар Личеноски“, во близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа зафатени и целосно опожарени пет паркирани возила. Според првичните информации, огнената стихија брзо се проширила и ги зафатила автомобилите кои биле паркирани на локацијата, при што тие целосно изгореле. Екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш интервенирале и работат […]

Поскапото гориво во Германија донесе неочекуван ефект на германските автопати


Порастот на цените на горивата почна да го менува однесувањето на возачите, а последиците се веќе видливи на патиштата. Според податоците и набљудувањата од Германија, сè повеќе возачи на автопатите возат побавно од порано, најчесто помеѓу 110 и 120 км/ч. Причината е едноставна – поголемата брзина значи и значително поголема потрошувачка на гориво. „Возачите станаа […]

Американските производители сакаат да ги забранат кинеските автомобили – дури и ако се произведени во САД!


Кинеските автомобили стануваат поевтини и технолошки понапредни, што предизвикува сериозна загриженост за американската автомобилска индустрија. Големите американски компании побараа од претседателот Доналд Трамп да одржува строги правила што практично го спречуваат влегувањето на кинеските возила на пазарот – дури и ако се произведуваат во Америка. Група водечки организации од американската автомобилска индустрија, кои ги претставуваат […]

Европски скандал! Над милион автомобили имаат лажни регистрации


Франција е во средината на еден од најголемите административни скандали во историјата на нејзиниот автомобилски сектор. Според извештајот на државниот орган за ревизија, Cour des comptes, дури милион возила би можеле да бидат регистрирани на сомнителен или целосно нелегален начин. Истрагата покажа дека недоволниот надзор на дигиталниот систем за регистрација на возила отворил пат за […]

Мицкоски бара жесток одговор од полицијата кон оние што протестираа, а се без возачки дозволи


  На посебни протести во Битолско и во Кочанско, група граѓани вчера палеа гуми, отпад и дрва, блокирајќи ги коловозите во знак на протест поради одземањето на возилата кои ги управувале без возачка дозвола. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил […]

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични


Во последните десет години над 80% од увезените автомобили се половни, а годинава на еден нов автомобил доаѓаат 3,5 половни. Истовремено, бројот на регистрирани возила е дуплиран – од 350 илјади во 2012 на речиси 700 илјади во 2024, но и покрај тоа просечната старост е зголемена на 19,4 години, што значи дека на патиштата […]

Дали е опасно да го миете автомобилот на ниски температури? Еве што препорачуваат експертите


Стручњаците предупредуваат: зимското миење на автомобил може да му наштети на возилото повеќе отколку што мислите – но само под одредени услови. Чистење автомобил на ниски температури Во сезоната на студ, мраз и солени коловози, прашањето дали автомобилот треба да се мие или да се остави „на зимски сон“ секогаш предизвикува поделени мислења. Дел од […]

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили,  за 5,8 отсто повеќе од лани 


Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA). Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво. Шпанија регистрира […]

Колекција од 1.300 автомобили „откриена“ во Алабама, сите одат на аукција


„Заборавена“ колекција од 1.300 автомобили во Алабама конечно е откриена, а стотици ретки класици ќе бидат понудени на аукција. Од време на време, некое ретко автомобилско откритие нè потсетува дека времето може да биде подобар кустос од кој било музеј. Скриени со децении, автомобили како овие, кои се дел од претходно споменатата колекција, излегуваат од […]

Половните автомобили нема да поевтинат – ќе биде и поскапо за нови модели кои ги нема на пазарот во Македонија


Новите правила за увоз на автомобили кои стапија на сила не носат ништо ново во однос на цената. Половните автомобили нема да поевтинат, бидејќи како што велат увозниците ниту давачките се намалуваат, ниту процедурата се забрзува. Според дел од увозниците, сега ќе биде поскапо за нови модели кои ги нема на пазарот во Македонија, а […]

Нови правила за одобрување возила


 Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој […]

Во европските пристаништа се трупаат автомобили поради царините на Трамп


Пристаништето Антверпен-Бриж, еден од најголемите светски центри за поморски превоз на автомобили, се претвори во огромен магацин на неиспорачани возила откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа пад на извозот на автомобили, камиони и трактори од Европа во САД, објавува „Гардијан“. Според официјалните податоци од пристаништата, во првите шест месеци од 2025 година, извозот […]

Зошто не треба да го паркирате автомобилот на сува трева во текот на летото


Летото е време на голема топлина и суша, што создава идеални услови за избувнување пожари. Причините можат да бидат различни – од природни катастрофи до палежители. Во Шпанија, Агенцијата за заштита на животната средина во Андалузија издаде интересно и корисно предупредување. „Паркирањето автомобил на сува вегетација, особено по долго возење, може да биде исклучително опасно.“ […]

ЕП одобри олеснување на мерките за јаглерод-диоксид за новите автомобили


Европскиот парламент одобри олеснување на мерките за испуштањето јаглерод-диоксид за новите автомобили и комбиња во Европската Унија, со што им обезбеди дополнителна флексибилност на автопроизводителите при префрлањето кон електрични возила. Новото правило, усвоено со 458 гласа „за“, 101 „против“ и 14 воздржани, им овозможува на европските производители да го пресметаат просечното испуштање штетни материи во овие […]

Катализаторот повеќе не е цел на крадци, туку многу поскапи делови


Знаците и антените порано се отстрануваа од автомобилите, но тие се минато, исто како каталитичките конвертори. Она што ги интересира крадците може да предизвика штета вредна неколку илјади евра, поради што треба да го заштитите вашето возило на секој можен начин. Листата на возачки асистенти станува сè подолга и подолга. Сепак, со нив се оживеа […]

Поевтини половни автомобили пристигнуваат во регионот: ЕУ најави драстични мерки за дизелашите постари од 10 години


Европската Унија воведува нови технички прописи со кои ќе се отстранат постарите автомобили од патиштата, а ова најмногу се однесува на дизел возила без DPF филтри. Имено, ЕУ најави драстични мерки кои директно ги таргетираат автомобилите постари од 10 години, особено дизелите. Европската Унија ја оправдува оваа иницијатива со потребата од намалување на сообраќајните несреќи […]

Продажбата на „Тесла“ во ЕУ во првиот квартал падна за 45 отсто


Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ продолжи да опаѓа во првиот квартал од 2025 година, при што регистрациите паднаа за 45% на годишно ниво, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објавени денес. Во ЕУ, бројот на регистрации на возила на „Тесла“ се намали на 36.167 возила во споредба со 65.774 […]

Форд им најавил на дилерите дека цените би можеле да се зголемат во јуни доколку останат царините на Трамп


Форд ги предупредил своите дилери дека царините најверојатно ќе ги зголемат цените на автомобилите во наредните месеци, како влијание на давачките при увозот врз финансиите на Американците. Тарифите на претседателот Доналд Трамп од 25% за сите увезени автомобили стапија на сила на 3 април. Во белешката до дилерите на Форд за првпат објавена од Automotive […]

Берлин и Париз бараат ЕУ силно да одговори на американските царини, Лондон не сака трговска војна


 Велика Британија не сака да ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија повикаа на силен одговор од Европската унија на новите американски царини што ја погодуваат европската автомобилска индустрија. -Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземаме  некакви мерки […]