По најавата на новите царини на Трамп, паѓаат акциите на повеќе светски автопроизводители


По најавата на новите царини од 25 отсто за увезените возила што ја објави американскиот претседател Доналд Трамп, акциите на „Џенерал моторс“ паднаа за осум отсто во тргувањето по работното време, а акциите на „Крајслер“, т.е. неговата матична „Стелантис“ и на „Форд“, со коишто се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5 отсто. Како одговор […]

Изгореа три автомобили и три мотори во двор во Стајковци


На 10.03.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син […]

Му продале автомобили на директор на фирма, но пари не добиле


Вчера во СВР Скопје, 63 – годишник од Охрид, 47 – годишник од Куманово и 37 – годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ.(59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. „Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за […]

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи, што е најново во серијата мерки што би можеле да ја нарушат меѓународната трговија. Трамп во петокот рече дека нема да воведува царини за автомобили пред 2 април, ден откако […]

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека има намера да воведе царини за увоз на автомобили некаде околу 2 април, што е најновото во серијата такси за странска стока, пренесоа агенциите. Американскиот лидер не прецизираше дали сите автомобили ќе спаѓаат во опсегот на мерката или само оние од одредени земји. Запрашан да коментира кога ќе стапи […]

Децата најдиректно ги дишат издувните гасови од автомобилите


 Забрана на увоз на возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард и ограничување на увозот на нови со минимален „ЕУРО 6“ стандард, побараа претставници на О2 иницијативата на денешната прес-конференција пред Владата. Како што појаснија, денеска ќе биде испратено и официјално барање, поддржано од повеќе граѓански организации, до премиерот Христијан Мицкоски и […]

Eвропската автомобилска индустрија во големи проблеми, не само од електричните автомобили


Се чини дека ова не се најдобри времиња за автомобилската индустрија, особено за европските производители, кои се соочуваат со огромни притисоци. Сепак, преминувањето на електромобилност не е единствената причина за падот на профитот. Проблемите се многу подлабоки и поразновидни. Европа, како индустриска локација, со години се бори со предизвиците. Додека високите профити од кинескиот пазар […]

ЕУ од четврток воведува царини до 35 отсто за електрични автомобили од Кина


Европската комисија денеска со уредба воспостави дополнителни царини за електричните автомобили увезени од Кина, што ги смета за нелојална конкуренција. И покрај противењето на Германија, Брисел одлучи на данокот од 10 отсто кој веќе е во сила, да додаде до 35 отсто на возилата на батерии од кинеско производство, се вели во текстот на регулативата […]

Пад на продажбата на автомобили во Европа


 Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец. Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO […]

Мицкоски: Владата планира од следната година да набави електрични возила


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата планира да издвои средства за набавка на електрични автомобили со новиот буџет, но дека оваа година тоа нема да биде возможно. Одговарајќи на новинарско прашање, тој објасни дека Владата работи на план за воведување на оперативен лизинг, кој би требало да го намали трошокот за одржување на автомобилите во […]

Започна нов тренд кај возачите: Што значи ако некој ви остави книга на покривот од автомобилот?


Некои луѓе толку многу ги сакаат книгите што сакаат да ги споделат со други, па тоа го прават така што дел од својата колекција оставаат на покривите на паркираните автомобили. Замислете ја сцената: се враќате од шопинг во блискиот супермаркет и ја гледате „Војна и мир“ на Толстој на покривот на вашиот автомобил. Што по […]

„Славните денови“ на глобалните автопроизводители во Кина завршија


  Странските производители на автомобили доминираа на кинескиот пазар на автомобили со децении, продавајќи милиони возила и остварувајќи огромен профит. Таа златна ера сега нагло завршува. Брзиот подем на домашните кинески производители на електрични возила (ЕВ), како што се БИД и Xpeng, го нарушува најголемиот пазар на патнички автомобили на планетата и ги остава најголемите […]

Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта


Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта) граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Осигурени се речиси 351.000 возила во периодот јануари – јуни годинава, а […]

Бројките се јасни: Германците секоја година користат сè помалку автомобили


Во германската Федерална управа за автомобилски сообраќај утврдиле дека просечниот број на поминати километри со автомобил минатата година бил 12.320 километри, што е за 1,2 отсто помалку од 2022 година. Ова го продолжува трендот од претходните години. Имено, од година во година се намалува бројот на километри кои Германците ги минуваат со автомобили. Минатата година […]

За прв пат Кинезите дома продадоа повеќе автомобили од американските: Дали вреди царинската војна?


Кинеските автомобилски гиганти продадоа повеќе автомобили во Кина од нивните американски конкуренти за прв пат минатата година, според неодамна објавеното истражување на Jato Dynamics. Кинеските марки, предводени од BYD, продадоа околу 13,4 милиони нови возила на тој пазар, додека американските брендови достигнаа 11,9 милиони клиенти. Сепак, јапонските автомобилски гиганти сè уште доминираат со 23,59 милиони […]

Повторно лоши вести во автомобилската индустрија


Расположението во германската автомобилска индустрија повторно се влоши во мај по краткиот подем во април, е заклучокот од извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Показателот кој го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна во мај од минус 2,4 поени во април на минус 8,6 поени, според IFO. – […]

Продажба на автомобили во ЕУ: Дизел и електричните автомобили се речиси изедначени


Во април се регистрирани најмногу возила на бензин, 36 отсто, потоа хибридите 29,1 отсто, дизел автомобилите 12,9 отсто и електричните возила 11,9 отсто. Во земјите на Европската Унија во април се регистрирани 913.995 нови автомобили, што е за 13,7 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA). […]

СКСЗМ: Одлуката за осигурување на автомобили е еднострана и штетна за бизнис секторот и економијата во државата


Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ја оквалификува одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност како неподдржувачка на бизнисот и економската благосостојба. -На многу бизниси им е потребно да се поддржуват на возила за извршување на нивните активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили […]

Електронските автомобили се трупаат во европските пристаништа


Гледани низ очите на шпедитерите, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А тие дефинитивно не можат да се „собираат со лопата“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала […]

Ќе добиете парична казна: Еве кога не можете да вклучите клима или греење во возилото во Германија


Возачите во Германија мора да бидат внимателни доколку сакаат да користат греач или клима уред во своето возило. Имено, Законот за сообраќај предвидува јасни прописи за ова, како што пренесува магазинот Феникс. Како што е наведено во Законот, забрането е палење на моторот кога автомобилот не е во движење поради метеж, само за вклучување на […]