Две лица се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус на ЈСП


Две лица попладнево се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус број 16 на Јавното сообраќајно претпријатие, потврдија од МВР за МИА. Во 13.30 часот е пријавено дека во автобус број 16 на улица „11 Октомври“ во близина на Собрание на РМ, две лица со возило застанале до автобусот и се обиделе со употреба […]

Изгоре бугарски автобус на пат за Македонија


Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир. Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија. Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18. 30 часот, но причините не се соопштуваат. Според првичните сознанија, […]

Уште еден автобус на тест, на „2“ ќе вози полски автобус на гас


Од утре на линијата „2“ се очекува да почне да вози автобус на гас производство на полската компанија „Соларис“. Тој ќе биде дел од јавниот сообраќај 40 дена, на тест период, по што надлежните ќе треба да одлучат со какви автобуси ќе го модернизираат возниот парк на ЈСП. Веќе по скопските улици пробно сообраќа мерцедесовиот […]

Во патнички автобус оставена ќеса со марихуана


На автопатот Скопје-село Миладиновци вчера во патнички автобус била пронајдена ќеса со марихуана. Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. […]

Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени


Во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Баварија, меѓу камион и автобус, загина возачот на автобусот, а повредени се 18 лица, соопшти денеска германската полиција. Германските медиуми јавија дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 лица во моментот на несреќата. Германската полиција наведе дека, веројатно возачот доцна забележал дека камионот што превезувал стакло […]

Уште првиот ден „заглави“ автобусот од кампањата против Брегзит


Автобусот, кој во рамки на кампањата против Брегзит, денеска ја почна осумдневната турнеја по Велика Британија, уште првиот ден „заглави“ во споредна улица во Лондон. Заговорниците за останување на Велика Британија во ЕУ појдоа денеска од пред зградата на британскиот Парламент на турнеја со голем, црвен автобус, како симбол на противење на планираното излегување на […]

Автобусот број 50 повторно застанува во ГТЦ


На автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно застанува автобусот број 50, кој сообраќа од Хиподром до Клиничкиот центар. – Денес ја враќаме оваа линија на местото каде традиционално припаѓа. Го враќаме стариот дух на Градскиот трговски центар со намера да го заживееме онаков како што го знаеме од времето кога Скопје беше […]

Софиски автобус на струја ќе вози на линијата „15“


Корисниците на линијата со број „15“ на ЈСП од пролет ќе имаат привилегија да се возат во електричен автобус. Тој ќе биде првиот од неколкуте што се планирани да го прошират и подноват возниот парк на сообраќајното претпријатие, со цел побрз и поеколошки сообраќај. Всушност, тој автобус нема да биде купен, туку производителот „Кериот моторс“ […]

Приведени 15 лица во тепачка во Ченто, каменуван автобус на ЈСП


Петнаесет лица се приведени вечерва откако настанала тепачка меѓу две групи на улицата „А.Авдовиќ“ во населбата Ченто. Во тепачката од страна на едната група каменувал е автобус бр. 65 б кој соообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци при што се искршени четири стакла. Случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП околу 19:35 часот. Полицијата потврди […]

Автобус со Македонци се судри во Австрија


Возач на автобус од Македонија е повреден во сообраќајна несреќа при судир со автомобил што се случила синоќа околу 22 часот во близина на Шлиeрбах, Австрија. Станува збор за автобус на македонскиот превозник „Насир Турс“ кој сообраќал од Хамбург за Македонија. За МИА од „Насир Турс“ потврдија дека 40-годишниот возач се здобил со повреди и […]

Малолетник со пиштол се возел во автобус


Малолетник од Скопје е фатен како се вози со пиштол во градски автобус. Инцидентот се случил во понеделникот околу 19 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката Бит пазар кога полициски службеници извршиле контрола во автобус што сообраќал од Транспортен центар. „При преглед кај 15-годишник од Скопје, бил пронајден еден гасен сигнален приштол марка ‘екол’ […]

Граѓаните помалку се возеле со градски превоз


Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во третото тримесечје од 2017 година е намален за 3,7 отсто во споредба со истиот период лани, додека вкупниот број на патничките километри е зголемен за 1,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8 […]