Во Виена почна да сообраќа првиот автобус на водород


Градот Виена го направи првиот голем чекор на патот кон еколошки прифатливо гориво и го претстави својот прв водороден автобус. Во текот на следните неколку месеци, како дел од тест фазата, автобусот на водород ќе сообраќа во мрежа автобуски линии, а од јануари ќе може да го користат и патниците. Градското јавно сообраќајно претпријатие на […]

(Фото) Македонски автобус хит во Бугарија: Удри во надвозник и стана „кабрио“


Двајца шофери од Македонија минале без повреди во бизарен инцидент што утрово се случи во Пловдив. Бугарските медиуми пишуваат дека автобусот, во кој немало други патници освен двајцата возачи, удрил во надвозникот и останал без горниот дел. По социјалните мрежи се шегуваат дека автобусот сега станал „кабрио“ и е подготвен за летната сезона.

Младата Ерза не успеа да се избори за живот


По петнеделна битка за живот, дваесетгодишната Ерза Османи од Гостивар им подлегна на повредите од стравотната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Нејзиното срце престана да чука вчера околу 13 часот на скопските клиники. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот и да и ги санираат повредите, девојката, сепак, почина“, […]

Тепачка на средношколци во автобус на ЈСП, приведени неколкумина


Неколку средношколци попладнево се степаа во автобус број 5 на ЈСП кој сообраќал на булеварот „Теодосиј Гологанов“ кон Центар, јавува МИА. – Нема оштетувања на автобусот, ниту повредени патници, потврдија од ЈСП. Инцидентот во ЈСП е пријавен во 14:30 часот, а како што информираа оттаму, случајот го презема Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат […]

Уште една жртва на сообраќајката кај Ласкарци: Почина 19-годишна девојка


Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата. „И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврди за „Независен весник“, д-р Алберт […]

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба


Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една недела, се уште се во критична состојба. Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“. Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, […]

(ВИДЕО) Се извлекува автобусот, ќе се вештачи во касарната во Ѓорче Петров


На автопатот Скопје – Тетово, на местото на тешката сообраќајна несреќа, пристигна кран кој го извлекува моментно автобусот што се преврте синоќа, при што загинаа 14 патници, а триесетина се повредени. Откако ќе биде подигнат, автобусот, како што се најавува, ќе биде однесен на вештачење во касарната Ѓорче Петров. На местото на несреќата инспекторите цело […]

Уште една Македонка почина во несреќата во Србија


Минатонеделната автобуска несреќа во Србија ја зеде и четвртата жртва. Македонската државјанка С.Т. им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Ниш. Таа имала скршеници на карлицата што довело до руптура на мочниот меур. Итно е оперирана, но поради тешката состојба, беше приклучена на апарати за дишење. Со нејзината смрт, билансот од сообраќајката кај Лесковац […]

Рашковски ги посети повредените македонски државјани, Филипче на пат


Македонската Влада води грижа за своите граѓани, независно каде тие се наоѓаат и затоа сме денеска тука за да помогнеме колку што може да се ублажи несреќата, порача во изјава за МИА генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој вечерва пристигна во Лесковац, каде во локалната болница се сместени дел од повредените. Три лица загинаа, […]

Се преврте македонски автобус кај Лесковац, тројца загинати и 32 повредени


Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица. Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица. Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш. Според најави од […]

МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија


Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Австрија има повредено и македонски државјани. Две лица со потешки и осум со полесни повреди се здобиле по судир на македонски автобус, во кој се превезувале 18 патници и камион. Тешко повредените не се во животна опасност, велат од МНР. […]

Македонски автобус се судри со камион во Австрија


Деветмина патници се повредени, oд кои три потешко во судирот меѓу автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за македонски автобус. Во Министерството за надворешни работи засега немаат потврда. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со […]

Возењето со велосипед ве спасува од сообраќаен метеж


Учениците од средното училиште „Боро Петрушевски“ во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2018 го посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот. Тие слушаа предавања за развојот на велосипедскиот сообраќај во европските земји, за пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови како и за безбедноста во велосипедскиот сообраќај. Во Канцеларијата на […]

Повеќе автобуси кон Света Петка и Свети Пантелејмон


ЈСП Скопје во пресрет на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, утре и во среда ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28. Утре, на линијата 69, која сообраќа од Транспортен центар до селото Дивле, ќе се реализира едно поаѓање и тоа во 15.30 часот, а во среда ќе сообраќаат […]

ЈСП со специјална рута за годишнината од земјотресот


ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на Сити бусот „Рута на солидарноста“. Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со катастрофалниот земјотрес. Почетна станица ќе биде местото каде што е родена […]

(ВИДЕО) Пожар во автобусот со број 2 на „Партизанска“


Пожар избувна во автобусот со број 2 што вози по улицата „Партизанска“. Повредени нема. Патниците во паника се симнаа кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Тие сведочат дека неколку станици мирисало на оган и ненадејно избувнал чад од автобусот. Веднаш пристигнаа полициска и противпожарна екипа. Погледнете:

(Видео) Ужас на автопатот пред Белград, изгоре хрватски автобус


Патнички автобус од Хрватска се запали и изгоре денеска околу 11 часот на автопадот Шид-Белград, во близина на исклучувањето за аеродромот „Никола Тесла“, објави Телеграф.рс. Видеото можете да го видите овде:   Nadam se da su svi uspeli da izadju Autoput za Šid pic.twitter.com/mLfhwJ0kkS — Med i mleko (@MPajovi) June 3, 2018 Патниците раскажуваат дека […]

Гром удри во автобус со патници во Грција


Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандруполис. Автобусот, во кој се наоѓале двајца возачи и 12 патници, патувал на релација од Александруполис до Орестијада. Громот удрил во автобусот кога тој се наоѓал на 21 километар од Александропулос, по што возилото […]

(Фото) Уште еден автобус на гас ќе се вклучи во јавниот собраќај


ЈСП Скопје денеска потпиша договор со компанијата МАН Импортер Македонија, ексклузивен увозник на МАН за македонскиот пазар, за пробно користење автобус од типот Lion`s City A21 кој користи природен компримиран гас т.н. CNG. Договорот го потпишаа Кристијан Чушков, директор на ЈСП Скопје и Ивица Вилјац, директор на МАН Импортер Македонија. Новиот автобус во сообраќај ќе […]

(Фото) Автобус на ЈСП насила запрен и каменуван


Две лица од село Сингелиќ, А.Ј. (18) и 16-годишник, вчера попладне со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки запреле автобус на ЈСП број 65 што сообраќал од Транспортен центар кон село Стајковци. Лицата му се испречиле на автобусот додека се движел по улицата „Алија Авдовиќ“. Откако го запреле, излегле од возилото и побарале од возачот […]