Најмалку осум жртви во силен земјотрес во Авганистан


Најмалку осум лица загинаа во силниот земјотрес што во текот на ноќта го погоди североисточен Авганистан, соопшти директорот за информации и култура на провинцијата Кунар и портпарол на гувернерот Мавлави Наџибула Ханиф. Тој за локалните медиуми предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми и нагласи дека има и сериозна материјална штета. Американскиот геолошки институт регистрира […]

Година на талибанците – само помош ги одржува во живот авганистанските деца


  Самар* повеќе не оди на училиште. Наместо тоа, 11-годишното момче поминува половина од својот ден шиејќи килими со неговиот 15-годишен брат Залмај*. Економската криза во Авганистан значи дека неговото семејство, кое имаше добар живот пред талибанците да ја вратат власта, сега се бори да преживее. Испраќањето на Самар на работа беше мачна одлука за […]

Нов земјотрес во Авганистан, најмалку пет жртви


Пет лица загинаа денеска во источен Авганистан во нов земјотрес што е регистриран во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што се случи пред два дена. Јачината на денешниот земјотрес бил 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во близина на пакистанско-авганистанската граница, јавува „Ројтерс“. „Според првите информации, пет лица загинаа во земјотресот […]

Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Авганистан


Бројот на загинати луѓе во земјотресот регистриран во југоисточниот дел на Авганистан се искачи на 1.150, објавија денеска авганистанските медиуми. При земјотресот најмалку 1.600 луѓе се повредени, а делумно или целосно уништени се околу 10.000 куќи. Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните. Сè уште не е познато колку […]

Во Авганистан прекината потрагата по преживеаните од земјотресот


 Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните. На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Авганистан, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени. Сè уште не е познато колку луѓе се под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите […]

Талибанците бараат помош по силниот земјотрес


Талибанците апелираат меѓународната заедница да испрати помош во Авганистан по вчерашниот земјотрес со интензитет 6,1 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени. Не е познат бројот на затрупаните луѓе под урнатините, а спасувачките акции се попречени од обилниот дожд и недостиг на средства. Најпогодена од земјотресот е […]

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес се искачи на 950 лица


Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално времего погоди денеска Авганистан. Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост. Претходно заменикот министер за […]

Над 280 загинати и 600 повредени во силниот земјотрес во Авганистан


Најмалку 280 луѓе загинаа, а над 600 се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, кој во 01.30 часот по локално време го погоди Авганистан, јави Би-Би-Си. Фотографии на социјалните мрежи покажуваат лизгање на земјиштето и уништени домови во источната провинција Пактика, каде што спасувачите се обидуваат да ги санираат повредените. […]

Најмалку 255 загинати во силен земјотрес во Авганистан


Најмалку 255 лица загинале во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што во текот ноќта го погоди источен Авганистан, соопшти агенцијата Багхтар, пренесе ДПА Потресот со јачина од 6,2 степени рано утринава ги погоди густо населените делови на Пакистан и Авганистан, соопшти американскиот Геолошки завод (УСГС) Потресот погодил подрачје на околу 44 […]

Почина момчето кое падна во бунар во Авганистан


Петгодишното момче кое падна во одводен бунар длабок 25 метри во југоисточен Авганистан почина, соопштија локалните власти, јавува Еуроњуз. „Хајдар не напушти засекогаш. Ова е уште еден ден на жалост за нашата земја“, напиша на Твитер секретарот на Министерството за внатрешни работи. Момчето во вторникот паднало во бунар, а утрово спасувачите го извлекле. Според медиумите, […]

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа кон нивната трајна дестинација


Уште 35 авганистански граѓани кои престојуваа во земјава денеска отпатуваа кон нивната трајна дестинација, информираат од Владата. -Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште, […]

Бајден го отфрли извештајот во кој се критикуваат САД за повлекувањето од Авганистан


Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли заклучоците од декласифицираниот извештај за кој пишуваше Вашингтон пост, во кој американската војска го критикуваше начинот на кој Белата куќа управуваше со повлекувањето на САД од Авганистан. – Немаше вистински момент за повлекување од Авганистан, изјави Бајден во интервју за Ен-БиСи. Тој додаде дека ги отфрлил заклучоците од извештајот. […]

Група од 39 граѓани на Авганистан кои престојуваа во земјава заминаа за Канада


Нова група од 39 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава, претпладнево од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во рамки на здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Станува збор за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – […]

Шеснаесет граѓани на Авганистан со привремен престој во земјава утрово заминаа кон Канада


Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада заминаа група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја. -Станува збор за вработени, соработници и членови […]

Бремената новинарка од Нов Зеланд може да си оди дома од Авганистан


Нов Зеланд– Бремената новинарка од Нов Зеланд која остана во Авганистан поради анти-ковид мерките и ограничувањата за влез воведени од нејзината земја, изјави дека властите на Нов Зеланд и понудиле начин да се врати дома. Официјалните лица прво инсистираа новинарката Шарлот Белис да мора повторно да аплицира за место во хотел за карантин, но се откажаа и […]

Си ги продаваат децата и органите – неподнослива беда


  Многу Авганистанци со години се борат со исклучителна сиромаштија, а често се одлучуваат и на продажба на телесните органи за со добиените пари да го прехранат семејството. Откако талибанците ја презедоа власта, дојде до прекин на испораката на меѓунардона помош, а животот на Авганистанците дополнително им е отежнат во зимскиот период. Ваквата состојба ги […]

Земјотрес во Авганистан


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди североисточниот дел на Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според Центарот, епицентарот на земјотресите бил на 49 километри источно од градот Баглан, каде што живеат околу 108.000 луѓе. Изворот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета […]

Објавени три снимки од американскиот напад со дрон во кој загинаа 10 авганистански цивили


Американската војска објави видео снимки од нападот со дрон во Кабул на 29 август 2021 година во кој беа убиени 10 авганистански цивили, вклучувајќи и седум деца. На најновите снимки се гледа Кабул од воздух додека војската следи бела „тојота корола“ низ делови од градот, верувајќи дека тоа е автомобил на припадници на терористичката група […]

Талибанците од своите редови избркале речиси 3.000 свои припадници, осомничени за злоупотреби


Откако лани се вратија на власт во Авганистан, талибанците од своите редови протерале 3.000 членови, затоа што биле обвинети за незаконско однесување, што е бил дел од обемниот „процес на филтрирање“, пренесоа француските медиуми. Талибанците во август го зазедоа Кабул, по 20-годишен бунт против авганистанската Влада, што беше  поддржана од САД. Новите талибански власти ветија […]

Талибанците тврдат дека речиси 10 отсто од Авганистанците се зависници од дрога


  Во моментов во Авганистан има околу 3,5 милиони или девет отсто зависници од дрога, изјави заменик-министерот за здравство на талибанците, Абдул Бари Омар. – Три ипол милиони луѓе во земјата се зависници. Секој од нив користи дрога вредна три американски долари дневно, изјави Омар гостувајќи на локална телевизија. Според Обединетите нации, делот од земјоделското земјиште во […]