Трагедијата на авганистанските девојчиња: На 13-годишна возраст принудени да се мажат, на 18-годишна возраст веќе родиле четири пати


Авганистан доживува драматично зголемување на бројот на деца-невести и мајки. Среде длабока хуманитарна криза, сиромаштија и глад, очајни семејства ги продаваат своите деца за да обезбедат храна за остатокот од домаќинството. Истражувањето спроведено од „Гардијан“ и „Зан Тајмс“ носи шокантни признанија и податоци за тоа како враќањето на Талибанците на власт, укинувањето на правото на […]

Воздушни напади врз Кабул и други авганистански провинции


 Пакистанските воздухопловни сили во текот на ноќта ги нападнаа воените објекти во соседен Авганистан по офанзивата на авганистанските талибански сили, соопштија официјални лица рано утрово, при што беа погодени цели во Кабул и провинциите Кандахар и Пактија. Портпаролот на талибанската влада, Забихула Муџахид, ги потврди нападите на X, велејќи дека нема извештаи за жртви од […]

Снежни бури и поројни дождови во Авганистан, најмалку 61 лице го загуби животот, а 110 се повредени


Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи. Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко […]

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан


 Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи нов биланс на жртви. – Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е […]

Најмалку седум луѓе загинаа во силниот земјотрес во северен Авганистан


Седум луѓе загинаа, а околу 150 се повредени во синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала регистриран во северниот дел на Авганистан. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Мазар и Шариф, на длабочина од 28 километри. Во градот Мазар и Шариф живеат околу 523.000 луѓе. […]

Авганистан и Пакистан ги завршија мировните преговори без решение


Разговорите меѓу Авганистан и Пакистан за посредување во долгорочен прекин на огнот во Истанбул завршија без договор, соопштија денеска два извори запознаени со ситуацијата. Двете страни претходно се согласија за прекин на огнот постигнат во Доха на 19 октомври, но не успеаја да постигнат заедничка основа во втората рунда разговори посредувани од Турција и Катар, […]

Судирот на границата се претвори во војна: Убиени се 58 пакистански војници, Талибанците испраќаат тенкови 


Талибанските сили убија 58 пакистански војници и ранија дополнителни 30 во операции долж линијата Дуранд, според портпаролот на авганистанската влада Забихулах Муџахид, и зазедоа 25 пакистански позиции. Авганистанското Министерство за одбрана ги опиша операциите како одмазда за она што го нарече повторени нарушувања на авганистанскиот воздушен простор и територија, вклучително и воздушни напади врз Кабул […]

Талибанците си ги поправија хеликоптерите што ги оставија Американците по повлекувањето


Механичарите на воздухопловните сили на Авганистанската армија поправија три хеликоптери што ги оставија американските воени и владини сили по повлекувањето на САД во 2021 година. Два повеќенаменски хеликоптери Ми-17 и еден лесен напаѓачки хеликоптер МД-530 беа поправени. Според Министерството за одбрана на Авганистан, сите три авиони ги поминале потребните технички тестови и веќе ги извршиле […]

Во Авганистан потпишан е договор вреден две милијарди долари: земјата сака „енергетска револуција“


Приватна авганистанска компанија наречена „Кам Груп“ потпиша договор вреден две милијарди долари со Да Авганистан Брешна Шеркат (DABS) за производство на 2.000 мегавати електрична енергија. Според официјалните лица, се очекува проектот да трае помеѓу три и седум години, а енергијата ќе се генерира од различни извори, вклучувајќи вода, гас, ветер и геотермална енергија. Мохамед Гул […]

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица


Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар – соопштија властите. – Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени – соопшти […]

Земјотрес во Авганистан: Повеќе од 600 загинати (видео)


Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Prayers for Afghanistan after a major earthquake hits Kunar. pic.twitter.com/cbdteIJBHZ — Mansoor Ahmed […]

Силен земјотрес го погоди Авганистан, најмалку 250 загинати и над 500 повредени


Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, […]

Германија ќе продолжи да прима бегалци од Авганистан


 Германија наскоро ќе ја укине повеќемесечната суспензија на приемот на ранливи авганистански граѓани, што вети дека ќе ја прими, објави денеска весникот „Велт“ (Welt) повикувајќи се на неименувани владини извори. Околу 2.000 Авганистанци, на кои им беше одобрено преселување во Германија во рамките на програмата за луѓе во ризик под власта на талибанците, со месеци […]

Илјадници Авганистанци тајно се преселиле во Велика Британија, операцијата досега чинела 468 милиони евра


Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста по грешка на британски функционер, објави Би-би-си утрово. Протекувањето на податоците се случило во февруари 2022 година, кога речиси 19.000 лица, кои аплицираа за преселување по пристигнувањето на талибанците во Авганистан, станаа достапни онлајн. Владата […]

Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу Авганистан и Таџикистан


Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа долж авганистанско-таџикистанската граница, соопшти денеска германскиот истражувачки центар за геологија (ГФЗ). Во соопштението на ГФЗ се наведува дека земјотресот бил регистриран утринава во 06:47 часот по локално време и оти епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 92 километри. Засега нема информации за жртви или материјална […]

Талибанците се заканија: Престанете да вработувате жени, или ќе ве затвориме


Талибанците најавија дека ќе ги затворат сите домашни и странски невладини организации во Авганистан кои вработуваат жени. Одлуката доаѓа две години откако им наложија на невладините организации да престанат да вработуваат авганистански жени, наводно затоа што не го носеле правилно хиџабот. Во писмото објавено синоќа на социјалната мрежа Х, Министерството за економија предупреди дека непочитувањето […]

Разорна бура го погоди Авганистан – 40 загинати, урнати столбови, луѓе без струја…


Околу 40 лица загинаа, а најмалку 347 се повредени во силното невреме што вчера ја погоди провинцијата Нангархар во источен Авганистан, соопшти авганистанското Министерство за здравство. Портпаролот на министерството Шарафат Заман изјави дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување. Невремето, кое донесе силен дожд, го погоди […]

ЕУ подготвува дополнителна хуманитарна помош за Авганистан


 Европската унија, поради влошената хуманитарна ситуација во Авганистан, ќе и обезбеди на земјата уште милиони евра помош, јави ДПА. Околу 125 милиони евра ќе бидат доделени на хуманитарните организации во Авганистан за да се спречи ризикот од глад, објави ЕК. Помошта првенствено ќе се користи за обезбедување храна, засолништа, здравствена заштита и пристап до вода […]

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан


Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле. Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат […]

Прогласена вонредна состојба: Поплавите однесоа повеќе од 70 животи (видео)


Силно невреме ги погоди Авганистан и Пакистан и предизвика поплави кои досега однесоа повеќе од 70 животи. Најмалку 39 лица загинаа во Пакистан откако силно невреме го погоди југозападниот дел на земјата. Силни поплави се забележани и во соседен Авганистан, каде животот го загубија 33 лица, а стотици куќи беа оштетени, соопштија авганистанските власти. Најпогодена […]