Разговор за филм и филозофија со режисерот Милчо Манчевски
Настанот е насловен „Филозофијата и филмското дело на Милчо Манчевски“ и ќе почне во 16 часот со прикажување на последните остварувања на Манчевски – краткиот филм „Крајот на времето“ и долгометражниот филм „Бикини Мун“.
По проекцијата режисерот Манчевски ќе одговара на прашања на присутните во амфитеатарот на Филозофскиот факултет.