„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија


Фото: Б. Грданоски

 Издавачката куќа „Матица македонска“ ги повика читателите да побараат нејзини стари изданија во своите домашни библиотеки за што ќе додели награди во рамки на чествувањето на 35-годишнината од постоењето.

– На нашите страници на социјалните мрежи ги повикуваме читателите да ја најдат најстарата книга што ја купиле во издание на „Матица“, да ја фотографираат и да ја и споделат со нас својата приказна поврзана со книгата од првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Дали е тоа книга со која пораснавте, книга што ви ја подарил некој сакан или првиот роман што ве натерал да се вљубите во читањето? – соопшти издавачката куќа. 

 „Матица“ најави изненадувања и специјални награди за читателот што ќе сподели најстаро издание и за оној што ќе има најемотивна приказна поврзана со книгата.

Акцијата трае до 27 февруари и е дел од традиционалниот зимски саем „Книга во секој дом“, кој трае до крајот на февруари со јубилеен попуст до 80 проценти.