„Гугл асистент“ оди во историјата


„Гугл“ официјално го објави почетокот на исклучувањето на „Гугл асистент“. Почнувајќи од 4 септември, компанијата постепено ќе ги префрла уредите со оперативен систем „Андроид“ – на „Џемини“, што ќе стане новиот стандарден гласовен и вештачкоинтелигентен асистент на телефоните. Промената ќе се случи автоматски преку „Гугл плеј сервис“, без корисникот да мора да инсталира нова апликација […]

Косата од фризерските салони завршува во морето. Бразил ја користи за да направи заштитни бариери


Нова еколошка иницијатива користи човечка коса за заштита на океаните. Донирана коса се користи за да се направат бариери што штитат делови од бразилскиот брег од загадување предизвикано од излевање нафта, објавува Euronews. Технологијата, која веќе се користи во други земји како Чиле и САД, ја инспирираше Маријана Робран, основач на невладината организација Fiotrar, да […]

Темната страна на ВИ: Масовно се користи за креирање лажни експлицитни слики од деца


  Децата во Велика Британија сè повеќе пријавуваат експлицитни лажни фотографии од себе, откако безбедносните надзорници предупредија дека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) драстично го олеснува производството на таква вознемирувачка содржина. Сервисот за отстранување интимни слики, која работи на блокирање на нивното ширење на интернет, соопшти дека имало ненадејно зголемување на бројот на дигитално манипулирани […]

Голема промена во Gmail: Се укинува една од најпопуларните опции


  Милиони корисници на Gmail ќе мора да се прилагодат на важните промени што доаѓаат на почетокот на 2027 година. Google потврди дека ќе ја прекине поддршката за функцијата „Испрати како“ за е-адреси од други даватели на услуги, како што се Yahoo или Outlook, почнувајќи од јануари 2027 година. Компанијата вели дека причината за оваа […]

(Видео): Центар за податоци во САД испушта морничав звук: „Тоа работи 24 часа на ден“


Жители во градот Доваџиак, Мичиген, со години се жалат на постојаната бучава што доаѓа од блискиот центар за податоци во кој се сместени платформи за рударство на криптовалути, според извештајот на WXYZ-TV. Локалниот новинар Мајк Дафи објави сторија за центарот за податоци Hyperscale, кој е во сопственост на Alliance Cloud Services LLC од Лас Вегас. […]

Русите ја „мелат“ енергетската мрежа: Украина наоѓа неочекуван начин да ги спаси фабриките


Некои украински фабрики купуваат обновени ветерни турбини отстранети од холандските ветерни фарми. Машините не се истрошени, туку таму се заменуваат со помоќни модели, а по ремонтот можат да работат уште 15 до 20 години. Украинските компании се свртуваат кон обновени холандски ветерни турбини за да ја намалат својата зависност од електричната мрежа сериозно оштетена од […]

Кратките летови со електрични авиони би можеле да пристигнат во Европа за помалку од 4 години


Брзиот технолошки напредок би можел да им овозможи на европските патници да летаат со електрични авиони на некои од најпопуларните рути на континентот уште во 2030-тите, објавува Euronews. „Многумина сè уште мислат дека авионите на батерии се далечна иднина. Но, електричните и хибридните летови се клучен дел од решението за да се направи патувањето на […]

Вештачката интелигенција го прави животот поскап. Еве како


Вештачката интелигенција ги зголемува цените за Американците – и тоа не само сметките за електрична енергија. Големите технолошки иновации носат потенцијал да ги трансформираат економиите со создавање можности, работни места, па дури и нови индустрии, додека ја зголемуваат продуктивноста и растот. Сепак, на тоа ветување за долгорочни добивки честопати му претходат краткорочни и среднорочни болки. […]

Ракета на „Спејс Икс“ ќе се сруши на Месечината


Заталкан дел од ракета на „Спејс Икс“ патува низ вселената со брзина од околу 8.690 километри на час и е на пат да се судри со Месечината. Се очекува ударот да се случи во секој момент, но нема да биде видлив со голо око, освен за луѓето со пристап до софистициран телескоп кои ќе можат […]

Епл привремено го отстрани Телеграм од Епл Стор


Сиетл – Епл (Apple) привремено ја отстрани апликацијата за пораки Телеграм од Епл Стор (App Store) поради кршење на правилата на компанијата во врска со материјалот за сексуална злоупотреба на деца. Телеграм доцна синоќа беше отстранет од продавниците за апликации за Ајфон (iPhone) и Ајпад ( iPad). Во изјава за одредени американски медиуми, Епл објасни дека […]

Нов црвен пат привлекува внимание низ целиот свет: Еве за што всушност служи


Индија имплементираше необично решение на еден од своите патишта кое би можело да спаси многу животи – и човечки и животински. Дел од автопатот што поминува низ резерватот за тигри „Верангана Дургавати“ е обоен во светло црвена боја за инстинктивно да ги охрабри возачите да забават. Тоа е првиот таков „црвен пат“ во Индија, проект […]

Снепчет: Даваме приоритет на автентична содржина создадена од луѓе


SNAPCHAT им се придружи на платформи како YouTube, LinkedIn и Substack во напорите за справување со лажниот текст, слики и видеа создадени целосно од алатки за вештачка интелигенција. Ваквата содржина, позната во технолошките кругови како „AI slop“, го преплави интернетот додека индустријата се трка да развие поедноставни генеративни алатки за вештачка интелигенција кои можат да […]

Маск лансира „Икс мани“, Виза картичка со брендот X


Елон Маск лансираше нова банкарска функција, „Икс мани“ (X Money), заедно со Виза (Visa) дебитна картичка со брендот X, што им овозможува на корисниците да си испраќаат пари едни на други на платформата на социјалните медиуми. „Икс мани“ е достапен само со покана и е поддржан од банката Крос Ривер (Cross River Bank). Според веб-страницата […]

Ова се бензинските автомобили што трошат најмалку гориво во 2026 година


Купувањето бензински автомобил е сè уште најисплатливата опција за возачите што не возат голем број километри годишно. Како по правило, ваквите модели имаат најниски почетни цени и поповолни трошоци за одржување, а благодарение на благите хибридни системи, нивната потрошувачка денес е значително помала отколку пред неколку години. Italian Motor1 објави листа на бензински автомобили со […]

Германија размислува за забрана на паметните очила на Мета


Паметните очила од американската технолошка компанија Мета би можеле да бидат забранети во Германија бидејќи овозможуваат речиси незабележливо снимање на луѓе на јавно место, предупреди комесарот за заштита на податоци на Хамбург, Томас Фукс. Неговата канцеларија заклучи по тестирањето на уредот дека тајното снимање со такви очила ги крши правилата за заштита на лични податоци. […]

НАСА снима област со чудна форма на Марс


Роверот Curiosity на НАСА на Марс откри невидена површина покриена со полигонални обрасци. Станува збор за структури слични на саќе, а научниците се изненадени од нивната распространетост. Дијаметарот на поединечните полигони е помеѓу пет и десет сантиметри, пишува Futurism. Таканаречените „полигонални пукнатини“ се забележани на Марс и претходно, но никогаш не го покриле пејзажот во […]

Илјадници работници на Ауди излегоа на улица: Се плашат од затворање на фабриката и масовни отпуштања


Околу 6.000 вработени во фабриката на Ауди во Некарсулм денес протестираат поради можното прекинување на производството на оваа локација и бараат план за реструктуирање од матичната компанија Фолксваген. Работниците и синдикатот IG Metal не бараат само зачувување на постојните работни места, туку пред сè јасна стратегија за иднината на фабриката, објавува Tagesšau. Фабриката во Некарсулм […]

Бе-ем-ве ќе укине 8.000 работни места


Германскиот производител на автомобили Бе-ем-ве (BMW) ќе укине 8.000 работни места ширум светот, јави Германската новинска агенција (ДПА) повикувајќи се на неименуван извор. Предвидено е намалувањето на работните места ќе се одвива преку флуктација на вработените и доброволно заминување. Кратењето на работните места ќе се одвива од октомври годинава до крајот на 2027 година, а […]

По бурните реакции, роботот Сали засега нема да влезе во училниците во Њујорк


Училишниот округ на Саламанка во американската сојузна држава Њујорк го стопираше планот за воведување на човековидниот робот со вештачка интелигенција Сали (Sally) во училниците, по критиките од надлежните власти во образовнието, наставниците и дел од заедницата. Училишниот одбор претходно одобри набавка на роботот, произведен од компанијата „Рилботикс“ (Realbotix), во вредност од речиси 60.000 долари (52.630 […]

Бе-ем-ве повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар


Германскиот мултинационален автопроизводител Бе-ем-ве (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA). Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината […]