Русија упати 14 прашања до Велика Британија, а 10 до Франција за Скрипал


Руското Министерство за надворешни работи упати до Велика Британија 14, а до Франција 10 прашања во врска со труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, за кои Москва бара одговор. Прашањата се фокусирани на вклучувањето на француски истражувачи во истрагата за труењето, а Москва се интересира врз која основа Франција […]

Кинези со дронови прошверцувале телефони вредни 80 милиони долари


Кинеските власти разбиле група шверцери кои со дронови нелегално пренесувале паметни телефони од Хонг Конг. Шверцерите пренесувале и по 15.000 телефони за една ноќ. – Секој ден од 10.000 до 15.000 телефони се пренесувале преку граница. Со оглед на тоа дека работеле 15 денови месечно, нивниот месечен приход бил над 1,3 милиони евра – наведе […]

(ВИДЕО) Се урна зграда во Индија, десет лица загинаа спиејќи


Најмалку десет лица загинаа, а двајца се повредени при уривање на трикатна зграда во градот Индоре во Индија. Спасувачката операција, што беше спроведена во текот на ноќта веќе е при крај, а локалната полиција смета дека нема повеќе лица под рушевините. Десет лица се извлечени живи од под рушевините. Причината за несреќата се уште не […]

„Експрес“: Ердоган му се закани на Харадинај и ги повика жителите на Косово на протест


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека ќе биде одговорен за менаџирањето на состојбата со депортираните турски државјани, пренесува приштинскиот весник „Експрес“. Тој, го критикува Харадинај за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и првиот човек на косовската тајна служба, АКИ, повикувајќи ги граѓаните на Косово да протестираат […]

Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени


Во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Баварија, меѓу камион и автобус, загина возачот на автобусот, а повредени се 18 лица, соопшти денеска германската полиција. Германските медиуми јавија дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 лица во моментот на несреќата. Германската полиција наведе дека, веројатно возачот доцна забележал дека камионот што превезувал стакло […]

Лондон ќе овозможи руски дипломати да ја посетат Јулија Скрипал


Британската Влада ја разгледува можноста да дозволи руски дипломатски претсатвници да ја посетат Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот двоен шпион, кои заедно беа изложени на нервен гас во Солзбери. – Го разгледуваме барањето за конзуларен пристап во согласност со нашите обврски кон меѓунароното и домашното право, вклучувајќи ги правата и желбите на Јулија Скрипал, соопшти […]

Москва протерува 50 британски дипломати


Русија протерува 50 британски дипломати во рамките на возвратните мерки по труењето на поранешниот руски шпион во Велика Британија. Поради таа причина повеќе земји протераа руски дипломати. Како што јави МИА, претходно руските власти соопштија дека ќе протераат 23 британски дипломати, сразмерно со бројот на руските дипломати кои мораа да го напуштат Лондон. Москва, сепак […]

Израел се закани со проширување на воената акција


Портпаролот на израелската армија денеска изјави дека доколку се прошири насилството долж границата со Појасот Газа, Израел ќе ја прошири воената акција против милитантите. Бригадниот генерал Ронен Манелис изјави дека армијата до сега го имаше ограничено својот одговор врз оние кои се обидуваат да го кршат граничниот режим, но доколку продолжат нападите, мета на израелската […]

Нобеловката Малала првпат во родниот град по нападот во кој беше застрелана


Најмладата добитничка на Нобелова награда во историјата, Малала Јусуфзаи денеска пристигна во својот роден град Мингаора, првпат откако талибански екстремист во 2012 година ја застрела поради нејзиното залагање за едукација на девојчињата. Таа, заедно со своето семејство пристигна со воен хеликоптер во долината Сват. Малала планира да се сретне со своите роднини и пријатели. Малала […]

Вучиќ: Има две опции за решавање на косовскиот проблем


Претседател на Србија, Александар Вучиќ на денешното отварање на Националниот конвент за ЕУ, што се одржува во рамките на внатрешниот дијалог за Косово, изјави дека пред Србија се две опции кога е во прашање решавањето на косовскиот проблем, но дека најреален е предлогот за опстанок на замрзнатиот конфликт. – Најголем број од учесниците на внатрешниот […]

Вработени во српската Влада заболени од морбили, ќе се тестираат и министрите


Две лица вработени во Владата на Србија се заболени од морбили, поради што е организирано тестирање на сите министри и владини службеници, објави денеска белградскиот весник „Блиц“. Според весникот со морбили се заразени една хигиеничарка и еден припадник на обезбедувањето. Ако при тестирањето се докаже дека некој од вработените нема доволен број антитела веднаш ќе […]

Харадинај: Шестте турски државјани се депортирани без мое знаење


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека шестте турски државјани се депортирани без негово знаење, истакнувајќи оти тоа било „билатерална операција на разузнавачките служби на двете држави“. Харадинај посочи дека смената на министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на косовската разузнавачка служба (АКИ) Дритон Гаши, е основана. – Депортацијата е кршење на хиерархијата на […]

Интерактивна мапа покажува што ќе се случи ако во вашиот град падне нуклеарна бомба


Застрашувачка интерактивна мапа покажува што може да се случи ако во градот во кој што живеете падне нуклеарна бомба. Мапата покажува колку зрачење и колку загаденот ќе направи доколку навистина падне нуклеарна бомба. Преку оваа мапа може да проверите за градот во кој е наоѓате или за било кое друго место. Мапата проверете ја ТУКА.

Мас: Германија и натаму е за дијалог со Русија


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас потврди дека Русија протерала четворицата германски дипломати, но додаде дека Берлин останува отворен за дијалог со Москва. – Вестите од Москва не се изненадување. Дури и во сегашната атмосфера, ние сме подготвени за дијалог со Русија и ќе работиме на европската безбедност и на конструктивни идни односи меѓу […]

Британската полиција влегла во руски авион


Авион на руската компанија Аерофлот бил претресуван од британските власти на аеродромот Хитроу во Лондон, без да дадат никакво образложение за тоа, изјавија извори од таа компанија. – Британската страна не даде основа за пребарување на авионот, вели неименуван извор. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи  Марија Захарова вели дека на екипажот на рускиот […]

Москва: САД се обидуваат да ги врбуваат протераните руски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи ги обвини денеска американските разузнавачки служби дека се обидуваат да ги врбуваат руските дипломати, кои се протерани од САД поради труењето на поранешниот двоен шпион, Русинот Сергеј Скрипал во Велика Британија. Во соопштението се нагласува дека постои „зголемување на провокациски дејствија врз руски дипломати“ откако САД донесоа одлука за протерување […]

Загинаа еден американски и еден британски војник во Сирија


Двајца војници, еден припадник на британските вооружени сили и еден од американската армија, загинаа при експлозија на импровизирана експлозивна направа во Сирија. „Скај њуз“, повикувајќи се на портпаролот на британското Министерство за одбрана, јави дека еден британски војник е убиен во Сирија. Загинатиот американски војник е прва жртва на коалиционите сили во Сирија оваа година, […]

Русија нареди протерување дипломати од 23 земји, меѓу нив и од Македонија


Руското Министерство за надворешни работи објави денеска дека ги известило амбасадорите на 23 земји, кои наредија протерување руски дипломати, дека ист број на нивни дипломати се прогласени за персона нон грата. Во соопштението на министерството се вели дека тие земји протерале руски дипломати поради труење со нервен агенс во Велика Британија на поранешниот руски двоен […]

Анкета: Трамп е „расист“, „нечесен човек“ и „ментално неспособен“


Поголемиот број од млади луѓе во САД изјавиле дека американскиот претседател Доналд Трамп е „расист“, „нечесен човек“ и „ментално неспособен“, покажуваат резултатите од најновата анкета изработена по нарачка на Ем-Ти-Ви и Асошиејтед прес. Анкетата покажува дека најмладите потенцијални гласачи во САД се загрижени од активностите на Трамп како претседател отколку повозрасните Американци. Според резултатите, 60 […]