Таткото на Литвиненко: Скотланд јард ги крие доказите за убиството на Скрипаљ


Таткото на Александар Литвиненко, агентот кој беше отруен во Лондон пред една деценија, за РТ го коментираше случајот со Сергеј Скрипаљ. Валтер Литвиненко вели дека Русите во Велика Британија се заложници на разузнавачките служби на Западот. Тој вели дека со години верувал дека Русите биле вмешани во нападот врз неговиот син во 2006 година, но […]

Германско обвинителство побара екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија


Германски обвинители соопштија денеска дека побарале од суд дозвола за екстрадиција на поранешниот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија каде е обвинет за поттикнување бунт. – Канцеларијата на обвинителот на Шлезвиг-Холштајн поднесе барање до регионален суд по интензивни проверки на европскиот налог за апсење на Пуџдемон што го издаде Шпанија, се наведува во соопштение. Шпанските […]

Севернокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина


Севернокорејскиот министер за надворешни работи е во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега,јавија кинеските медиуми. Посетата на Ри Јонг Хо ја потврди портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, кој рече дека Ри ќе има средба со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји. Тој не даде детали за фокусот на разговорите, но […]

Во Индија ќе се одзема акредитација на новинари кои ќе објават лажна вест


Владата на Индија објавила наредба со која се овозможува одземање акредитации на новинари обвинети за ширење лажни вести. Министерството за информирање и емитување програма синоќа соопшти дека на секој новинар кој „креирал и/или пропагирал лажни вести“ ќе му биде одземена акредитацијата до завршување на истрагата. Во соопштението не се дефинира кој може да го пријави […]

Русија и моралниот банкрот на Западот


Често се вели дека Русија е конкурент на западната демократија, но тоа е погрешно. Оваа земјата се раководи само во интерес на  Владимир Путин и нанеговиот олигархиски круг. Нејзиниот режим е само модел за млади и надежни клептократи. Поголемиот дел од светот не се стреми ниту кон политиката на Русија ниту кон нејзиниот животен стандард. […]

Трамп повторно ја урна вредноста на акциите на Амазон


Нов пад на вредноста на акциите на Амазон, овојпат од 6 проценти, се случи денеска, како резултат на судирот меѓу глобалниот трговски гигант и претседателот Доналд Трамп. Во серија гневни Твитер пораки, претседателот Трамп повторно ја нападна компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, обвинувајќи го дека поради него се затвораат помали продавници насекаде […]

Силен земјотрес во Боливија


Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Боливија, соопшти Американскиот геофизички институт. Потресот се случил на длабочина од 557 километри под површината на земјата, со епицентар на 209 километри во правец исток-североисток од градот Тариха. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, но нема жртви, разурнување или материјални штети, […]

Закерберг: На Фејсбук ќе му требаат неколку години за да си ги реши проблемите


На Фејсбук најверојатно ќе му требаат „неколку години” за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“ за пропустите на социјалната мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Закерберг. – Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам”, бидејќи тој долго време ги гледаше […]

Дачиќ: Не тераат да протераме руски дипломати, но ние нема да го сториме тоа


Србија ја осудува секоја употреба на хемиско оружје, но нема да носи одлуки кои би ги следеле мерките против Русија, во врска со труењето на поранешниот разузнавач Сергеј Скрипал во Велика Британија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. – Сега нас не тераат да протераме руски дипломати, а тоа не го сторија […]

Ал Сиси реизбран за претседател на Египет


Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси е реизбран со 97 проценти од гласовите на минатонеделните избори. Сиси и првиот пат беше избран со истиот процент на гласови. Но, овие претседателски избори имаше пониска излезност од претходните, само 41 проценти од регистрираните гласачи и покрај тоа што најголемиот број Египќани беа натерани да излезат на гласање, […]

„Њујорк тајмс“: Во труењето на Скрипал учествувал високо специјализиран хемичар


Во труењето на поранешниот полковник на руската воена разузнавачка служба ГРУ, Сергеј Скрипал во Велика Британија, учествувал специјалист хемичар, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, кој се повикува на неколкумина експерти, истрагата во Велика Британија води во насока дека агенсот бил нанесен на кваката од влезната врата на домот на Скрипал и дека тоа било изведено […]

Русија протерува еден црногорски дипломат


Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва протерува еден црногорски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Подгорица за „случајот Скрипал“. Црна Гора на 28 март објави дека се придружува на поддршката за Обединетото Кралство и еден руски дипломат го прогласи за „персона нон грата“. Владата во Подгорица тогаш објави […]

Почина Вини Мандела


Поранешната сопруга на првиот претседател црнец на Јужна Африка, Нелсон Мандела, Вини Мандела, почина на 82-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот личен асистент. Вини Мандела, заедно со нејзиниот поранешен сопруг и бискупот Деземонд Туту, беше една од најпознатите борци против апартхејдот во Јужна Африка. Вини Мадикизела Мандела е родена во местото Бизана на 26 септември 1936 […]

Анкара нареди апсење на Ѓулен поради убиство на руски дипломат


Турција издаде налог за апсење на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД и на уште седум лица, под обвинение за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов. Амбасадор Карлов беше убиен на 19 декември 2016 година во Анкара од страна на 22-годишен турски полицаец, кој изјави дека злосторството го извршил […]

Малала ја заврши посетата на Пакистан


Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир во историјата, Малала Јусафзаи (20) денеска ја заврши посетата на Пакистан. Таа првпат беше во татковината откако талибански екстремист во 2012 година ја застрела поради нејзиното залагање за едукација на девојчињата. По посетата Малала на Твитер напиша дека Пакистан за неа е „најубавото место во светот“. Таа планира по […]

Медал за војниците место истрага за убивањето на Палестинците


  Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман во неделата ги отфрли повиците за истрага на убиството на 15 Палестинци од страна на војската на протестот на границата меѓу Газа и Израел во петокот, велејќи дека војниците постапиле правилно. „Израелските војници го направија она што е неопходно. Мислам дека сите наши војници заслужуваат медал“, рече тој […]

Германија ќе „увезе“ 17.000 медицински сестри и техничари


Новиот германски министер за здравство Јенс Шпан сака драстично намалениот број медицински сестри и техничари во државата да го зголеми со засилен „увоз“ од држави од ЕУ. – Во Германија сега има недостиг од 17.000 работници во секторот нега. Затоа интензивно ќе бараме медициснски сестри и техничари од европското соседство, изјави Шпан. Тој најави и […]

Кина воведе царини за 128 американски производи


Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 приоизводи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии. Официјален Пекинг предупреди минатиот месец дека размислува за воведување царини што предизвика голема загриженост поради можно избивање трговска војна меѓу двете држави. […]

Трамп твита и на Велигден


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска заедно со првата дама Меланија присуствуваше на велигденска миса во Епископална црква, што се наоѓа во близина на неговиот дом во Палм Бич. Но, Трамп и на Велигден беше активен на Твитер. Прво им честита Велигден на своите следбеници, а во следниот твит се пожали на „смешните либерални закони“, кои според […]

Весели му одговори на Ердоган: Не потклекнуваме на надворешен притисок


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели истакна дека е изненаден од изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за преземените чекори на косовската Влада по депортацијата на шесте турски граѓани. Тој наведе дека дека таквите изјави не придонесуваат за пријателството меѓу двете земји, Косово и Турција и ги оправдува одлуките на премиерот Рамуш Харадинај за […]