Поради 24-часовен штрајк закотвени бродовите во Грција


Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација на Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите. Од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните […]

Новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Мјанмар


Суд во Мјанмар осуди двајца новинари на Ројтерс на седум години казна затвор. Новинарите Ва Лон и Куав Сое О се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на Законот за државна тајна. Максималната казна, која им се закануваше, беше 14 години затвор. Двајцата новинари известуваа за минатогодишната брутална операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во […]

Србија: Откриено даночно затајување од околу 55 милиони евра, 66 лица уапсени


Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани, изјави за „Вечерње новости“ Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија. Таа истакна дека Секторот на даночната полиција од јануари до крајот […]

(ФОТО/ВИДЕО) Самсунг претстави нов телевизор: Со 8к резолуција како да гледате во живо, а не на екран


Пристигнува новиот телевизор на компанијата „Самсунг електорникс“, а тоа е „QLED“ кој има 8к резолуција и секоја секунда која ја гледате на екранот е толку реална што имате чувство дека сето тоа се случува во реален живот. Овој новитет на „Самсунг“ беше претставен на годинешниот Саем за потрошувачка електроника „ИФА“ во Берлин. Екипа на „Независен […]

Најмалку 80.000 луѓе во Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата


Англија – Најмалку 80.000 луѓе во Велика Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата, соопшти британската Национална агенција за криминал. Новите статистички податоци покажуваат дека бројот на фотографии за злоупотреба на деца кои се пријавени во агенцијата е зголемен за 700 отсто во изминатите пет години. Секретарот за внатрешни работи, Саџид Џавид рече дека ќе […]

Данска нема да им дава државјанство на кандидатите кои одбиваат да се ракуваат


Данска – Данската министерка за интеграција на странци Ингер Стојберг изјави дека Владата на оваа скандинавска земја ќе предложи закон според кој еден од условите за добивање данско државјанство ќе биде и идниот државјанин да не одбива да се ракува при поздрав. Како што пренесуваат данските медиуми, таа прецизираше дека тоа официјално ќе се утврдува на […]

Србија ќе бара воени станови и оружје од другите југословенски републики


Белград – Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА.Колкава е вредноста на тој имот, но и на оној кој го бараат поранешните југословенски републики, ќе се знае на 13 септември, на состанокот на Меѓуесорската работна група за спроведување на Анексот А […]

(Видео) Протече концепт дизајнот на новиот iPhone XS


САД- Сајтот 9to5 Mac објави фотографии од најновите OLED телефони на Applе, кои најверојатно ќе го носат името iPhone XS, а ќе имаат екрани со големина од 5,8 и 6,5 инчи. iPhone XS веројатно ќе бидат достапни во нова златна боја, која ја немаше во понуда за претходните дизајни. Другите детали уште не се познати, […]

Хрватска испраќа воен брод во водите на Медитеранот


Хрватска– Хрватска во водите на Медитеранот ќе го испрати денеска првиот контигент свои војници што ќе бидат дел од НАТО операција за поддршка на мирот  „Sea Guardian“. Брод на Хрватската воена моранарица РТОП-41 Вуковар, на кој има 50 членови на екипаж од Сплит ќе се упати во водите на Средоземното Море. Тоа е првпат брод […]

ОН: Криумчарењето на луѓе во Средоземното Море станува се поопасно


Швајцарија– Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека криумчарите на луѓе многу ризикуваат кога ги превезуваат лицата кон Европа, бидејќи крајбрежната стража на Либија пресретнува се повеќе бродови со мигранти, а се зголемува и веројатноста дека луѓето умираат на брод во тек на патување по Медитеранот. Тоа е објавено во најновиот извештај на УНХЦР […]

Во Триполи прогласена вонредна состојба


  Триполи – Меѓународно признаената Влада на Либија прогласи вонредна состојба во Триполи и неговата околина откако во повеќедневните судири загинаа 39 луѓе. Борбите за контрола на Триполи почнаа минатата недела помеѓу вооружени групи од градот и од едно населено место јужно од главниот град. Според податоци на либиското Министерство за здравство во судирите повредени […]

Генерал Милер ја презеде командата на НАТО во Авганистан


Американскиот генерал Скот Милер ја презеде командата со НАТО силите во Авганистан. „За да бидеме успешни, мораме постојано да учиме и да се прилагодуваме на непријателот и на околината“, посочи Милер, кој е поранешен командант на американските специјални единици. Тој на церемонијата на примопредавање на должноста истакна дека „нема време за одржување на статус кво […]

Ердоган побара од Киргистан да ги затвори училиштата на Ѓулен


За време на својата посета на Киргистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го повика раководството на оваа држава што поскоро да се справи со групите поврзани со организаторот на државниот удар од 2016 година Фетула Ѓулен. Ероган го отворил ова прашање на средба со киргистанскиот претседател Соронбај Жеенбеков, предупредувајќи го дека училиштата и бизнисите поврани […]

На погребот на Мекејн, неговата ќерка го го критикуваше Трамп


Вашингтон – Меган Мекејн, ќерка на неодамна починатиот американски сенатор Џон Мекејн, го искористи неговиот погреб да упати критики кон претседателот  на САД Доналд Трамп, со кого Мекејн честопати беше во конфликт и покрај тоа што и двајцата се од Републиканската партија. – Собрани сме тука да тагуваме за заминувањето на американската големина, за вистинската […]

Поранешниот бразилски претседател Да Силва не може да се кандидира за избори


Бразилскиот Изборен суд донесе одлука да му се забрани учество на поранешниот претседател Луис Инасио Лула Да Силва да учествува на претседателските избори во октомври. Да Силва е фаворит и покрај тоа што е осуден на 12 години затвор поради корупција и перење на пари. Согласно бразилските закони на Да Силва му е забрането учество на избори […]

Балон со ликот на Садик Кан во бикини лета над Лондон


Балон со ликот на градоначалникот на Лондон, Садик Кан во жолти бикини денеска е пуштен над Вестминистер. Кампањата со балонот ја покрена активистот Јени Брир, како одговор на најавата на Кан дека во метрото ќе забрани провокативни реклами, како таа на која позира манакенка во жолто бикини, прашувајќи „Дали вашето тело е подготвено за на […]

Осуммина повредени во експлозијата во рафинерија Инглоштат


Експлозијата се случи во рафинерија во германскиот град Инглоштат, по што избувна голем пожар. Во несреќата се повредени се најмалку осум лица, а од пожарот се евакуирани над 1.800 луѓе. Во моментов, како што јавуваат германските медиуми, во околината на рафинеријата се шири густ црв чад, а властите во градот препорачаа граѓаните во круг од […]

Меркел и Трамп разговарале за решавање на проблемот меѓу Србија и Косово


Германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп разговарале, меѓудругото, и за решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина. Таа истакна дека постоечките територии се „значајна вредност“ и треба да се внимава одредени решенија да не предизвикаат последици врз други земји. Меркел изјави дека „ги поддржува сите разговори кои водат […]

Реакции во Србија во врска со изјавата на Болтон за „територијални корекции“


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја поздрави денеска изјавата на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон дека САД се подготвени да го поддржат договорот за „територијални корекции“ меѓу Србија и Косово, доколку истиот биде постигнатнат. Тој изјави дека САД со ова порачуваат оти договор без надворешно мешање е единственото одржливо решение. […]

Почина новинарот Жељко Цвијановиќ


Почина основачот и главен и одговорен уредник на српскиот портал „Нови стандард“, Жељко Цвијановиќ (47), по долго и тешко боледување. Цвијановиќ се занимаваше со меѓународна политика и пишуваше аналитички текстови.