Бугарија: Жена и две деца застрелани во Самоков


Една 33 жена, нејзиниот 12 годишен син и 15 годишен внук биле убиени денеска во бугарскиот град Самоков. Убиецот, 52-годишен маж, побегнал од местото на настанот, а откако полицијата му се приближила, се самоубил. Убиствата кои ја шокираа Бугарија биле извршени околу 13 часот и 45 минути, а се претпоставува дека мотивот е семејна расправија, […]

Авион од Дубаи под карантин: На 100 патници им се слошило и имаат треска


Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина. Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури […]

Новата книга на Боб Вудворд прикажува хаос во Белата куќа


САД– Новата книга на новинарот Боб Вудворд „Страв: Трамп во Белата куќа“, објавува мачен портрет на необразован, колеричен и параноичен американскиот претседател кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат тешки отстапки. Книгата е заснована на сведочења на инсајдери од администрацијата. Белата куќа е претставена како дисфункционална и разорно […]

Столтенберг во дводневна официјална посета на Македонија


Во пресрет на референдумот закажан за 30 септември, денеска во дводневна официјална посета на Република Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Првот човек на НАТО во Скопје треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и со други високи официјални претставници, информира владината прес-служба. Средбата со Заев […]

Амазон достигна пазарна вредност од илјада милијарди долари


Американската платформа за онлајн трговија, Амазон надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност. Технолошкиот гигант Епл, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Епл, според […]

Независни Грци: Мицотакис да каже дали прифаќа „Македонија“ во името на Скопје


Портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис бара од лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, да одговори „дали ја прифаќа употреба на името на Македонија во името на Скопје“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, реакцијата од Тосунидис до Мицотакис е по повод интервјуто на лидерот на Нова демократија за грчката телевизија „Алфа“. – […]

Трамп го нападна Сешнс бидејќи гони „двајца многу популарни републикански гувернери“


Алудирањата дека независното Министерство за правда требаше да ги земе предвид изборите среде претседателскиот мандат, поттикна критички реакции за „банана репулика“ САД (Индепендент) – Американскиот претседател Доналд Трамп лансираше нов напад на јавниот обвинител Џеф Сешнс, наводно бидејќи правно гони двајца републикански кандидати пред изборите среде претседателскиот мандат во ноември. Претседателот го исмеа Сешнс бидејќи […]

Пожарот во бразилскиот музеј: Буџетскиот дефицит е виновен за катастрофата


БРАЗИЛ (Би-би-си) – Службите во Бразил обвинуваат дека причината за големиот пожар што го уништи Националниот музеј е недостигот на средства. Една од најголемите антрополошки и природонаучни збирки во Северна и Јужна Америка беше речиси целосно уништена во завчерашниот пожар во Рио де Жанеиро. Тука спаѓаат и останките на жената позната како Лузија, најстарите останки […]

Ариф Алви избран за претседател на Пакистан


Пакистанскиот Парламент денеска го избра стоматологот Ариф Алви од владејчката партија Техрик и Инсаф за нов претседател на државата. Алви освои 212 гласа во двата дома на Парламентот, далеку над опозицискиот кандидат Ајтас Ахсан и исламистот Маулан Рахман. Од 2010 година претседателот на Пакистан има намалени овластувања, а реалната моќ во државата е во рацете […]

Се урна мост во Калкута


Во индискиот град Калкута денеска се урна дел од мост, а според локалните медиуми има повредени и загинати лица. Неколку возила се заробени под урнатините. Неодамна во италијанскиот град Џенова се урна надвозник, при што загинаа над 40 луѓе.

Робот ќе ги оперира Хрватите


Хрватска- Во современата медицина повеќе операции се извршени од страна на роботи, а Хрватска наскоро, со помош на грантови од фондовите на ЕУ, треба да го добие првиот роботски хируршки систем во Клиничкиот болнички центар (KБЦ) Загреб. Хрватските медиуми наведуваат дека со помош на тој систем ќе оперираат и хирурзи од други болници, а ќе […]

Убиство во косовската Агенција за разузнавање


Убиство се случи претпладнево во зградата на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), каде што член на обезбедувањето усмрти свој колега, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата за порталот „калѕо.цом“ (kallxo.com) ја потврди заменикот јавен обвинител во Основното обвинителство во Приштина Ибрахим Бериша, најавувајчи дека во моментов може само да каже дека во зградата […]

Јапонија ја погоди најсилен тајфун во последните 25 години


Западниот дел на Јапонија го погоди насилниот тајфун во последнте 25 години, кој донесе обилни врнежи дожд и ветрови, а локалните медиуми јавија дека се откажани летови и железнички услуги. Тајфунот Џеби го погоди јужниот дел на префектурата Токушима, на островот Шикоку, соопшти јапонската метеоролошка агенција. Фабриките, трговските центри и други објекти, меѓу кои и […]

Санчез вети референдум за поголема автономија на Каталонија


Шпанскиот премиер Педро Санчез им вети на Каталонците одржување на референдум за новиот статус на покраината, која би имала повеќе автономија, при тоа потенцирајќи дека тоа ќе биде референдум за поголема автономија, а не за независност. Санчез, кој дојде на власт на 1 јуни годинава покрена дијалог со сепаратистички настроениот каталонски претседател Квим Торо. – […]

Француски ученици од денеска во клупи без мобилни телефони


Франција – Француските ученици од денеска се враќаат во училишни клупи без мобилни телефони, откако владата пред еден месец усвои Закон за забрана за користење на мобилни телефони во сите основни училишта. Забраната се однесува на употребата на мобилни телефони во текот на часовите, вклучувајќи ги и паузите, освен во случај на итна потреба или деца […]

Норвешката полиција истражува исчезнување на коосновач на Викиликс


Норвешка- Норвешката полиција соопшти дека истражува исчезнување на коосновачот на Викиликс и соработник на Џулијан Асанж, Арен Кампхојс, кој последен пат бил виден во август во северна Норвешка. – Почнавме истрага, рече портпаролот на полицијата додавајќи дека нема идеја каде може да се наоѓа Кампхојс, кој е холандски државјанин. Викиликс во саботата на Твитер објави за […]

„Њујорк тајмс“: ФБИ од Дерипаска сакал да направи свој шпион


САД-Американските специјални служби се обиделе да го направат рускиот  бизнисмен Олег Дерипаска шпион и да добијат информации од него за наводно учество на Русија во изборите во САД. Тие напори не успеаја да донесат плод, пишува „Њујорк тајмс”. Според извори на американскиот весник, ФБИ во 2014 и 2016 година се обиде да го принуди Дерипаска […]

(ВИДЕО) Изгоре Музеј стар 200 години во Рио де Женеиро


Огромен пожар го уништи познатиот Национален музеј на Рио де Женеиро, а пожарникарите се уште се обидуваат да го совладаат огнот. Причината за пожарот, кој избувнал по затворањето на музејот, се уште не е позната. Пожарникарите соопштија дека за неколку часа ќе го изгаснат огнот. Нема информации за настрадани лица. Музејот е изграден пред 200 […]

Драстично зголемување на цената на цигарите во Австралија


Новата цена на кутија цигари во Австралија изнесува од 28 до 33 австралиски долари, односно од 17 до 20 долари, јавуваат австралиските медиуми. Светската здравствена организација ги повика сите земји во светот да ги зголемат даноците на цигарите, истакнувајќи дека високите цени се најдобар начин за прекинување со пушење кај возрасните, но и кај децата. […]

Социјалдемократите им ветија на родителите во Шведска уште една недела одмор


Владејачките шведски социјалдемократи ветија во изборниот манифест уште една недела одмор за родители. Многумина во Европа веќе им завидуваат на Швеѓаните кои, ако работат со полно работно време, имаат право на одмор од пет недели, како и долго породилно отсуство. Истражувањата покажуваат дека пред изборите на 9-ти септември, Социјалдемократската партија и понатаму останува најголема шведска […]