Драматично до крај: Македонија и Португалија играа нерешено


Хернинг – Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а […]

Два гола негатива за македонските ракометари против Португалија (полувреме)


Хернинг – Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, а Никола Маркоски доби и црвен картон во 15.минута. […]

Олга Даниловиќ ја победи Венус Вилијамс на отворањето на Австралија Опен


Мелбурн – Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. –  Беше феноменален меч, со многу енергија од […]

Митревски и Пешевски во составот, место Галевски и Ристевски


Хернинг – Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел со Португалија. Тој направи две замени во однос на дуелот со Данска одигран во петокот. На денешниот натпревар на теренот ќе се појават голманот Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради ситни повреди „одмораа“ со Данска, а денеска на трибините во […]

Двојна победа за Домен Превц во Сапоро


Сапоро – Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата.  Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и […]

Норвежанецот Мек Грат победник на слаломот во Венген


Венген – Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута. Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот. Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од […]

Судии од БиХ за дуелот на македонските ракометари со Португалија


Хернинг – Во натпреварот од второто коло од Европското првенство македонските ракометари ќе играат против Португалија, а ќе го судат судии од Босна и Херцеговина. Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за овој натпревар, а тоа се браќата близнаци од Босна и Херцеговина, Амар и Дино Коњичанин. Во првиот натпревар македонските ракометари загубија од Данска (24:36), […]

Македонските ракометари на мегдан против Португалија


Хернинг – По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник ни е Португалија, репрезентација која во првото коло ја совлада Романија. Фаворитската улога ја има Португалија која на последните големи натпреварувања постигнува добри резултати, а на последниот европски шампионат беше пласирана на седмото […]

Сензација на Европското првенство: Српските ракометари ја победија фаворизираната Германија


Српските ракометари ја победија Германија во Хернинг во второто коло од Европското првенство со резултат 30:27, со што се вратија во игра за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Гол по гол на почетокот, фаворизираните Германци воспоставија контрола и постојано го зголемуваа своето водство. Најголемото го имаа на крајот од првото полувреме кога водеа со […]

Хрватска се мачеше против Грузија, но со победа го почна Европското првенство


Хрватските ракометари победија во Малме во првото коло од Европското првенство против селекцијата на Грузија со резултат 32:29 и со тоа триумфално го отворија прегледот на најдобрите репрезентации на Стариот континент. Грузија влезе во играта многу подобро и го искористи очајното отворање на фаворизираните Хрвати. Предноста постојано растеше, а во еден момент имаше и шест […]

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место


Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР […]

Бизарна одлука на Реал Мадрид: Навивачите кои свиркаат ќе бидат исфрлени од стадионот


  Реал Мадрид денес се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ за прв пат откако клубот се раздели со Чаби Алонсо, потег што предизвика силни реакции кај навивачите и фудбалските аналитичари. Со оглед на репутацијата на Алонсо, се очекуваше дека ќе има гласни протести од трибините, не само кон Винисиус Жуниор, туку и кон раководството на клубот. […]

Кузмановски: Најважно е да немаме осцилации во нашата игра


Ден одмор за македонските ракометари, но обврските кон јавноста и новинарите се нешто што мора да се „одработи“. Капитенот на репрезентацијата Филип Кузмановски имаше свое видување за дуелот со Данска што измина, но и за тој што следи со Португалија. –  Португалија е селекција со која може да „играме“ и да се обидеме да ја […]

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал


Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија. На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена: –  Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Прво коло во Малме и дуели од второто коло во Хернинг и Осло


На Европското првенство во ракомет денеска на програмата се шест натпревари, а два се од првата рунда во Малме и четири дуели од второто коло. Во Малме во првиот дуел од 18 часот играат светскиот вицепрвак Хрватска и Грузија, додека од 20:30 часот е дербито на групата меѓу Шведска и Холандија. Овој натпревар ќе го […]

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден


Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија. По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен […]

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија


Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски изјави по вечерашниот пораз од Данска (24-36) на отворањето на Европското првенство, дека клучните дуели во групата Б допрва претстојат против Португалија и Романија. „Честитки до Данците за победата. Ние во грч го отворивме натпреварот. Се подготвуваме да ја изненадиме Данска, но тоа се покажа дека е исклучително […]

Македонските ракометари поразени со 12 голови разлика од Данска на стартот на ЕП


Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори настапот на 17. Европско првенство, откако вечерва пред 15.000 гледачи во Хернинг загуби од домаќинот Данска со 36:24 во воведниот натпревар од групата Б. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров и покрај поразот имаа добри моменти во дуелот со актуелниот светски и олимписки првак, но Данците максимално ги искористија […]

ЕХФ ЕУРО2926: Португалија сигурна против Романија, победи и за Словенија и Исланд


Португалија рутински ја совлада вечерва Романија со 40-34 и со победа го почна настапот на Европското првенство во групата Б во која в недела ќе игра против македонската репрезентација. Натпреварот во Хернинг беше резултатски неизвесен само во воведните десет минути, по што Португалците со две серија од 6-0 и 6-1 стекнаа висока предност на полувремето […]

Стефанов: Малку репрезентации во Европа можат да се пофалат со ваков континуитет


Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од уште големо натпреварување или од 2012 година продолжуваат настапите на Европските и Светски првенства. Нашиот национален тим вечерва го стартува деветтото ЕП, а противник ни е еден од првите фаворити селекцијата на Данска. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов истакна дека овој настап го доживува како […]