Вака Осака влезе на теренот на Австралија Опен. „Воау“


Наоми Осака (28), поранешната најдобра тенисерка во светот и моментално 16-та на ранг-листата на ВТА, имаше импресивен почеток на својот настап на Отвореното првенство на Австралија, кое го освои во 2019 и 2021 година. Пред натпреварот со Антонија Ружиќ од Хрватска (23, рангирана на 65-то место на ранг-листата на ВТА), таа излезе на централниот терен […]

Какви се шансите Македонија да се пласира во главната фаза на ЕХФ Еуро?


Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Романија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци одат до прва победа на шампионатот, откако против Португалија освои голем бод. Македонија и натаму е во игра за главната рунда, но патот е комплициран и […]

Синер се пласира во второто коло на Австралија опен


Вториот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во второто коло на Австралија опен. Во првото коло, Италијанецот го победи Французинот Уго Гастон, откако при резултат 6:2 и 6:1, 93. светски тенисер го предаде мечот. Претходно, тој побара медицинска помош во првиот сет откако падна на лакт. Противник на Синер во второто коло ќе биде победникот […]

Продолжуваат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони


По паузата поради празниците, денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите на УЕФА. На распоредот се девет натпревари од 7. коло. Двојките се: Каират – Клуб Бриж (почеток 16:30 часот) Боде-Глимт – Манчестер сити (18:45) Реал Мадрид – Монако (21) Спортинг – ПСЖ Копенхаген – Наполи Виљареал – Ајакс Олимпијакос – Баер Леверкузен Тотенхем – […]

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите


НБА-лигата ги објави почетните состави на тимовите на Западот и Истокот за „Ол стар“ натпреварот. Стартната постава на тимот од Западната конференција ќе ги вклучува Стефен Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Лос Анџелес лејкерс), Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио). Во почетниот состав на Истокот се најдоа: Јанис Адетокунбо […]

Романија последен противник на македонската репрезентација во Б-групата на ЕХФ Еуро 2026


Хернинг – Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.  Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф […]

Неверојатната Франција продолжува да гази: Го победи силниот домаќин за првото место


Франција повторно ја покажа својата моќ на Европското првенство. Франција продолжува со својата совршена серија на Европското првенство. По убедливите победи против Чешка и Украина, актуелните европски шампиони безмилосно поминаа низ Норвешка (38:34), оставајќи ги домаќините без никаква вистинска шанса. Веќе во првото полувреме, Французите покажаа разлика во класата. Тие постигнаа дури 20 гола против […]

Србија загуби од Австрија во драматичен натпревар, само еден исход од дербито меѓу Германија и Шпанија ги спасува


Австриската ракометна репрезентација ја победи Србија со резултат од 26:25 во 3. коло од Групата А на Европското првенство во ракомет, со што ги доведе нашите источни соседи на работ на испаѓање. Имено, ако Германија ја победи Шпанија вечерва, Србија ќе остане без никакви шанси за пласман во втората рунда, додека сè уште има шанса […]

Хрватските ракометари остварија голема победа над Холандија во директното дерби за премин


Ракометната репрезентација на Хрватска постигна голема победа над Холандија во директен судир меѓу ривалите за пласман во втората рунда на Европското првенство, а резултатот заврши со резултат 35:29. Во првото коло, Хрватите ја победија Грузија со „тесен“ резултат од 32:29, додека Холандија беше поразена од Шведска. Беше јасно дека овој дуел може да одлучи кој […]

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето


Цирих – Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска. Македонската репрезентација остана на истата позиција како и на претходното рангирање со идентичен број на бодови – 1378.57. Шпанија е сè уште на врвот, пред Аргентина и Франција. Топ 10 ранкинг на ФИФА: 1 Шпанија 1877,18 2 Аргентина 1873,33 […]

Ѓоковиќ стартуваше со победа и испиша историја на Австралија Опен


Мелбурн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3:0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.). За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100. победа на Австралија Опен во кариерата. „Што да кажам, ми се допаѓа […]

Роналдо го доби судскиот спор со Јувентус вреден 9,8 милиони евра


Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби правната битка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да ги задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплати за заостанати плати, јавија денеска италијанските медиуми. Роналдо се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година поведе арбитражна […]

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал


 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го осуди однесувањето на репрезентативците на Сенегал, кои во неделата во финалето на Африканскиот куп на нации против домаќинот Мароко привремено го напуштија теренот во Рабат, незадоволни од судиските одлуки. Мароко доби пенал во судиското продолжение на второто полувреме по сугестија од ВАР собата, кратко време откако на Сенегал му […]

Каратистите на „Макпетрол“ освоија четири медали на Гран При Риека


Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол“ на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови.   Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, […]

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација


Хернинг – Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, […]

Данска убедлива против Романија, Словенија со пресврт до победа


Хернинг – Ракометарите на Данска ја остварија втората победа на Европското првенство откако синоќа ја надиграа Романија и ја совладаа со 39:24. До втор триумф стигна и селекцијата на Словенија, која и покрај негативата од девет разлика на почетокот на вториот дел ја совлада Швајцарија со 38:35. Резултати на вчерашните натпревари: Македонија – Португалија 29:29; […]

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула


Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат. Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра. Речиси е неверојатно што се случуваше […]

Лазаров: Да не беа повредите сигурен сум дека ќе ги победевме Португалците


По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Ова се математиките за пласман на македонските ракометари во второто коло


Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата.  Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот […]

Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи


Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. –  Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и […]