Гатузо во Милан до 2021 година, ќе заработува два милиона евра по сезона


Џенаро Гатузо и официјално го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Милан. Според новиот договор, кој беше подолг период најавуван, Гатузо ќе заработува два милиона евра по сезона и ќе остане на „Сан Сиро“ до 2021 година. –  Благодарам за довербата да бидам тренер на славен клуб како Милан. Се надевам дека набрзо ќе го вратиме на посакуваното ниво, истакна Гатузо. Тој на […]

Едно лице тешко повредено во тепачка меѓу навивачите на Звезда и Партизан


Меѓу навивачите на Црвена звезда и Партизан денеска изби тепачка во близина на белградската населба Аутокоманда пред натпреварите против Земун, односно Борец. Околу 16 часот, еден час пред почетокот на натпреварите, во тепачката меѓу навивачите на белградските фудбалски клубови еден заврши во болница со тешки повреди. Навивачот имал видливи исеченици на рацете и стомакот од голем […]

Иранската телевизија го цензурираше логото на Рома


Иранската национална телевизија го цензурираше логото на италијанскиот фудбалски клуб Рома при преносот на натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) против Барселона. Иранскиот канал замати дел од грбот на римскиот клуб, односно не се гледаа градите на волчицата која ги храни Ромул и Рем, според легендата за основачите на градот. Претставниците на […]

Ди Франческо: Барселона е добра, но некои одлуки на судиите биле на штета Рома


Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, по поразот од Барселона нагласи дека не се сомнева во неспорниот квалитет на противничкиот тим, но дека некои одлуки на судиите биле на штета на неговиот тим. Според него, судиите ја оштетиле Рома за два пенала. – Даниел де Роси направи грешка што може секому да му се случи, исто […]

Дејвис куп: Македонија ја совлада Албанија


Македонската тениска репрезентација оствари максимална победа од 3:0 против Албанија на турнирот во Пловдив во рамките на Дејвис купот. Стефан Мицов и Ѓорѓи Јанкуловски во двојки убедливо ги совладаа Генајд Шипеја и Елби Мештри со 2:0 во сетови (6:2, 6:2). Претходно, првите два поени за Македонија ги донесоа Горазд Србљак и Димитар Грабул. Србљак без […]

И Стоилов нема да настапи на контролниот натпревар против Русија


Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија. Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици. Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во […]

Емре Џан го избра Јувентус


Фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан одлучи да ја продолжи својата фудбалска кариера во италијанскиот шампион Јувентус. Оваа вест ја објави „Мирор“, а е добиена од близок пријател на Сами Кедира, тимскиот колега на Џанг од германскиот национален тим. Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Ливерпул како слободен агент по крајот на сезоната, […]

ФФМ донираше опрема на женски клубови


Фудбалската федерација на Македонија во насока на развој на женскиот фудбал донираше опрема на 42 клуба од Првата лига и регионите во државата. Одлуката за донација за поздравија екипите и ја оценија како позитивен чекор, исто како и реактивирањето на женската репрезентација. – Многу важен проектот за развој на младинскиот фудбал во женска категорија, ќе […]

Интер го одалечи Милан од Лигата на шампионите


Милан речиси сигурно нема да може да се врати во Лигата на шампионите во текот на летото. „Росонерите“ одиграа 0:0 со Интер во реприза на „Дерби дела Мадонина“ од 27-то коло од Серија А. Ремито ги остави „црвено-црните“ на осум поени од нивниот вечен ривал, кој го зазема последното четврто место, кое носи пласман во […]

Борко Ристовски се сели во Бенфика


Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски ќе биде нов член на Бенфика, објави португалскиот медиум „О’Жого“. Ристовски е двократен шампион на Шпанија со екипата на Барселона, а претходно настапуваше и за Рајн Некар Левен, со кого исто има шампионска титула во Германија, како и за Кретил, Гумерсбах, Вардар, Металург. Минатата година голот на […]

Бејл ја игра последната сезона во Реал Мадрид


Герет Бејл нема да продолжи да настапува за Реал Мадрид. Пресудата за напаѓачот е донесена, пишува шпанското издание „АС“. Според информациите, последниот натпревар меѓу кралскиот клуб и Јувентус од четвртфиналето на Лигата на шампионите (3:0) јасно покажал како ќе се развиваат односите меѓу двете страни по крајот на сезоната. Изданието тврди дека речиси сигурно напаѓачот […]

Оливер Кан кон Баерн: Земете го Зидан за тренер


Легендарниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан му препорача на раководството на клубот да се обиде да го привлече тренерот на Реал Мадрид – Зинедин Зидан, за наследник на Јуп Хајнкес, кој се повлекува по крајот на сезоната. – Несомнено, Зинедин Зидан е опција. Тој е исклучителен. Зидан може да раководи со тим од големи […]

Венгер: Арсенал излезе од криза, сакаме да ја освоиме Лига Европа


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека неговиот тим веќе не е во криза откако „топџиите“ ги освоија последните четири натпревари на сите турнири. И додека тимот од Лондон може да заборави за пласман во топ 4 во Премиер лигата и учество во Лигата на Шампионите следната година преку првенството, тогаш освојувањето на Лига Европа […]

Маркизио верува во чудо против Реал Мадрид


Фудбалерот на Јувентус Клаудио Маркизио изрази оптимизам дека неговиот тим може да ја надополни негативата од три погодоци во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Доцна синоќа „бјанконерите“ загубија со 3:0 од „белите“, откога Кристијано Роналдо постигна два гола, а Марсело еден. Маркизио не учествуваше во натпреварот и […]

Почина легендата на Челзи, Реј Вилкинс


Англиската фудбалска легенда Реј Вилкинс денеска почина во болница. Тој доби срцев удар пред пет дена и оттогаш беше во кома. Шеесет и едно-годишниот поранешен играч и помошник на Луис Фелипе Сколари, Гус Хидинк и Карло Анчелоти во Челзи доживеа срцев удар во својата куќа, по што беше префрлен во болница. Вилкинс ја започна својата […]

Ѓоковиќ се раздели со тренерот Штепанек


Само неколку дена по заминувањето на Андре Агаси, Новак Ѓоковиќ ја раскина соработката и со другиот тренер, Радек Штепанек. – По турнирот во Мајами, Новак Ѓоковиќ и Радек Степанек решија да стават крај на заедничката работа, стои во соопштение на официјалниот сајт на српската тениска ѕвезда. Минатиот јули Ѓоковиќ доби повреда на лактот во четвртфиналето […]

Робен: Бев подготвен да одам во Манчестер Јунајтед


Ариен Робен откри дека бил подготвен да премине во Манчестер Јунајтед во 2004-та година, но никогаш не добил официјален предлог за тоа. Во тоа време, кога имал 19 години, Холанѓанецот патувал за средба со Сер Алекс Фергусон во базата на „црвените ѓаволи“ во Карингтон. Се минало добро и Робен се вратил во Ајндховен верувајќи дека […]

Ливерпул лани платил 26,8 милиони фунти за услуги на фудбалски агенти


Клубовите од Англиската Премиер лига минатата година платиле рекордни 211 милиони фунти за фудбалски трансфери. Износот е 37 милиони фунти повисок отколку во 2016 година, според извештајот објавен од англиската фудбалска асоцијација. Ливерпул, пак, има дадено најмногу за трошоци на агенти – 26,8 милиони фунти за периодот од 1 февруари 2017 до 31 јануари 2018 […]

Дел Пјеро сака да стане тренер


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, се уште не донел конечна одлука за неговата идна професија, призна дека позицијата на тренерот му изгледа примамливо. – Не сум одлучил што ќе работам во иднина. Сепак, тренерската професија станува се повеќе и повеќе интересна, со оглед на тоа што многу играчи од мојата генерација се тренери, […]

Роналдо му донесе голема победа на Реал Мадрид во Торино


Реал Мадрид со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Јувентус, во првиот 1/4-финален дуел во најпрестижниот европски клупски турнир. Кристијано Роналдо му донесе предност на својот тим во третата минута по асистенција на Иско. Во 64-тата минута, Португалецот го направи резултатот 0:2 со вистинско ремек дело – маестрални ножички. Во 72-та минута, Марсело Марсело постигна гол за […]